Јас средив за во центар за од септември догодина до тогаш ќе ја чувам малку да пркне , тука на две три места се јавивме за врски, сите рекоа фул е и овој господинов е со избори, клупи смени во паркче и се фали. А за градинки нема. Види за центар ако можеш нема толку гужва. Кај сестрами што е внукава се 15 деца. 7 идат во градинка поредовно све болни се сироти.
Центар ако најдам работа таму да. Во спротивно, треба да идам да ја носам до таму, па назад во Ѓорче на работа и после обратно, до центар да ја земем по најголемата гужва и ќе стигам во 5 ч таму. Ај и така до нареден септември бабиве рекоа ќе ја чуваат, а во случај ако нешто се јават, ќе ја пуштам порано
Некој да сподели искуство со грасинка Кокиче во кисела вода,додека не се отвори новиот дел Верверичка изреновирано е
Јасли и големо јасли до 20 максимум ама никогаш не одат сите. Големите групи 30. После 4 ги спојуваат сите јасли заедно.
Ќерката на 2 години беа 20, до 3 години станаа 30. Инаку да, после 4 сите ги спојуваат. Градинката има 3 дела, јаслен дел со помали дечиња, јасли 1, големо јасли и две прва мала група, сите се на куп после 4. Другиот дел е стариот дел каде што има групи од 2 до 3, 3 до 4 години и една група 4 до 5, и тој дел сите се на куп после 4. Во третиот, нов дел, се 4 групи исто, едната е од 3 до 4 години, другите три 4 до 5 и 5 до 6 години, и од тој дел се сите на куп после 4.
Мојата беше во 13 ноември позади Песталоци. Јас лично бев задоволна. Ама не знам кој има земено група сега.
Јас со првото во Мајчин објект пре, презадоволна. Многу супер негувателки, уште од прв ден ми кажаа доколку не плаче да не ја зимам порано, односно процес на адаптација според детето да биде, а не 2-3-5 недели. (Ова пред 3 години) Сепак и од детето зависи, дали дека мојата без проблем седеше со непознати и не плачеше воопшто, па толку добро поминав. Сега и второто после празниците треба да ми почне, па ќе видам дали е до градинката и негувателки или сепак до детето Е проблем имав со спиењето, не сакаше да спие до година и некој месец, а од 8 почна. Ептен нагло дека и се поремети редот, од бебе на кое во 9 му беше прва дремка таму во 12
Ние ќе сме кај парк, ама сепак ми олеснува што читам вакви зборови Исто на 9м трга за некоја недела со дремки во 9 сабајле па накај 12-1 ама ајде ќе видиме како ќе биде.
Здраво успеавме да се запишеме во Весели цветови објект Синоличка. Дали има некоја мајка таму што оди детето, да ми каже како сте задоволни? Највеќе ми е воспитачките дали се ок? Нареден понеделник почнуваме, ништо не знам, многу страв ме фаќа, 8 ипол месеци ќе има. Може и приватна порака да ми пишете. Благодарам
Со среќа и со лесно да не те плашам ние идевме од март до јули и не држеа мах 2ипол часа .. и заби покажав и се и џабе за на крај да морам поради работата што толку период идев меѓу смена да морам мајка ми да даде отказ и да ја чува она .. да ти напоменам ние имавме неполни 9мес и идевме до 1год кога направи
Спремна сум дека ќе влечат адаптација. Ама ако претераат, ќе ги посети врскава, па ќе видиме дали е до детето или до нив. Наредна недела мм вика да почнел да ја носи, па ќе видиме како ќе биде.