Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    27.168
    Пол:
    Женски
    Они може да те влечат. Ако вака си е детето како што пишуваш, кажи им ти ај да пробаме да ја оставиме повеќе.
    Вака да се прилагодува и мојава , како твоево дете, јас ќе бидам ептен среќна.
    Ама ќе видиме што ќе биде.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.190
    Допаѓања:
    7.374
    за Ѓорче ти потврдувам, хаос е, големата кога имаше еден месец поднесовме, само шо извадивме извод, немаше кој да ја чува, а на 9 месеци морав да се вратам на работа, 500 луѓе потегнав и џабе, пак не ја примија, на крај ја запишав во Центар, дури откако тргна таму ми се јавија дека е примена и во Ѓорче, на крај не знаев точно кој ургирал :drunk: ја оставив во Центар
     
  3. MamaZen

    MamaZen Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    бебето ќе нема кој да го чува по истекот на породилното, па сум во дилема дали градинка од неполни 9 месеци или да барам некоја жена за чување. Ве молам да споделите искуство со приватни градинки, дали пристапот им е инвидуален според возраста на детето (дремки, исхрана) или го тераат редот според мнозинството, пример 12-13 месечни бебиња? Конкретно пример за дремките, знам дека во државните градинки тераат една дремка и за помали бебиња (евентуално со power nap од 15-20минути) што е сулудо бидејќи многу бебиња не се спремни до 1+ година. За исхраната знаеме веќе каква е… па ме интересира како функционира ова во приватните градинки?
     
    Последна измена: 18 јануари 2026
    На Трагедијаупмм и Maria921 им се допаѓа ова.
  4. Mammamia16

    Mammamia16 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2025
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво, за скоро треба да почнеме во градинка, бебе ќе биде 8 ипол месеци. Можете ли да ми кажете искуство за градинката Ѕвездички во Карпош? Многу ми е страв, бидејќи е многу мало, но морам да се вратам на работа. Какви се условите таму, дали сте задоволни? Како оди процесот на адаптација? За секој совет и информација ќе бидам благодарна.
     
  5. Esperanza

    Esperanza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    26
    Како сте се справиле со страв/ анксиозност што бебе 9м треба да почне во јасли? Како сте го надминале овој проблем? Станувам и легнувам буквално со тресење. Само тука ми се мислите не можам да се фокусирам на ништо друго. Како ќе се адаптира, дали ќе се навикне, што ако се разболи одма, како ќе менаџирам работа и бебе. Уште од 4 месеци кога беше има кратки дремки но ноќта ја преспива еве така тераме. Што ако не им спие таму па се јавуваат да ја земаме, како ќе излегувам од работа, кој ќе го чува тука дома ако не даваат од работа да излегувам. Страшно ми е во главава, ве молам за помош / совет. Сами сме тука со сопругот, по потреба би дошла свекрва ми од друг град но и со тоа јас имам проблем. Ако пример е болно, како друг да го чува за јас да работам?! Што ако се навикне после со баба па неќе со мене да седи? Смените ми се ужасни, како ќе се организираме со носење / земање? Ова се само мал дел од мисливе... Ми се плаче постојано ! Немам мир значи. Ве молам за совет
     
    На mari30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    27.168
    Пол:
    Женски
    Дали на 9м, дали на година или покасно, тој страв ќе си го имаш.
    Ако не спие, ќе занимаваат дете. Имам комшиски деца кои знаат да не спијат, па не се јавуваат за зимање. Си ги занимаваат. Еднаш/два пати ќе ти се јават, ама ќе кажеш дека си на работа.
    Мојава е дома сега, болна е. Седи со мајка ми. И штом ме види е лепенка за мене. Таман работа дека ако некој друг чува дете, дека нема да сака детето со мајката.
    И еве ме на работа, а други ја чуваат кога е болна. Друг избор немам.
     
    На Anaroz1 и Esperanza им се допаѓа ова.
  7. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    860
    Вака значи, сите сме имале стравови при пуштање на бебе во јасли ама мораш да се смириш, затоа што детето ќе го чувствува твојот страв и несигурност и може само повеќе да му отежнуваш.
    Ќе се навикне, исто како и сите дечиња. Исто така, ќе се разболува многу првиот период затоа што доаѓа во контакт со многу нови бактерии и вируси. За спиење и јадење ќе си се снајдат учителките, верувај. Во однос на излегувањето од работа, ќе им кажеш на учителките дека мора да се снајдат и да не ти се јавуваат доколку не е нешто итно нели, така побрзо ќе го адаптираат детето отколку ако ти се јавуваат на секое да го земаш за разни причини.
    Ако детето е болно, ќе си отвориш боледување за нега на дете до 3 години, тоа е на товар на ФЗОМ и нема работодавачот ништо да плаќа.
    Доколку можете, почнете ја адаптацијата барем еден месец пред да треба да почнете со работа, за да има време и детето да се привикне, а и вие. Со среќа.
     
    На Anaroz1, Esperanza и mari30 им се допаѓа ова.
  8. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.190
    Допаѓања:
    7.374
    како и се друго и тоа е пролазно, ние кога требаше да ја пуштиме маж ми ми викаше како ќе го оставиме бебето така со други луѓе, дај отказ, чувај ја ти :drunk: не ми беше сеедно нормално, но отказ не ми беше опција, не е лесно, особено на почетокот, сигурно ќе се разболува, мојата многу се разболуваше како и сите деца, многу ми беше стресно, јас идев по други градови, она дома кој стигне ја чуваше, на два саати се мењаа, свекрва ми, братучетки, золви сите цел фамија се извртевме, ама пројде и тоа, кога и да го пуштиш стресно ќе ти биде и тој период мора да се пројде, сега имам бебе што пак ќе почне мало, пак сум под стрес, особено кога знам што ме чека, ама знам и дека е само период, како и секој друг, ќе помине. за излегување од работа мој совет ти е од почеток да си наметнеш став, јас така си се поставив и ако мо веруваш во 3 ипол години 2 пати ми се јавиле само, пошо била со висока температура, имало периоди и кога не спиела, се снаоѓаат они не се секирај, други се децата таму, дома може да не спие, таму ќе спие. јас сум презадоволна од градинката.
     
    На Esperanza и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    18.355
    Пол:
    Женски
    Мајка моето на 8 месеци ќе почне во градинка, само што ќе направи 8, мислам срцево ми се кине кога ќе помислам.
    Се трудам да не размислувам за тоа што и како ќе биде, кога ќе дојде моментот ќе се бара решение, ако не сака да седи, се разболе, не сакам да се оптоварувам со што би било, кога би било, нема потреба од дополнителни стресови.
    Кај мене искрено не знам како ќе биде,не се заигрува сама со играчки никако, во креветче 10 мин максимум ако поседи, во релаксатор, на подлога, се по 10 минути и одма плаче бара во раце и сака некој да ја игра, да и зборува, не е плачливо бебе но сака 100% да и е посветено внимание. На почетокот сигурно ќе се разболува, тоа е очекувано.
     
    На Esperanza и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.895
    Допаѓања:
    10.593
    На 8 месеци почна ќерка ми во градинка. Од мое искуство, постресно и пострашно ни е нам родителите, отколку на нив. Првиот ден беше два часа, вториот ден беше 4 часа и спиеше таму веќе вториот ден. Насмеана и среќна беше уште од прв ден.
    А јас? Првиот ден чекав пред градинката со маж ми и плачев. Вториот ден ми рекоа да си одам дома, дека повеќе време ќе седи. Си отидовме и дома пак плачев. :D Викав како сега јас дома, таа на градинка сама. Третиот ден цел ден веќе беше во градинка.
    Мене искрено ми требаа две недели некако да го прифатам фактот. Ама најнајискрено, за нив е многу убаво во градинка.
    И јас и маж ми сме сами иначе, единствената баба во која имаме доверба (мајка ми) оди на работа, и ја немаме ниту таа опција да ја викнеме на ден-два доколку е кнап за да ја причува. Сами сме од прв ден, веќе година време. Искрено, не мисли што како. Кога доаѓа потреба, за се' ќе се најде решение. Некогаш ти, некогаш маж ти ќе мора да излезе од работа. Ако имате опција за работа од дома, или флексибилно работно време би било супер. Или ако ти заостане работа, да можеш да сработиш кога ќе заспие детето.
    Јас обично сум заостаната со работа во деновите кога не оди на градинка, бидејќи сум пофлексибилна од маж ми со работа. И заглавувам од 9 до кај 2-3 навечер на компјутер, и сум хронично ненаспана. :D Насабајле маж ми ја превзема, јас да отспијам колку-толку. :) Хаос, п*чке, лудила. :D

    Само не покажувај негативни емоции пред детето, ќе осети. :) Тоа може да влијае. Колку и да си загрижена, тажна, ти се плачи - тоа само пред маж ти, не и пред детето. Ама верувај, секој период колку и да е тежок во моментот, поминува. :l:
     
    На Esperanza, dummy и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  11. Niliya07

    Niliya07 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    И моето на 8 месеци ќе почне во градинка и ми се плачи дека ќе го оставам ама морам на работа да почнам. Позитивно е што имам флексибилно работно време и од дома ќе можам да работам. Жал ми е дека толку малечко ќе го оставам ама понатаму сигурно ќе му биде поинтересно да си игра со дечиња на негова возраст отколку да седи дома со баба или дедо.

    Од градинката ми рекоја дека ќе морам да почнам да му давам кравјо млеко бидејќи секоја храна била со млеко приготвувана, јас ќе прашам мислење од педијатар секако, ама од кога сте вовеле млеко и кое конкретно? Моето има 6+++ месеци и сме моментално на формула и еден оброк.
     
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.190
    Допаѓања:
    7.374
    алпско и воведов пред да тргне во градинка, во каша и ставив, на 8 месеци
     
    На Niliya07 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    27.168
    Пол:
    Женски
    Алпско за каши. И само и за тоа го користам. И нема што посебно млеко да воведеш, ако си вовела млечни продукти во оброци.
    И мислење од педијатар незз какво ќе побараш, кога во градинка со тетрапак прават каши и изборот е тој. Освен ако има алергија детето на млечни производи.
     
    На Niliya07 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.190
    Допаѓања:
    7.374
    @Niliya07 јас и го воведов така и дома и правев каши исто со тетрапак, а до година ја доев, после до две години пиеше ад, намерно и дадов пред да тргне во градинка, ама имаше и работи шо и немав дадено таму ги проба прв пат, зелка, гравче, тоа дома не успеав да воведам пред 8 месеци во градинка прв пат и дадоа
     
    На Niliya07 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Niliya07

    Niliya07 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    И јас нема да имам време се да му дадам да проба :/ Доста вкусови има на листата што ми ја даде педијатар а ми рече три дена нов вкус да давам, можеби ќе намалам на два дена инаку ништо не правам :whew:
     
  16. Niliya07

    Niliya07 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Уште немам дадено млечен производ, ама ќе почнам сега па ќе видиме како ќе биде. Малце така ми е педијатарот, ми спомна дека не треба кравјо до годинка ама немам избор :(
     
  17. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.190
    Допаѓања:
    7.374
    јас воведував по еден ден се, особено тие првите, единствено со големата шо воведував неколку дена беше јајце, сега за малово исто по еден ден
     
    На Niliya07 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    27.168
    Пол:
    Женски
    Па како ќе дадеш јогурт, грчки, кисело млеко? Тоа е се кравјо.
    Ти нема да даваш да пие. Во каша да проба, да е спремно за во градинка за оброците.
     
    На Niliya07 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    9.254
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа битно е цело јајце да има пробано оти во супата ставаат јајце. За друго не ми дадоа посебни назнаки.
     
    На Niliya07 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    3.063
    Пол:
    Женски
    Можеби сакал да ти каже да не даваш кравјо за пиеше во замена за оброк, тоа не се препорачува, инаку секое млечно е со кравјо така што секако ќе си воведеш :)
     
    На Niliya07 му/ѝ се допаѓа ова.