Ви благодарам на сите премногу, ми се плаче кај што ве читам Не очекував на ваков начин да ме смени мајчинството, мислев дека ќе бидам појака за некои работи ама тоа е. Што се мора се мора
Почнав да ја носам малата... ај што се разболе ок ,поминавме со инхалации не беше цела недела. Вчера размислував дали да ја онасм викам ај уште еден ден нека седи кога воспитувачката пишување дека едно здраво дете не е сите болни вие се жалите а болни ги праќате. Па и за пелени пред да ги носат дека треба да им сменат пишуваше предупредување Нејсе ,денес ја однесов пошо како и да е треба да се враќам на работа. И таа и онака слабо јаде ама и таму не им јадела и одма воспитувачката одбивај ја... како да ја одбивам кога на цицање живее детево ? Давате ли нешто за апетит не знам веќе што да правам
Колку часа седи во градинка сега? Седи цело време гладничка не им кенка? Нема да ја одбиеш, какво одбивање. Ќе се бараат солуции потечна храна ќе се менуваат вкусови и ќе почне
3 часа беше денес, ама последно имаше цицано пред негде 1 час пред да ја носам може и повеќе. Расплакана беше кога ја земав ни сок ли чај не знам што и ставиле не испила. Многу ми е нервозна душава. Кога ја земав беше расплакана
Злато мило, гладна е ама од револт не сака да јаде ништо плус сигурно немаат друга искуствена опција освен безвезниот совет одбиј ја? Еден куп деца им поминуваат годишно сигурно имаат и други примери да споделат искуства да те спојат со мајки кои поминале ни ова во државна или во приватна ја запиша?
Државна ,да ти пратам шо напишала во група и сите срцка и ставиле ќе се онесвестиш. Како во логор да ја праќам се осеќамж Државна,таму одеше и големата ама немаше вакви циркузи. Иако и таа на почеток јадеше сув леб...
Срамотилаци, јас би го дигнала проблемот на ниво повисоко, главна воспитувачка па и до директор. За бебе од 9месеци што прв пат се одвојува од мајка и има реален проблем со исхрана се работи не е 3годишно па ајде да се молиме дека е под стрес што почнува во градинка или пребира. Едноставно јас би одбрала да бидам гласна за моето дете, да дадам отказ зошто нив им е тешко да обележат едно шише со млекце во денот и да го стават позади во фрижидер?! Срамота!
Премногу е стварно 33 деца еј и тоа до 2 години испомешани едните не ни лазат другите зборт и одат катастрофа. Што да ти пишам драга, да смогнеш сили, да пробаш уште некој ден да видиш како ќе тера. Да побараш асален оброк да и се понуди да се поанимира кога ќе седнат да ја наранат а не само два обида и да ја станат пошто другарка ми кажуваше дека ич не им е гајле и не се трудат да пробуваат и да нудат повеќе пати. И на другарка ми малиот лани нешто слично правеше ама он дома јадеше колку толку а протестираше во градинка. Упорна беше другарка ми зошто нема ни мајка ни свекрва и мораше да издржи колку се сеќавам двњ недели се мачеа и на крај почна со децата да го седнуваат како во групи на масички и да ги ранат заедно и почна
Моето е трет месец ако не и фазла 99% на АД. Давам на Провен мултивитаминот но залудно е од аспект да пројади храна. Му излегуваат 4ките сите во исто време сега, претходно излегуваа двојки и не јадеше па од нив. Не и ускратувај млекце никако, ако си напредува во раст, не паѓа на тежина и да е само со млеко океј е. Млекото само се модифицира спрема потреби на бебе, чим ја заситува, доволно и е. Премоли ги во градинка да прифатат шишиња млеко, не може да го остават кутричкото без ништо цел ден. Ќе пројадат еден ден
Тоа сакав да речам ами тие на АД што се и не јадат цврста храна, од ад ли да ги одбијат им бараат ? Ќе видиме како ќе биде спак ова е прв ден ама многу ме напнаа шо вика мм глупости од еден ден не може да кажат.
Не знам как вас, кај нас во градината имаше на располагање Ад колку што сакаат. Само Аптамил мислам беше или опција да си носиш од дома ама даваа секако. Сме немале мака со јадење, не можам да те советувам ама 33 деца се стварно премногу. 2 негователки се само? Во градов група јасли, повеќе од 15 не запишуваат. Кога ќе земиш настинки, отсуства повеќе од 10-11 немав кај ќерка зачекано. Инаку соработка од воспитувачките во сите овие години не очекувам баш ич. Имавме ситуација да треба 5-10 минути плус да се посветат на детето и тоа во поголема група, така "културно" бевме одбиени со зборовите ќе си плаќате приватна дадилка или ќе си седнете дома ако треба тоа и тоа да се прави. Едит: да се надополнам. Неколку пати имаа дозволено и каша да се носи за најмалите ама исклучиво купечка. Домашни работи без состојки, без декларација никако.
И ние почнуваме во градинка за 2 недели..и..многу ми е тешко ...дека ќе се одвојам од ќерка ми..емотивно ми е сево ова ..треба да однесам документи и да се договориме кога и како почнуваме со адаптација...мала е групата 12 деца државна градинка во Општина Центар па ќе видиме како ќе тераме..тука сме се читаме.Имајте убава врнежлива среда