За колку време од прилика ви ги носат пратките? Во последно време, од каде и да нарачам, стига многу покасно од вообичаено. Не знам до што е.
Брза Пратка, најдоле во една од уличките карши Веро. Само не знам дали работи, пред околу месец дена бев, затворени беа од УЈП. Се надевам отвориле, коректни се и брзи со доставата.
Дали некогаш Карго Експрес централа креваат на телефон? Има ли некој искуство со жалба? Секој пат кога ми стигнува нарачка преку нив (и тоа единствено оти се погодува фирмата со нив да соработува, јас веќе неголемо ги заобиколувам нив) - ме крадат. Еве денес ме украдоа, ама не видов на време и, кога се јавив, дадоа оправдување кое се потврди дека не е точно, ама џабе. Има ли кај нас нешто, функционира ли, или кој што сака може да си прави? Па они дневно колку пратки имаат, од сите да крадат вака, си тераат одмори, прошетки и слично. Како бре не им е срам???
Не креваат. Ако се работи за кражба, со доказ, директно пријава во најблиска полициска станица и агенција за пошти!
Карго Експрес во сите градови се катастрофа затоа што не креваат на телефон и се дрски со сите клиенти. Имаат премногу муштерии и воопшто не се замараат. Искрено, до сега за исплата на откупнина секогаш биле фер со мене.
Никад не биле фер со мене и, и покрај тоа што по природа не мразам луѓе - овие ги заобиколувам оти просто не ми се верува какви се. Не знам шо (не)човек треба да си, за да правиш такви ствари. Значи пратки за кои е платена достава до адреса, не ти ги донасаат дома. Зошто? Кај одат тие пари? Зошто да не платам помалку, кога веќе одам во нивната база? Ама они се као: да ти го донесеме или ќе дојдеш да си го земеш? Не, ќе дојдам јас, а парите за вас, супер сте, фала, чао. Па што ме прашуваш, алоооо. Платено е за до адреса - донеси го на адреса. Разбирам, некад може да се деси исклучок. Ама ова е тотално дрско и нечовечно.
И најскапа достава имаат Карго Експрес. Вчера преку нив пратив пратка, бидејќи така ми побараа и ми зедоа 230 ден за достава. А и Еко Логистик се катастрофа. Пратам пратка па молам 10 дена да ја достават.
А што праиме со тоа шо на унапред платена достава онлајн, ти наплакаат пак при достава со објаснување дека тоа е наплатата за царина. Се работи за пратка од Али Експрес
Карго експрес не може уште да достави пратка од 11.03... И нема некоја карго компанија која е да речеш сигурна. Ај не мора следен ден да ја донесат, ама бар за 2 дена. Срамота, срамота.. Многу сум нервозна