Според новиот закон, на сите пратки од алиекспрес (и други страни) сега се плаќа ДДВ а на некои и царина плус.
Дали и на некој друг му каснат пратки од ЕЛС? Веќе скоро недела дена помина од нарачкава, испратена е до нив за да ми се достави и уште ништо нема. Значи не е до испраќачот, до ЕЛС е. Не знам што е проблемот, до сега не сум имала лошо искуство со нив. Секогаш на време ми ги носеле сите пратки, од каде и да сум нарачала.
На линкот за следење на нарачката што кажува? Каде точно се наоѓа? Обично има и телефонски броеви наведено, јави се.
Нарачкава е од Еликсир парфимерија, освен потврда на мејл дека ја примиле нарачката друго нема. Им пишав, ми рекоа дека ја испратиле на ЕЛС да ми ја достави. Од каргово не можам да ги добијам, не знам што е работава. Да разберам да е нарачка од странство, ама ова од еден до друг крај на Скопје... една недела чекање е премногу.
Чудно, досега кога ми праќале по ЕЛС, секогаш имало можност за следење на пратката. Јави им се на еликсир и објасни им ја ситуацијата, некако да проверат или да ти дадат инфо ти да провериш.
P.S. Да се надополнам, завчера направив нарачка од една веб страна, преку ЕЛС ми пратија, си следев пратка и еве само што ми ја донесоа.