Здраво, дали некаде има карго во близина на ТЦ Буњаковец? Имам патики за враќање во Спорт М бидејќи ми се малечки....
Јави се во било која компанија,ќе дојдат ќе ја подигнат пратката и ќе им ја достават.Само имај на ум дека пратката треба да биде во оргиналното пакување и треба да им пратиш маил со број на трансакциска сметка. https://www.sport-m.com.mk/Home/VrakjanjeProizvodRefundacija
Навистина срамота за ЕКО ЛОГИСТИК, пратка што испратена препорачана и мора да се потпишам за да ја превземам ја оставиле кај комшиите, ни ме побараа ни ништо само фино лепо си ја оставиле во првата куќа на улицата да не се мачат неколку куќи подолу. ДНО
Zdravo devojki od koe kargo ste zadovolni za isprakjanje i koe gi nosi za den dva i za vrakanje otkup da ne se ceka mnogu ?i sto gi zima proizvodite od vrata
Никогаш не сум чекал досега од нив, за разлика од други кои знаеле да каснат со доставата на пратката.
И јас не би ги препорачала карго експрес во ниту еден случај. Ужас. Остај шо чекаш, па нема ни да ти се јават, па дреме што и да е во магацин. Па сите се толку дрски и безобразни. Катастрофа. Во Охрид одбиваат да ти донесат до врата мораш да одиш таму да си ја земеш. Јас сум задоволна од фалкон многу. И сум испраќала и ми доставувале без никаков проблем
Еко логистик ми се покажале како најдобри. Карго експрес катастрофа. Да ги молиш да ти донесат. Мора во база да одиш и полна цена како за до врата наплаќаат.
Катастрофа се еко логистик. Од 21ви ми стоеше пратката кај нив значи 6 дена,мораше мм да оде да ја земе. За никаде се
Последните неколку пати испраќам и примам пратки од Пост експрес и засега сум задоволна. За разлика од нив, кај Карго експрес ме нервира што морам од база да ја подигнам прстката по полна цена и никој не се јавува да ме извести дека има пристигнато пратка.
Нова пошта КАТАСТРОФА!! Шоферите се уфилмани дека работаат во Наса и пратките не ти ги носат до дома ако им текне и одма ги враќаат