Немам ич искуство околу ова, па некој ако се разбира да ми објасни фала однапред. Вака, јас сакам да праќам пратки и тие да си платат достава и сума за пратката колку што кошта. Како јас после од каргото тие пари ги подигам? Дали целосната сума ја земам, дали каргото единствено зема пари за доставата од луѓето што ќе си плаќаат? Исто така што ако некој откаже пратка или не ја подигне, дали јас дополнителен трошок имам за ова што не ја земале? Дали треба некој договор да правиш за да праќаш? Нема често да праќам можеби на 2 месеци неколку пратки, затоа ме интересира.
Искуство имам со неколку пошти. Секоја има различна постапка ама сегде се скоро исти. Назад ти ги добиваш парите колку што ти е вредноста на пратката. Ништо плус и минус. Каргото ги зима само парите што ги наплатиле за услугата/поштаринага. Скоро сите ти ги носат на адреса или ако сакаш сама одеш си зимаш. Вратени пратки кои не се доставиле негде ти ги наплаќаат, некаде не. Последно сум во ВиаПост и таму одбиени не се наплаќаат, ниту замените. И договор скоро па никој не прави. Но, да знаеш ако не ти е соодветно спакувана ( кршливо на пример) не очекувај дека ќе ти платат, ретко кој го прави тоа. Секогаш гледај да ти биде спакувано убаво пратката, секој ќе биде мирен и нема да се потресува. Се надевам ти помогнав.
Аха, значи можам кога сакам да им праќам, не сум обврзана на ништо, парите одма ми ги доставуваат они после. А, за пакувањето исто не знаев. Дали мора да се кутии некакви посебни нешто или може во украсни ќеси? Како иде тоа. Стварно не сум упатена, се што ќе ми објасниш ми е плус.
Ме интересира уште ова. За тоа мерењето, задолжително е? Како да мерам колкава тежина се, немам таква вага?
Ти го земаш износот од откупот каргото износот за каргото. Можеш кога сакаш да праќаш амбалажата да биде добро завиткана можеш во било што хартија најлонска кеса. За мерење мерат во кагото каде испраќаш и ќе наведеш ако е кршливо.
ми скршија екран, а пишуваше КРШЛИВО! ама јасно ми е кога ги гледам како ги фрлаат пратките. Ми наплатија за до врата, а ми рекоа дојди земи си го од база оти немаме шофери, а пари не враќаме, па си платив фино такси 150 ден. до таму и назад
Еко логистик почнале да наплаќаат 120 ден од база до база, нели е тоа многу? Или сегде е поскапено, знам дека последно беше со овие друго 70, а до врата 130
Да не има некој бр од Нова Пошта? Тие што ги најдов на нет се недостапни. Или ако има др карго од кое сте задоволни за праќање документи пишете.