И јас сум незадоволна од Карго Експрес, дрски, нељубезни и не вршат достава до дома, а истата е наплатена.
Ова не го разбирам, а слушам многумина се жалат дека некои карга не доставуваат до дома туку сам треба да си ја подигнеш пратката од база. Како може така да прават бе? Па и уште наплаќале како да е до адреса доставено.Идиоти. Треба да се жалите за ова, не е во ред.
До сега лично не сум имала проблем ни со карго експрес ни со еко логистик, сѐ доставувале до адреса. Е сега единствена замерка до карго експрес е што се јавуваат минута пред да стигнат и курирот не е трпелив ни 3 минути да почека да се симнам, цело време ѕвони
Пред 2 години, заборавив кое карго беше, ама една компанија ми ги изгуби Хари Потер обетчињата. Пратени беа од некој град околу Скопје, пред 1ви јануари, чекав до 15ти, продавачот ме прашува дали сум ги земала..После им се јавивме на каргото и видовме дека ем се изгубени ем не им текнува да се јават да не известат. Штета за тој што ги правеше, баш беа преслатки, хендмејд, од полимерна глина со големи ќут очиња. Труд = пропаднат. А во пошта се толку нељубезни ако отидеш лично. 0/10.
Карго експрес вршат пратка до дома единствено ако испраќачот им плати и им даде наредба онака треба да идеш дирекно ти да си ја подигнеш Еко логистик од нив сум задоволна Еднаш порачав нешто од интернет ми ѕвонат од карго да ми ја достават пратката пред се не ми се представија од кое карго се а кога го прашав ми се развика ја уште не знам со какво право вработуваат вакви нападни
За Еко логистик имам забелешка, кога има пратка, прво ти идат на адресата па ти се јавуваат и ти кажуваат имаш пратка, ако си дома излези, пред врата сме. Е можда не можам одма да излезам. Сите други прво се јавуваат, па прашуваат дали сакам да ми ја достават на адреса или јас да ја подигнам. Притоа, од Карго експрес и од Пост експрес, ако не се јавиш, праќаат порака, што многу почитувам. Можеби во моментот не сум во можност да се јавам оти сум зафатена ама пак сум известена дека имам пратка.
Мене на пример ме нервира што ќе ми стигне порака дека пратката ќе ја достават за два работни дена и ќе планирам нешто и тие по два часа се јавуваат дека за пет минути се кај мене И ако кажам дека не сум дома, уште на висок тон се обраќаат. Ко да треба да сум на закачалка.
Еко логистик се катастрофа, ми го чита името и презимето и ми вика имаш пратка кај нас, дојди земи си ја од канцеларија. Реков не ја земам од таму платено ми е па доставете ми ја. Дрско одговараат дека после 16 ч доставуваат ама не знаат ни кога ќе дојдат ниту кој ден би ми ја донеле. Да сум била достапна на телефон.
Истиот проблем го имав со екологистик. После 13ч немале достава (а живеам у Скопје у центар, не сум на планина) а јас на работа и немам кој да ја земе. Замолив другиот ден да ја донесат пред 13ч! Не може, или денес или ја враќаме, и ми спушти телефон.
Хм, а ја пак за чудо или за среќа скоро секад одложувам достава за друг ден и тоа од различни карга и никад не ми напраиле проблем или да ми се испонашаат нешто. Зависи на шо чоек ќе налеташ, различни карактери, тоа е.
Тоа е.. им имам речено ок вратете ја. Ќе бараат оштета од вас бидејќи ќе се јавам на продавачот и ќе се жалам. Тогаш одма се менува односот и услугата.
Мојата омилена тема. Јас со доставувачи и поштари сум како псите во цртаните - ги неќам. Шо се смеат сите другарки, омилен beef му е јас и карго. Преферирано карго ми е Карго Експрес, пред се зошто не ми е далеку, во дневната рута пешачење ми е и можам да одам до база оти ако неќам нешто е контакт со доставувачи. И обично кога прам нарачка барам да е со нив. До сега само еднаш сум имала проблем, во смисла ја зеле нарачката на неќење со комбето а до база беше. Па мораше да чекам 15тина минути одма да ја вратат ко се појавив да ја барам. И на два пати не ми стигна порака ама не се водам ни по то зошто знам кога стига. Исто така ми се релативно брзи, 1 ден Скопје-Битола нарачки, 2 дена за останатите градови и си знам кога да очекувам нешто. Второ карго од кое можи сум и позадоволна од Карго Експрес е Брза Пратка. Реално само од coslovemetics ми праќаат од таму, одма чим испорачат, одма наредното утро е стигнато и пратат препораките за временска рамка за подиграње шо ми е. Башка ми е блиску, ако случајно сум излегла, на минута од дома ми е да подигнам ама пак, ако денес напрам нарачката, знам да очекувам наредно утро да е стигната. Не ми текнува кое карго ми праќаат од жирафа, ама исто, пратат временска рамка. Генерално сакам страни кај шо можам да пишам временска рамка и подобро - кога ми ја пратат таа временска рамка. Секое друго карго ми е непријатно до непријатно со слоеви на непријатно искуство. Две без база сега не ни памтам како се викаа, нон стоп прекршуваа договорено време и бараа да одам многу подалеку пеш за да не дојдат до адреса. Јас, природно, ни одам ни подигам ако ми прекршат време и максимум излегвам до раб на двор па сега како им одговара или нека донесат или ич нека не носат. Последно две недели се тегнев со Тотал Пост Лоџистик. Две недели оти тие испорачвале после ручек, а јас на работа тогаш. Пак ми прекршуваа преферирано време и јас вон то време не кревам. Ми оставаа порака на шо им враќав до кога можам. Еднаш им кренав и се договоривме и по телефон нареден ден пред еден. Во еден без 5 ми јавија. Ама ова траеше д в е недели (прво каснеа една недела, место за три дена ко шо ми беше речено, прв пат ме контактираа по 6 дена), и една цела недела како се тегневме по телефон за како после 1 не сум на адреса и нема реалност кај шо ќе бидам. И генерално ако сте бизнис и имате некој шо купва и е незадоволен од каргото со кое имате соработка - стварно можи во иднина да ве кошта пошто лично не нарачвам пак од место каде толку ме напиздва доставувачот. Од coslovemetics и zirafa50 сум задоволна иако не се Карго Експрес и зато и комотно си нарачвам. А имам многу страни шо ми се blacklisted само ради услуга/ карго иако производот е феноменален. Последен пример е слушалкиве шо нарачав и се феноменални, ама јас не би нарачала од истото место пак. Штета. П.С. Прочитав горе Екологистик и се наежив. То ко ќе ми речат дека му е карго соработка ич не нарачвам. Понестепливи и арогантни доставувачи нема.
@theowndemon а зарем испраќачот се согласува да прати по друго карго освен тоа со кое соработува по желба на купувачот? До сега никогаш не сум прашала дали може така, обично ги прашувам само со кое карго соработуваат, некогаш не ни прашувам. А и ти па шо викаш, зарем ради такви исфрустрирани доставувачи ќе прекинеш да нарачуваш од страни кои имаат одлични производи? Разбирам дека те иритираат и имаш негативни искуства ама сепак мислам дека не треба толку да им се замараш и да се оптеретуваш Спојлер тури им курот на таквите, шо ги ебеш. На крај краева небитни се они, производот ти е најбитен, ќе се трпи за лепота. Може па дека немам негативни искуства јас па вака зборам шо знам. Пишав погоре, баш нонстоп одложувам достава за наредни денови и не ми се понашаат безобразно, ниту мрчат нешто, засега. А сега, да, они ми ѕвонат кога сакаат, кога ќе ми дојде редот, не им викам од толку до толку сум слободна, него ако сум спречена да подигнам или викам у база остај ја(за тие бази што ми се локациски блиску) или пак друг ден. Ако има некој дома, тогаш супер, ќе го задолжам да ја преземе ама па и пари треба да оставам. Зошто не ја оставаш адресата од работа па таму да ти достават?
Да. Две недели се тегнев за слушалки. Не би да се тегнам наредни две недели за друго. Немам нерви да се тегнам по телефони толку време ко можам да не се тегнам. Не. О.о Пошто сум на работа. Едноставно е. Поќето кај шо прам нарачки договарам и време за достава. Од таму, нема зошто да оставам адреса од работа и да зависам со телефонот до мене на биро, а неќам да е до мене дур работам.
Ок, не се нервирај, очигледно си имаш принципи и тоа е во ред. Мене не би ми сметало тоа, но тебе да и треба да се поштува тоа. На првото прашање не ми одговори, а баш ме интересира дали може.
Не сум испраќач. Тие шо се нафатиле со Карго експрес од прва кога сум пишала дека ги преферирам - не знам дали имале соработка.
Сум немал проблем со ниту една карго компанија, а сум користел КаргоЕкспрес, Постофис и Екологистик. Екологистик секогаш ми се најавувале прво дали може да ја подигнам пратката, и потоа доаѓале. КаргоЕкспрес два пати, наместо да ми донесе пратка до дома, ми прати само СМС да ја подигнам, но, океј, лично не ми беше проблем. Постоекспрес ми се допаѓаат затоа што има можност да се отвори пратката пред да се подигне, но во тој случај нема достава до дома.