Воглавно сум задоволна од карго команиите. Се случувало и Карго и Post Express да не ми се јават за пратка, али тоа си го решија испраќачите, нив ги известив и за кратко време ми ја доставија пратката. На ECL им пишав маил на тој што им е на официјалната станица, за пола сат ми се јавија за да ми ја донесат пратката. Со Ин Пошта Радевски сум немала никаков проблем. Е сега малку е иритирачки што кога ќе ѕвонат куририте и ако не крениш во тој момент ти праќат порака да си ја подигниш од база, не можи секој да се јави одма, можат да направат неколку обиди во различно време, различен ден. Али нив им е полесно не се јавува во база, а плаќаш како да ти ја доставиле дома
Во главно со сите е проблем што се јавуваат кога се веќе пред врата и не знам како очекуваат да си дома цело време
Една недела помина откога го пишав коментаров со пофалба, и како да ги подреков. Значи ај што ја каснеа пратката, па уште земале фискалната ја скенирале на МојДДВ. Ц ц ц... 100 ден. дали ќе земат... А колку пати се случило бакшиш да им оставам.
Од година во година, се полоши стануваат КаргоЕкспрес. Пратка испратена во средата, се уште не ми е доставена, иако во четвртокот ми стигна порака дека ќе биде доставена во рок од два работни дена, но денот на стигање на пораката не се сметал, а сабота не бил работен ден. Како не е сабота работен ден кога работат и баш го видов нивното комбе како доставува! Кажуваат како им одговара.
Карго Експрес ги мразам. Првично како испраќач имав многу негативни искуства со нив, а сега како примач ништо подобро. Со Екологистик имам ок искуство. Ин пошта Радески е супер сега за сега, има некогаш проблеми ама ги решавале (за разлика од Карго Експрес)
У право си, ете мене сеа ми текна дека сум имала едно да го наречам негативно искуство со карго и тоа да од Карго Експрес. Требаше пратка да ми достават и не можев да се јавам во моментот, после се јавувам поточно порака им пишав, нити вратија нити се јавија коа пак ги барав, си ја вратиле пратката кај испраќачот и толку. Се погодил некој терсене доставувач. Иначе со ЕЛС бар до сеа неам проблем, баш се љубезни освен што на два пати фискална не ми доставуваат со пратка но можеби испраќачот не издал, не можам да знам тоа.
Карго експрес не се замараат телефон да дигнат кога некој им ѕвони а не пак на пораки да одговараат... Неколку пати им имам ѕвонето по 10 пати и не ми дигнаа.
Ме бендиса капсулите шо беа доста зачувани, со друго карго лом ми стигнале до дома. А од исто место испраќач и исто паковани. Ама со Ин Пошта страшно добро зачувани. Едино не ме бендиса дека ко ми јави ама ај не мрчам пак. И пак не запишав кое карго ми праќа жирафа. Ако некој нарачва од таму нека пиши. Мислам дека сум позадоволна со секоја нарачка. Имав закажано за 17ти нарачка (жирафа има опција да одбериш дата на примање нарачка, и белешки како преферирано време) каргово ептен се држи до одбраното, и пошто бев слободна не пишав време. Пак пред 1 дојде оти ист доставувач и веќе "се научивме". Ко ќе ми јави ми вика: "Демон, знајш жирафа, толку е $ дома си така?". Еднаш дур го чекав си напрајв нарачка за две недели од тогаш и ко подигав му викам за две недели ќе имам нова и ми вика ајзубозарно ќе поминам.
Кај им е базата на Пост експрес у Ск? Ми дава на гугл дека у Бисер Аеродром, работи, функционира уште така? Само таму ли имаат?
Како оди постапката за праќање пратки преку некоја карго компанија за продажба на производи, а купувачите ќе им плаќаат на каргото во готово плус ќе си платат за 150 ден за достава? Како се подигнуваат парите после?
Одиш во карго, го носиш производот, им кажуваш дека пратката е со откуп. После 1-2-3 дена од испораката си ги подигнуваш парите од кај нив.
Гледам не сум единствена што има не една туку сто поплаки кон карго експрес. Најпрвин што е со нивниот однос? Во контакт центарот работат исклучиво искомплексирани дами и господа што им преку таквото да работат таму. Понатаму, што им е со измислените правила? Не отвараш пратка додека не ги дадеш парите, а откако ќе ги дадеш пупу збогувај се со нив.. Па сто пати ми утнале нарачка нормално дека ќе барам да видам што ми се доставува. Можда пиштол или некоја хемија има внатре а јас појма немам. Трето и најважно: кога и да ми носат пратка ОБАВЕЗНО е целата у аут (искршена, згмечена). Кој е крив? Па кога веќе ќе ти ги лапнат парите станува енигма.. Дајте бе јавно веќе да се линчуваат, не може сите незадоволни а тие уште да постојат и работат...
Кога нешто ми стигнува преку Ин пошта Радески, смрт ми е... Никогаш не можеме да се договориме за достава, секогаш доцнат, секогаш испаѓа да одам во база. Ми остана пратка кај нив од средата, кога се јавија за достава не бев дома, во четвртокот отидов во база, не била таму пратката, во доставувачот била и еве три дена потоа не ми се јавија. Ако ништо друго, еднаш вака после доцнење неколку дена ми се јавија пак дали ќе ја подигнам пратката па се надевам и сега ќе се јават, нема да ја вратат назад. Ќе ги барам јас утре, место тие мене да ме услужат ко карго компанија, јас да трчам по праткава.
Здраво девојки. Пуштив пратка по карго Експрес(многу често пуштам) но во исто време подигнав откуп за друга пратка, ми дадоа документ кој мислев дека е за пратката што ја праќам мометално(како доказ за да ги подингам парите) но тоа било док. дека ми е исплатен откупот кој тогаш го подигнав, е сега друг документ не ми дадоа, сега прашањето ми е дали само со лична карта можам да си ги подигнам парите? Најверојатно заборавија да ми дадат лист или јас набрзина излегов... Утре е неработен ден а ние веќе заминавме на викенд во друг град, а не сум мирна дека не се малку пари
Јас еднаш чекав да ми пуштат пари преку карго како рефундација, само ми се јави курирот да ги подигнам не ми тражеше никаков документ, само се потпишав дека сум ги подигнал.
Нема да имаш никаков проблем. Податоците ги внесуваат и во компјутер и таму нивниот систем иако не ти дале документ.