Нема една саглам карго компанија. Ако е ок во градот од каде што испраќаш...сигурно се некои гадури каде што треба да стигне.
Карго ко карго, ама вработените Со години онлајн купувам, полесно ми е така и не можам многу да шпартам, од сите овие години имало секакви. Ама овие две години со еден се закачив не бре тоа инат, некултурен. Му велам денес сум дома после 13 часот ако можеш донеси ја ако не за друг ден. Па како он само цел град за мене ке го вртел па што ти знам таму, секоја пратка ми е пекол кога ја носи а најчесто преку нив и ја носат. Нерви искинам. Не сакам да го пријавувам затоа што е возрасен човек сепак храни фамилија ама се нервирам од него многу. Или доага кога е пред врата и ми вика излези. Е ако не сум дома? Друг што има од Скопје го праќаат, ептен културен, иако е Албанец, немам ништо против секако, ќе се јави госпоѓо дали да ве планирам денес за пратка, од Ск дури тргнат, ми вели не е проблем и да не сте дома, можам во двор да ви ја оставам, вие сте редовни, наредно идење ќе ми платите. Колку луге, толку карактери. Ама кога си во ваква работа мора и трпение, не велам да им е лесно ама култура не е на одмет.
Уште едно негативно искуство со карго, овој пат ИН Пошта - Радески. Имав нарачано од една МК страна и при правење на нарачката имаше опција да се внесе “адреса на сметката” и иста или различна “адреса на достава”. Според тоа помислив дека на веб страната ќе можи да се плати со картичка, но испадна дека не можи, а јас внесов различна адреса на достава од таа на сметка, бидејќи адресата на картичката ми е според лична карта. Како и да е, уште веднаш помислив дека ќе има некаква збунка, но ми стигна мејл веднаш по нарачката каде пишуваше уредно на која адреса да се достави. Секако, ја доставиле пратката на другата(погрешната) адреса, во друг град, па и ми викаат подигнете ја од база, а јас плаќам 150 денари плус за достава до врата! Па после милион објаснувања, едвај се убедија да ја достават до врата на адресата на кој шо не беше за достава. Очигледно, вработените во каргото немаат ни 4то одделение, бидејќи не знаат да читаат.
Одлично искуство со Post Express. Ми станаа омилено карго што го користам. Позитивно е што дозволуваат да се отвори пред да се купи. Кршливите работи ги пазат посебно. Парите ги земав за 3-4 работни дена, во плико. Сега имаше и мала честитка за Нова година. Спојлер
Баш денеска забележав критика за нив, во една ФБ група. Меѓу другото, на испраќач му украле пари и се уште не му имаат исплатено, 85 дена подоцна. Врв на се, вработена во каргото неславно се вклучи во дискусијата во коментари.
Не би ме чудело и да има негативни искуства. Имам прочитано на некој му оштетиле пратка. Со мене се нема случено, ама секогаш им нагласувам што е, и дали е кршливо, и да си наплатат повеќе. Секако, ако му должат пари, има правни механизми како тоа да се реши. Па ете, макар и со критика по социјални мрежи. Добро е и што овие од каргото се јавиле во дискусијата и се надевам му го решиле проблемот на човекот. Добро е да се видат двете страни. Јас го имам повеќе од 5 пати користено и сум немал негативно искуство со нив, освен што не се јавуваат кога е пристигната пратката. Еве сега последнава над 10 000 денари беше. За 3 дена ми ги исплатија парите, без никаков проблем. И со ЕЛС последно имав огромно позитивно искуство. Веќе курирот ме има научено, и ми има телефон меморирано. Ми се јави за достава, ама не бев на домашната адреса, туку во град. За 10 минути дојде, и ми ја достави пратката на сред булевар.
Имам едно прашање. Карго компанија мех пошта некоја, незнам прв пат слушам, во четвртокот ми звонаа им реков можам после 14 часот да ја земам, џабе ми звонете. Типов сабајле во 8 ми звона петокот, вчера односно, јас не кренав бев наработа. Им реков дека можам после 14, тие во 8. Ми пишаа денес од компанијата од кај што порачав ми рекоа го вратиле производот. Аман бе. Се враќа после 7 дена. Па го препратиле. Ме интересира дали ке земаат пари нешто плус за препраќање?
Каде се наоѓа базата на карго експрес во скопје? Пратив пратка и сега треба да ги земам парите или се зимаат од таму кај што сум ја пратила?
Здраво, дали некој знае да ми објасни како функционира каргото кога сакам да испраќам производи за луѓе и да добивам пари преку нив, значи со наплата при достава на пратка. Читам различни искуства па затоа кое карго го препорачувате, кое е најбрзо - станува збор за производи од Скопје низ повеќе градови низ државава. станува збор за кршливи предмети. Како функционира оставањето на производи, дали ги носам во база или од дома ги подигаат. Немам искуство со ова, а сакам да започнам така да секоја информација и совет е добредојдено.
Ги носиш во база. Кажуваш дека е кршливо и цена. Човекот или ги подига таму од база, или му ги носат до дома. Потоа парите за едно 3-4 дена ги земаш од база.
Периодов од ниту една карго компанија не сум задоволна,посебно од односот на вработените.А за жал често порачувам онлајн.
Со брза пратка и немам некое искуство,пред нешто помалку или повеќе од година дена ми носеа пратка.Досега се на се 6-7 пратки со нив ако имам земено.Ама ќе пробам да инсистирам со тоа карго да ми ја пратат пратката кога ќе нарачувам следен пат онлајн,да видам што ќе ми речат,можеби ќе прифатат.
Да кажам дека веќе го корегираа ова, прво се јавуваат од база или праќаат порака дека има пратка, пa потоа се јавуваат да прашаат дали и кога може достава. Голем напредок. Се' зависи од вработените низ различни бази и градови. Од истиве (Еко логистик) имаат еден доставувач прељубезен, па ќе ти се насмее, ќе те праша како си, па чао убав ден на крај. Многу прави разлика однесувањето со потрошувачите. Ин пошта Радески уште си се истите, за достава чекање и чекање... Брза пратка, Виа пост, Пост експрес, Карго експрес добри се. Сега гледам и Мик Мик пошта, од Белина ми праќаат преку нив. Доста брзи, еден ден нарачувам, другиот ден ја преземаат пратката, третиот ден ми ја носат.