Јас имам трауми од еко логистик. И баш ради нив веќе поодамна не нарачувам ништо онлајн. Имаше еден преголема дрскост, се дере по телефон. Ако не се симнеш одма по пратката ја враќа во база и немаш шанса да ја земеш пак. Многу пати ме барале на телефон не сум се јавила одма (работа, вц... Итн оправдано) ги барам ја после, и они ти викаат "а не се јавивте, пратката е вратена во база" а поминале макс 10мин од повикот....
Јас нерви ( и пари ) си штедам со то шо прашвам со кое карго праќат и ако е Еко Логистик не нарачвам.
Денес проблем со ВипПошта, еднаш ѕвонеле, не успеав да се јавам на повикот. По 5 мин и во наредниот 1ч, нон-стоп вртам едвај ги добив. Пратката веднаш ја вратиле во база! Па морав, да се расправам со тие од базата, дека нема смисла ова шо го прават. Да ти се одмили и од онлајн нарачки и од карго компании, сите до една преку глава ми се дојдени.
Ова со јавувањево ме потсети на Карго Експрес. Понекогаш морав да праќам преку нив и секогаш кога ќе имаше некакво недоразбирање морав да одам лично во канцеларија кај нив затоа што на мобилен НЕМА шанси некој да ти се дигне слушалка.
Што се случува со Карго Експрес? Веќе не одговараат на повици ни во главната база во Битола, ниту пак на e-mail. А и не ги доставуваат пратките. Аман веќе! Oстана ли некое нормално Карго?
За жал тоа стана редовна пракса на Карго Експрес. Не е од сега, бидејќи јас лани се соочив со истиот проблем. Пратка од Битола до Скопје, "патуваше" скоро 2 недели. Телефони недостапни или никој не се јавува, за мејл воопшто да не зборувам. На раб бев да се јавам во ЦИА за да им влезат во траг на доставувачите бидејќи пратката ми ја пратија со назнака да пристигне што побрзо, а не 2 недели да ја чекам. Едвај стапив во контакт со базата од Битола и после милион притисоци и настојувања ја донесоа пратката, инаку мислам никогаш немаше да ја видам, бидејќи некаде ја зафрлиле.
Нарачав во вторникот пратка од Ананас, тие во средата ми ја пратија преку Еко логистик и ми пишува дека треба да стигне од сабота до денес, и ми стигна порака во саботата дека пристига денес, ама пратката уште ја нема. Што да правам? Да почекам уште или да реагирам?
Од карго експрес имаат новитет - пакомати, каде ти ја оставаат пратката и можеш да си ја подигнеш во рок од 72ч. Баш ме интересира, дали добро функционираат.
На кој принцип функционира ова? Во смисла, имаш смс дека во пакомат ти е пратката или е избор ако одбиеш достава? Јас таму често одбивам достава оти пред нос ми се, па да се спремам "ментално" за новитет.
Katastrofa se, pocnale da zabusavaat epten samo ednas te trazat na mob ako ispustis povik veke ne trazat, kao zemete ja od magacin, vazi, ja plakjam dostava za da se akam po magacini. ELS*
Како шо сфатив, оти има едно видео кај шо објаснуваат, при повик дека имаат пратка за тебе, можиш да одбериш да ти го достават до пакомат. Добиваш порака со линк и при отворање на линкот со вклучен bluetooth го доближуваш телефонот до пакоматот и ти се отвора сандаче. Доколку треба да платиш достава или откупнина, треба преку е-банкарство да уплатиш на нивна сметка па потоа ти станува достапен линкот за подигнување.