Требаше на адреса да ми донесат пари. Ги немаше цела недела, а обични ми ги носеа за 2-3 дена откако ќе ја подигнат пратката. И ок, се јавувам во база и ги прашувам што е работата и таа од таму ми вика нема пари. Па натегање, па после ми даде на друг број да ѕвонам да прашувам дека не била таа задолжена за пароте. Па таа втората ме препрати на трето место да се јавам, па ајде и таму чекање и расправии. А документот цело време си го чувам како доказ. И на крај после 20 дена, ми ги најдоа парите и сами ми се јавија дека ќе ми ги донесат. Во карго експрес ми изгубија пратки. Прво ја пратија за Кочани, а убаво со големи букви на самата пратка пишуваше Делчево. Во Кочани пратката не можрлр да ја најдат, па ајде пак јавувај се во централата во карго експрес и таму расправај се. И на крај некако се реши маката. Мене не ми е до парите. Јас сакам да бидам точрн и кога праќам и кога примам пратки и пари. Ако сум му кажал на муштеријата дека 5.952 денари е пратката, толку и ќе биде. Ако му кажам дека ќе ја има следен ден, така сакам и да биде. Кај мене важи она германското правило - дисциплина. Кај мене нема лажење и измами, без разлика дали ќе продавам цвеќиња на пазар, коли на плац или телефони на канта пазар. Тоа е проблемот во сите брзи пошти во Македонија, што газдите се несериозни, па такви се и вработените. Една асална брза пошта нема, но приморан си да работиш преку нив. Стегни го да не мрда лево-десно, плати го и научи го на дисциплина. Ако не му одговара, нека тера Германија, ама таму ни телефон не смееш да користиш додека работиш, а не па да доцниш со пратките, да се расправаш со муштерии или да играш FarmVille на телефон. Одма ќе леташ од работа како ракета.
Од каде го ископа мислењево Поентата е, многууу кратко после повикот сум се ЈАВИЛА НАЗАД. Значи не сум се јавила после 3ч туку после макс 5мин! Не висиме на телефон, некогаш работиш и не ни смееш да гледаш во телефон. Ама ако ти одговара така да мислиш оке
По правило доставувачот треба пред време да ти се јави и да те извести за пратката дека е пристигната. Не шетаме ние наоколу со 10.000 денари во џеб и да ја чекаме пратката во секој час. Втора причина е што одиме на работа. Можеби јас имам флексибилна работа и можам да излезам да ја подигнам пратката, но што за тие што работат на пример во фабрики? Треба да ѕвони дома, да најде некој да ја подигне пратката, да спреми пари, се случува сигурно и да нема никој дома. Срамота што ми браните неодговорни “фирми” кои не знаат да си ја менаџираат работата. Да не зборам за ЕЛС и нивната дрксост. Последно бев на викенд настрана од градот, ако не сум ја подигнела пратката во истиот ден ќе бидела вратена назад??? Во кој нормален свет го има ова чудо. А камо да беа само они. Безобрасни се и овие што носат пратки за Синсеј. Тие пак си се приказна за самите себе си. Се чудам како големи фирми соработуваат со вакви.
Што ако не подигнам пратка од карго? Дали ќе ми го блокираат бројот во таа фирма за наредна испорака?
Порано често порачував он лине, карго експрес биле ок иако знаеле да претераат некогаш, тоа вработените не знам од кај ги наоѓаат, да не пишувам реферати ама еднаш кога подигнав пратка се ок, а бидејќи живеам во куќа гледам дечково со комбето уште стои надвор, збореше на телефон нешто, па кога почна да се дере излезен од комбето па почна да пцуе изгледа се расправаше со некој (ама што пред моја врата), друго, од sovrshena.mk ми се свиѓаа некои работи, викам ај ќе порачам, тие имаа посебно карго, не знам дали овој од карго експрес или другиов, кој беше полуд, ми ѕвони тел, се јавувам и тој ми се обраќа со еден глас, како човеков да беше пијаница излезен од кафана или како желбата за живот да му е 1%, алоооо, сееееее јавувааааааам одддд sovrshena.mk имаш нарачка ај излези тука сум ок ај, друг пат, кога ме барал бев на работа и ми ѕвони таков нервозен ми се дере ЈАС ТЕБЕ ТЕ БАРАВ ПО КОМШИИ ЅВОНЕВ КАЈ СИТЕ КОМШИИ ТВОИ, барал број од мајка ми или татко ми, за мене да ме добие преку нив зашто не сум му кревала, среќа комшикава не му дала, оттогаш престанав да порачувам од кај нив и други случаи имало, стварно непријатно и тотално непрофесионално. Единствено би ги пофалила брза пратка во гтц доле, коректни се и имаат ок однос, еднаш испраќав пратка од Скопје до Гевгелија, за еден ден ми се јави другарка дека и стигнала... Ако некогаш порачувам нешто или испраќам пак би ги одбрала нив, ова другово немам коментар.
Па, види мислењето шо го цитирав. Шо рече "лошо" ти - то ќе треба да скролам да видам. Оти не памтам да ми беше то на ум ко пишев. Ни пак дали е лошо кажаното. Зато и не те цитирав. Ама лично, и друг пат имам пишано, ЕЛС ми се карго со кое имам најлошо искуство. Пред да преземат Алиекспрес па да мораше да ми ги (до)донесат нарачките, кога праев нарачка со локални бизниси прашвав кое карго е и ако беше ЕЛС им велев дека нема да ја напрам нарачката сепак. Фактот дека ЕЛС преземаа се, само можи да ме излечи од зависноста за онлајн шопинг. Сега кога прам Тему нарачки и ко ќе ми текни со ЕЛС дека треба да се тегнам, кочница ми е и место 15 пакети можи само 1-2 работи ќе нарачам вкупно шо се "неопходни".
Дечко очигледно е дека не дочитуваш што пишувам. Каде прочита дека е 2 пати неуспешна доставата? Ајде не дреми на форум, луѓето пратки чекаат да им доставите.