1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

+/- Искуства со кафичи

Дискусија во 'Слободно време' започната од Feminka22, 29 ноември 2018.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Вака дечки темава не ми е да брукаме или плукаме по некои кафичи туку да споделиме свое мислење за некое.Чисто ете да знаеме каде да движиме или не.

    Ако сметате дека темава не е потребна или е дупла слободно во канта.П.с знам дека има тема за излегувања ама таа е општа сакам во темава конкретно за КАФИЧИ да збориме.


    Јас од кафичи до сега вака по Скопјево што сум седела не можам посебно да се пожалам од некои.Можам Juice Bar да ги пофалам.За коректност према гостите, амбиент, музика, алкохол смутиња се.Него би го издвоила онака, за кафиња Casa Bar и Coffee Factory и Кашмир.Ама Кашмир само заради амбиентот и акомодитетот.
    Најлошо искуство имам со My Space..дечките за 100че даваат брзосмртки текили шотс.И јас не ви препорачувам искрено таму да пиете било што бидејќи се е мачкање очи.Другарки мои од 6 шота се истурија од повраќање цела вечер, а на други места кога сме пиеле и повеќе било се океј.
    Друг кафич-Тренд.Келнерите се вообразени а и општо целиот персонал.Многу пати се има случено буквално со сила да ме служат.Во Телеком Тренд се брзи, фини и океј.Во другиот Тренд кај мин. за Правда и во Тренд во Сити мол е катастрофа..ќе се утепаш од чекање да нарачаш, ќе ја добиеш нарачката и тоа со фаца од типот : не ме замарај не ми се работи.Некогаш се случува да се чувствувам непријатно таму кога ќе седнам и искрено го одбегавам Тренд.
    Од другите градови ќе одберам Охрид бидејќи таму сум по цело лето.
    Во Mr.I ми е прекрасно секогаш и обожавам да седам таму, услугата е супер, музика амбиент, храна сè ми е на место.Исто и во новиот кафич Steve’s house што е ми е супер.Сам си се послужуваш.Кафињата им се сон, со вкусови и 300 чуда и за таа цена која е мноогу приступачна добиваш баш кафе и тоа во поголема количина а не кафе за во заб.Би дала критика на Kadmo Bar.Келнерите се многу спори, немарливи не се замараат искрено како да не им се работи и повеќе обрнуваат внимание на тоа кој како седнал.Сум чекала околу 40 минути да ме услужат..
    Чекам искуства од било кој се надевам ќе има дискусија.
     
    На Oxymoron, JoanaS, Ursi и 3 други им се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.069
    Пол:
    Женски
    Јас сум задоволна од сите кафичи во Дебар маало. Ми се допаѓаат кафињата , коктелите , супер се и вработените, порачката брзо ти ја носат..
    Би ги издвоила позитивно Круг , Casa bar , Цреша бар.
    Обожавам да одам и во 7 грама кафе. Имаат убави и несекојдневни кафиња :) Најчесто го посетувам тој во близина на Соборна и во Лептокарија. Единствена негатива е зимно време што не може да се најде место понекогаш (од надвор ги собираат масите па секако внатре мора да се седне) .

    А за Тренд немам зборови. Се согласувам со се што напишала над мене членката. Во Сити мол се влечат , да сакаш да порачаш чекаш 40мин а додека ти го донесат кафето уште 40 мин. :x
    Последен пат летото седнав во Тренд во Аеродром , кафето на брат ми му го донесоа пола , истурено на чинивчето , со извинение дека рацете и се треселе на келнерката:D
    И тие околу нас што седеа сите имаа пола кафе во чашата и истото извинение го добиваа од девојката. Не ми се веруваше што гледам :rofl:
     
    На Dust, buba4e89, Oxymoron и 3 други им се допаѓа ова.
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Во Тренд мислам дека критериум за вработување им е да се спори, намќорести и безобразни. Има и исклучоци, јас најмногу во Аеродром имам седено и таму има некои келнери што се учтиви и коректни, ама скоро сите се спори.
    Joy во Карпош 2, кај машински факултет, е многу слатко местенце. Самопослуга е, ама цените не им се баш ниски.
    Во Дебар Маало во глобала сите кафичи им се убави, ама имало ситуации во Бастион, Каса кај што сум имала чувство дека даваат предност на "поелитна" класа.
    Галери на Рузвелтова ми е еден од поубавите кафичи.
    Од кафичите во СЦМ ги сакам Чаптер и Бруклин.
     
    На kolovoz, Oxymoron, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.667
    - Coffee factory: преубаво кафе, фини се вработени и брзи.
    - Get во Кисела Вода: исто преубаво кафе и превкусна храна. Ако има мн гужва може да се побавни, но ништо страшно. Ми се допаѓа што има два дела големи и топли, и во внатрешниот не се пуши.
    - Drinkers Paradise Bar: коктелите се сон. Исто кул музика, и насмеани лица.
    - Vynil: немам никаков лош збор.

    - Тренд:катастрофа.
     
    На Anushka555, MarigoldA, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.640
    Пол:
    Женски
    Само за во Скопје ли се коментира? :wasntme: Сакам да кажам збор два за во Прилеп некои кафичи.
    Арт Кафе Апореа - задоволна сум, прават убави кафиња и други работи како смути, цедени, благо во чаша и сл. Обично тука помладите се собираат и често знае многу гужви да има особено за викенди на денско кафе. Сум имала еднаш негативно искуство кога чекавме да нарачаме 1 саат никој не дојде. А и имам слушано порано само богати луѓе пуштале да седат, ако им појдеш во обични фармерки и маичка ќе те вратат. :x Но опраени се сега и стварно е убаво.
    Тротоар - многу убаво ново местенце, и кафињата им се убави, интересен амбиент.
    Кафеин - и тоа е ново, убаво е само некои цени им се небаре Скопје в центар не одговараат за местото.
    Има уште едно ново Оникс се вика, на местото на поранешен Вирус, немам уште појдено ама примамливо делува на инста сторињата што ги постираат од таму.
    Сум била еднаш и во Irish Pub не беше нешто посебно, но океј е.
    Негативно искуство во Ди Каприо имам. Седнавме надвор и никој не иди да порачаме, па една од нас одеше внатре на шанк за да порача. (facepalm) А и не би седела пак таму пошто како што гледам повеќето средновечни седат па и пензионери.
    Аура ми е многу интересно местенце во хипи стајл, покрај кафе има и многу убави вегански јадења. Единствена замерка што не прават кафе после 9 навечер.
    Калипсо - порано бев многу задоволна сега ич. Последно бевме со другарка и порачавме цедени, ни донесоа пола тегла со мраз и буквално пиевме вода од мраз со малку вкус на некое овошје. |( Повеќе таму не.
    Тие се местата Прилеп каде што сум била, има уште по некој кафич но не знам да кажам бидејќи или еднаш или ич не сум седнала.
    Сепак едно и единствено ми е Кафе Чао (не во Прилеп) каде сме киснеле и со саати, колку една смена некогаш :lol: секој ден сме таму и се знаеме и луѓето и келнерите. Цените се топ, и кафињата, така да најкомфорно ми е тука. :l:
     
    На ane.bella, koritsaki, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.142
    Допаѓања:
    25.093
    Пол:
    Женски
    најдобри кафичи во струга и по една голема + ка ставам за релакс душа си релаксираш на место е ставен , женска плажа и кафичот е супер и слаткарата и има превкусни колачи, метрополис прават доста добро јадење за ефтини пари и версус е супер.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    јас би да коментирате за било кој град. Па се случува ние од други градови да се згоди да дојдеме во вашиот град оа да знаеме кај да седнеме :$ инку добра тема.
     
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Пофалби:
    Get Caffe - И во Кисела Вода и во Аеродром, прекрасни, едноставно да ти е мерак да си седиш, храната преубава, а услугите ми се океј. Кога има повеќе гужва малце повеќе се чека ама се на се убаво местенце.
    Red Caffe - Пријатно местенце, цените им се исто доста солидни.
    Јuice Bar - одлично ми е за седенки лето/пролет, по алкохолот не сум, но имаат убави избори на летни безалкохолни пијалоци.
    7g espresso - убави кафиња имаат, ми се допаѓа уникатноста иако цените се така малце соленки.
    Caffe Li - кафињата ми се уште подобри и од 7г, а местото ми е прекрасно за седење.
    Old School - цените се стварно ептен пристапни, местото е толку мирно и мене ми е кул за романтични седенки. И плус нема онакви wanna be Кардашијанс, па местово за релаксирање ми е погодок.
    Led Zepellin Caffe Bar - многу пријатно и убаво место, омилен кафич во Лептокарија ми е.
    Палма - повеќе спаѓа во слаткарници веројатно, но идам на добро кафе и благо, па ќе ги спомнам. Одлично место, со одлични слатки. :)
    Deja Vu - во Капитол, одлично место ми е за после шопинг.
    Cremissimo - во Автокоманда, цените ептен им се фини, пријатно место и услужлив персонал.
    Драмски Кафе Бар - кај Машински факултет, ми се допаѓа доста местово, за лето за седење ми е пријатно. :)

    Критики:
    Бастион - цените до плафон, намќорести келнери, еднаш бев и никад веќе. И кафето беше мизерија за таа цена.
    Тренд - катастрофа.
    Аеродром Бар - еднаш бев, таков намќорест персонал се погоди, веќе и не отидов повторно.
    Броз Кафе - персонал катастрофа, луѓето што седат и атмосферата исто така катастрофа. Еднаш бев и исто така повторно не влегов.
     
    На senjorita-v, MarigoldA, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.640
    Пол:
    Женски
    Точно, ете јас за Прилеп кажав за моите искуства. :D
    А и убаво е да се знае за повеќе градови, и за ние што не сме од Скопје ќе ни се најде кога ќе појдиме таму. :)
     
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    За секој град е темава
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Секој кафич на Тренд е прича за собом. Т. е. секој ден да одиш во истиот е прича за собом. На пример во Телеком се погодувало и ептен добра услуга, се погодувала и лоша. Исто и во тој на плоштад. Во СЦМ преку лето не со жолта боја на вас, бидејќи ќе не можете од мушички да се исчистите.
    Кога сме кај СЦМ, Бруклин е океј.
    Обично не замерувам на услугата, меѓутоа во Интермецо двапати наидов на истата келнерка и двапати имаше некој нервозен став, што ми остави лош впечаток.
    Омилено место за седење ми е Кофи фектори. Вработените се многу пристојни и културни, плус атмосферата е одлична.
     
    На Oxymoron, cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Палма се спомнала.
    Ако се збори за таа во Аеродром, омилено место ми е за слатки, ама претераа со цените и не знам дали имаат еден нормален вработен. Недај боже вода да им побараш.
     
    На Anushka555, Marina*F, ana-girl и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Lanadelreyyyyyyy

    Lanadelreyyyyyyy Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2018
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Уште на почеток да кажам дека често седнувам некаде да пијам или јадам,особено во Центар,Дебар Маало,Лептокарија и слично.Прво ќе ги набројам позитивните искуства,а потоа негативните.За пијачка омилени места ми се Излет,Цреша,Винил и слични каде што е полабаво.Исто така Ли и Галери имаат интересни пијалоци и вкусови.За јадење,најтопло ги препорачувам следниве места:La Terrazza и Пелистер за тестенини и пици;Менада и Горки за помфрит и фурнаринки;Plaza de Toros,Piazza Liberta и Мартини за вафли;за специфични торти и колачи Dolce La Terrazza на плоштад,секогаш нарачувам различно и ниту еднаш ме немаат разочарано.Топло препорачувам чоколадна торта,обичен или чоколаден чизкејк,торта со круша.Album Shisha и Austrian Palace во чаршија,имаат преубав поглед кон Калето.Кога ја спомнав чаршија,има една слаткарница К8,со преубави торти и палачинки,по пристапни цени.Од сендвичарници,Седмица ми е број еден.Исто така Felice имаат многу убави тестенини.Сега за негативните искуства,некој ќе мисли дека работам во Агенција за храна и ветеринарство.Долго време јадев криспи чикен од Royal,се додека не најдов црв како си шета по тањирот.Во Силбо во малите сендвичи со марули,најдов полжав.Меѓутоа бев дома и прво нешто што направивме беше фрлањето во ѓубре,па изумив да сликам.Во Џино,ресторан со долгогодишна традиција најдов влакно или од нечии мустаќи или од коса.Во сендвич од Киоск исто така најдов влакно.Врвот беше во Bella Vista на кеј,каде пред скоро време нарачав клуб сендвичи.Баш поради наведените искуства секогаш проверувам да не најдам нешто.И најдов-зелена бубачка.Ја викнав келнерката која со неверување ја зема порцијата,и после некое време ми донесе нова,иако не побарав.Бидејќи многу добро знам дека нема шанси од ново да спремале,си викам да проверам пак.Верувале или не,бубачката уште си беше внатре само малце растргана.Келнерката го викна демек шефот,кој ме убедуваше дека била од надвор бубачката,а не од кај нив и кога му реков дека ќе викнам инспекција,добив одговор како мислите така правете.Преземање одговорност никако.Уште да спомнам за кафичите во Дебар Маало.Casa bar колку и да е убаво местото,односот им е ужасен.Другарка седна на маса меѓутоа не виде дека има кутија за резервација,јас уште не бев седната и во брзина од една секунда се нацрта вработената и ми рече стани ја другарка ти :puke: Да напоменам немаше ни журка ни ништо.Исто така Правда,додека плаќав вработената буквално ми зјапаше во новчаник,а имавме нарачано алкохолни пијалоци,значи за поголема сума стануваше збор.Следно Brick,кои имаат преубави коктели и поглед особено кога е топло,најуредно им пишав за резервација,која ми ја потврдија и резервираа на мое име.Кога отидов таму вработените се чудеа,немало резервација,па им покажував пораки и имаше место и не сместија.Патем келнерката ужасно се испонаша барајќи ни лични карти,со поглед демек мали сте и цела вечер моравме да ја бркаме за да не услужи.Да не ги заборавам Тренд во Центар,каде чекав можеби еден час за Цезар салата.Додека во Тренд во Аеродром келнерите беа брзи и фини.Кантина е убаво место,но има многу гужва и цените на јадењата не им соодветствуваат со количината на порцијата.Ми се има случено да речат се е резервирано,а сите маси им се празни и имам забележано дека гледаат како си облечен,колку години имаш,нели по логиката дотеран,возрасен па ќе им направиш поголема сметка.И да не ги заборавиме Кино Карпош,каде во празен кафич,денски,за обичен сок или смути ти бараат 21 година.Исклучок од правилото се фаци и блогерки.
     
    На eliesaab, Дискретниот и Anushka555 им се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    14.398
    Пол:
    Женски
    Благите работи им се екстра. Зборувам за во Аеродром.
    Точно и за водата, баш пред неколку дена и реков на келнерката да ми донесе, се вртеше наоколу и ме заборави.
     
    На candy.cane и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Кафе Ли - прекрасно место, келнери и доста голем избор на пијалоци
    Сиеста - нешто по различен амбиент но убаво местенце
    Микитос, Чаршија - мало место но имаат уникатни кафиња со вкусеви
    Крем кафе - преубави кафиња
     
    На shekerna и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Бил ли некој во Маџо?
    Ново било,гледам на Инстаграм вака привлечни ми личат оброците.
    Како е со цени знае некој што бил?
     
    На Blue.Sky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Колку што имам добро искуство со кафичите низ Македонија, толку имам и лошо искуство.
    Најлошото до сега ми е со Тренд, Дион, Шалом, Палма...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    За благо - дефинитивно Breadway. Не е кафиќ, пекара е.
    Секоја крофна свој посебен вкус.
    Плаза де Торос би го издвоила, често јадам таму, вафли вкусни.
    Исто и Бела Виста Ланч.
    Палма ништо посебно не ми е.
    7 грамско за кафиња.
    Музеј на Илузиум ако сакате да испиете кафе и да се симнете во музејот.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    На кеј нема кафич за жал, со добра услуга, а имам во сите седено.
    Во Бела Виста ме избркаа културно бидејќи сум морал да порачам за јадење, а веќе седнат бев.
    Во Плаза де Торос услуга никаква. Треба да станеш од маса и да кренеш рака за да те видат.
    Во Карпе Дием исто, не те гледаат, како невидлив да си.
    Во Дион наместо пица ти носат палачинка и тоа прегорена, а ја чекаш 1 час, откако ќе станеш и отидеш до шанк да побараш крлнер да те услужи.
     
    На Dream-Girl, kolovoz и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    И јас истото го мислам за кафичите покрај кеј и во центар и затоа скоро и ич да не одам натака. Ем преголема гужва, на раат да не може муабет да се направи, ем келнерите неуслужливи се повеќето...
     
    На senjorita-v, cresa-jagoda и Ма.нев им се допаѓа ова.