Мене ме опоменаа во Soul Kitchen и не сум стапнала таму. А во Plaza скоро секој трет ден бев прошлиот месец и немаше ваков третман.
За што те опоменаа во Соул? Иначе првите неколку пати кога одев во Плаза де Торос беше топ. Значи пред 4-5 години некаде. Па после ги сменија скоро сите келнери, па од таа смена па наваму, услугата никако да им се подобри.
Само за Тренд имам замерки, на другиве места кои сте ги зборнале, ми се нема погодено лоша услуга и пристап. Во Тренд, едно препотентно створење не служеше, нарачувам вино, и го донаса го фрла на масата буквално, ни изволте ништо, намуртен и се сврте да си иде. Оди ваму, викам. Ама зошто? Абе оди ваму. Ќе го земеш сега виново од маса и ќе ми го послужиш пак, културно ќе го ставиш на маса и изволте ќе речеш. Или да ти го најдам менаџерот кој ви е да му раскажам што бисер од келнер има и плус ривју на страната да добиете. И како посерен, блед како крпа стана, го крена, го послужи пак со изволте и се извини после. Тумрук. Не е секој за работа со луѓе.
Јас чекав 45 минути цедевита и кафе да ми донесат. Откако станав од масата да си одам, ете го келнерот со ајнцерот и вика абе ова за вас е. Му викам, сега ти да си го испиеш и си отидов. Масата каде што седев неисчистена, со кромид, трошки и мравки целата. Келнерите незаинтересирани да те услужат. Ова беше пред 4-5 години во Сити Мол. Моја нога таму веќе не стапнува. Четворица газди се на Тренд, не се знае кој јаде кој пие.
Искрено, градов ми е толку досаден, што од лоша услуга, што од високи цени, што порадо ќе шетам низ парк или ќе седам дома. Во последно време навечер изборот ми е или Котур за дремење или Woodstock за свирка доле, зависи од расположение. Имаат топ атмосфера, во Котур пуштаат претежно нешто инди рокче, а во Вудсток имаат интересни свирки, а понекогаш и ДЏ. Услугата е супер, до сега биле ем љубезни ем брзи. Во Вудсток има еден куп избор на странски пива, за по 100че, 120 до 140, 0,5. Во Котур топлото кафе им е у "бокал" шоља, да се изнапиеш. Башка вкусно го праваат, ако не се лажам истите момци се од Велокафе. За денско чилање ми се допаѓа Баду. Ако пука сонце, има баш убаво да се исончаш. Башка, цените им се одлични, кафето стандардно 70-80 (100че со арома), Јегер 100че, Џек Хани 150. Тука услугата им варира, зависи од моменталниот келнер, некои се брзи и муабетливи, ти препорачуваат ствари, некои се дешава да ги чекаш да ти земе нарачка. Other than that, нема нешо посебен амбиент. Врвот на лоша услуга ми е Горки. Заеби добар помфрит кога го чекаш 50 минути. Последен пат кога бев буквално пратев на саат и толку време им требаше да приготват чинија помфрит и да ја донесат. Таман стануваме, ете го келнерот со чинијата. Му велиме те чекаме саат време, во најмала рака не треба да ни го наплатите. Типот ни враќа: "А дали јас ви кажав за колку време ќе ви го донесам?". Океј, значи кај нив при порачување треба да прашаме колку ќе чекаме? Не му текнува да се извини, да се обиде да објасни било што, не бе, он се расправа со муштериите. На ова му враќаме "А може да разговараме со менаџер?" и тој ни враќа "Нема менаџер, јас сум". Хахахаха! Ко к***ц се занесуваат, еј! Градов е катастрофа. Поефтино ми било у Барселона за кафе и пијачки, е***е државата. Ама нас толку ни сече, даваме 2/2ипол евра за шоља кафе. Ко што е 130 у Brown Sugar и 140 u BKW, на пример. Или 125 0,33 Скопско Smooth у Кино Карпош.
Порано седев таму на кафе.Убаво кафе прават баш како што го сакам. Пријатна атмосфера има и секад е фул.Навечер нема игла кај да фрлиш.Мене еднаш во 19h ме вратија бидејќи сум немала лична карта..а дали 2-3 маси беа фатени. А напоменав дека сум за на КАФЕ. Персоналот на почетокот кога го отворија беше поуслужлив, и малолетни примаа и алкохол даваа.Сега се во некој филм влезени. Баш е набутано, одма е дијагонално од Мин за култура
Тренд има најлоша услуга во градот. Во сите до еден сум била, во сите се некои одвратни створенија што не знаат како со луѓе. Полошо од Тренд можеби е само Дежа Ву. Во Тренд може некогаш пак ќе отидам, во Дежа Ву моја нога од принцип нема да стапне никогаш. Во Соул Китчен ни се мрчеше менаџерот на келнерите затоа што сме смениле маса за да не ни капе од оние, вентилаторите. Буквално не праша: "А музичка желба да не имате?" Да не бев со една бескичмењачка амеба пред очи ќе му станев и ќе си идев. Од секаде кај што сум била во градов, константно добра услуга и секогаш храна со иста стандард/квалитет имам само во Еквестријан добиено. Еднаш една девојка беше буквално нова, само што беше почната и ја беа на кратко оставиле сама, па пак успеавме да се снајдеме и да се разбереме. Нормално, без бакшиж ретко станувам, а посебно внимание обраќам на бакшижот ако си заслужил келнерот Има такви што не заслужуваат ништо. Ништо и не добиваат. Во Лонг Плеј се кул дечките. Релакс. Нема нервоза. Тоа е тоа од прилика. За места кај што сум била по еднаш и било ОК нема што да кажувам, треба подобро да се испита Ааааа, да, Систем Паб се супер и со послуга и со коктелчиња. Ла Стрега можам да си ги посвојам по вештерското, а и најубаво кафе прават. Без конкуренција. 7 грама се патетичен изговор за кафе во споредба со Ла Стрега.
Word на све што сте напишале погоре. Потврдувам и јас за Тренд, катастрофална услуга, ми утнале нарачка, не само што не сакаат да се корегираат туку уште се силат и ти викаат што ќе ти биде ако се напиеш од тоа? Одамна прекинав да ги посетувам, не знам како имаат муштерии уште кога сите луѓе што ги знам излегле накурчени од таму. Soul Kitchen ми е исто на црна листа. Бевме повеќе души и требаше уште еден стол да се земе, му викаме на господинот може ли стол да ни донесеш, добивме оштар поглед и коментар да не ти паднат рацете ако сама кренеш... Исто уште еднаш не сум им стапнала. Каша бар има една келнерка малце така, али ајде, другите се топ дечки па си седнуваме често таму. Од места кои ги сакам повеќето сте ги пишале, најчесто идам Coffee Factory, Woodstock, Рузвелт, Олд Скул, Гет ми е убаво, во Сохо се мед јадењата, ама скапичко е малку. Од ресторани Енрико си е класика, и за услуга и за јадење, прекултурни келнери и превкусни јадења, Боними а врвот е Ореов Лад, ми нема поубаво место, ама таму идам еднаш годишно, не ни можам да си дозволам повеќе. @DAngel спомнала, потврдувам за Ла Стрега, мало местенце а преубаво кафе, пресот им е фантазија. Плус префини се келнерките. Анѓо сме се разминувале изгледа, другарка ми живее таму, нон стоп сме таму со неа. Тие што имате можност отидете, нема да згрешите.
Во Тренд услугата им е катастрофа, се чека по 30-40 мин. за нарачка да ти земат, масите многу често не се средени, се дешавало да нарачам едно, а да донесат друго, келнерите се изгубени, нема никаков ред. Храната не им е ништо посебно, седнуваме само за пијачка. Во Плеј-кафе, во Сити мол, не ми се свиѓа амбиентот, посебно внатре ентериерот ниту потсетува на кафич, туку на некоја чекална. Во Carpe Diem ми е ок.
Како се движат цените во Heart Bar? Позади Соборна автобуската се наоѓа. Бев на почетокот кога отворија ама немаа мени, ако некој бил во скоро време би ми било мило да сподели, да си имам претстава.