Здраво јас сум погодена со две куклички во Велес и поминав мн убаво во првото бев со болки13ч а со второто во 12ме примија а веке во 14-30бев погодена да напоменам без никаква провокација се порагав имаше ке дојдат за да не се мачеле ке си купат чепче за провокација и готово, јас лично убаво поминав е треба да си носиш од дома некои работи и за тебе и за бебето, нема врска кај се пораѓаш бог да не чува за лошо ако мислиме и у приватните може да се случи
Јас имам и од Струга и од Охрид. Прв пораѓај ми беше во Струга пред 7 години но тогаш беше хаос кога во Охрид ја реновираа болницата. Охрид раѓав пред 5 и пред 3 години и задоволна сум од се, но сега во Охрид има само двајца гинеколози, по потреба доаѓале на припомош од Скопје а анестезиолози доаѓаат од Битола.
Кој доктор те пораѓаше ако сакаш да ми кажеш? Искуство да споделиш со оглед на тоа дека сега во Велес се само двајца
Јас не сум воопшто задоволна во Охрид, а сега Струга е порастеретено и слушам многу подобри доктори имало
Кога се пораѓав со првото беше др. Гашев а со второто др. Соња а во двете ме пораѓа бабиците. Во првото оти ме распука др. Гашев одма ме шиешеа за време на пораѓајот за рака се држевме а за второто немаше потреба од никој бабицата мн фина се погоди мислам Наталија така некако се викаше од докторката немав потреба беше и она присутна ама се беше ок, не сум ни пукната како шо бев со 1 ни сечена ништо
Здраво, тука сум нова. Форумот е прекрасен, ме интересира и би сакала да ве прашам како оди пораѓањето во другите градови во Македонија ? Дали кај одбран гинеколог се оди на пораѓај или кај гинеколог кој што е на смена во моментот на пораѓањето? Инаку јас сум од Струга чекам на одговори фала ви однапред ☺️
Од две женски слушнав дека се презадоволни. Убаво си поминале. Јас сум кај Оропан инаку...Денес морав на договорена контрола баш кај др Весна, ми се гледа многу фина...
Моника весна и оропан се единствени што ми ги препорачаја...јас сум кај моника еве @lavinija28 е кај оропан а за кај весна ќе биди @firequeenn рано и е ама подобро ја познава па можи да ти кажи за неа...
И мене ми е рано сеуште за избор, 31ва недела сум, али би сакала да се информирам за докторите. И јас најмногу препораки за тие 3ца доктори добив, а најмногу Весна ја фалат.
@mother_nature Весна е релативно нова кај нас во болницава, ама досега од тие што го има породено само позитивни коментари има.Мене посебно ми значи и ми игра улога што е достапна во било кое време да и се јавиш и да и кажиш дека одите накај болница поради породилни болки,што не е случај кај Моника,таа на сестра ми и рекла ако бидам во моментот на смена во ред,ако не ќе те породи тој што е на смена.Е како така? Јас сум зацртала тој и тој доктор да ме породи и сега ни на тоа да немам избор? Ќе ме пораѓа тој што е достапен за мене и што не штеди на зборови, па трудници сме некои од нас и со прва бременост,треба добар пристап.
Тоа е болница со распоред на работа. Ако има нон стоп дежурен лекар, зошто би идел некој од дома? Ај малку реални бидете.
Мене моника не ми рече ако сум на смена арно ако не тој што е тој да ме породи...Рече кога и да има потреба звони ми само да не е на првите болки па да одиме џабе во болница...нека зачестат болките и да е ноќ можиш да ми звониш...а и минатото цтг не беше на смена сабајлето рече вечер дојди...ама и се јавиле за на пораѓај и таа ми се јави ако сакаш да не чекаш до вечер јас сега одам на работа имам пораѓај па можи да дојдиш да те прегледам...
Сите сме посмирени кога знаеме дека ќе не пораѓа докторот што ни ја водел цела бременост и ни е достапен во секое време, ама реалноста знае да биде друга. И мене докторот ми рече барај ме кога ќе дојде моментот (не го барав, ме породи дежурниот доктор) но кога ми дојде на визита наредниот ден докторот што ме водеше ми кажа дека и да сум го барала-џабе ќе било, бил на пат. Нека мине се' лесно и без компликации, и бабицата е важна
Се е ствар на договор,има и доктори што се согласуваат да дојдат кога е потребно.Кога би бирала би одбрала таков. И не е претерување ако бараш ваков услов - тој што ти ја следел бременоста тој да те пораѓа.
Извини малку глупаво прашање ќе ти поставам ама која е бабицата во случајов која улога ја има читам низ форумов повеќето велат бабицата да ти се погоди...зошто е тогаш докторот ??
Мене така "договорените" доктори ме извисија и во моментот кога почнаа болките, не само што не можев да се породам во болницата која што ја имав одбрано, туку и докторката што требаше да ме породи во новоизбраната болница, ме прими и за 1 саат си замина. Чупе, ми завршува смената, ќе те породи било кој, овде сите сте исти. И така сабајлето си дојдоја Моника, Оропан, Весна и уште една плава докторка. Сите ме надгледуваат. Јас не соработував на бокс па Моника ми упати и строги зборови. Инсистираа на природен пораѓај но не биваше. На крајот завршив со царски. Во глобала добро поминав. Но и да имав врски, не ми вредат ништо кога ќе дојде другата смена. Сестрите таму се главни, ако не им м дадев чоколадо, сок и сл не ме погледнуваа. А докторите се профи до крај. Само ако ги договарате од дома сигурно на тарифа ќе ги платите. Јас си појдов ноќта директно без да знам никој, си поминав без пари. Тоа е моето искуство за болницата во Прилеп.