Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со пораѓање надвор од главниот град

Дискусија во 'Бременост' започната од Someday, 27 октомври 2018.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ова со чоколадите, сокови и кафиња не успеав да го сфатам, а го слушам многу често за болниците. До толку ли е дојдена работата...
     
    На PeachGirl, babyboy1 и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    И до повеќе е па се што тебе ти носат на посета треба и за нив да има...а докториве се дно дна и без страм си кажуваат цена што треба да ја платиш...мојава досега не спомнала ништо за пари ама сигурно ќе побара оти и матичнава ми рече биди спремна дека ќе треба да поддајш пари ако сакаш да ти обрнат внимание...ете до толку е здравствово кај нас бесплатно
     
    На midnight.flower, Mantub и Maja92@ им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Мизерија, дно дна. Јас разбирам частење од мерак, од среќа за детето ама вака мене би ми било незгодно да ги подмитувам, како јас да сакам да ги купам со еден сок. Јас би се навредила на таков начин. А за пари, ако идев на државно секако немаше да плаќам, кој ќе ми се погоди на смена тој. За што да плаќам? Ќе ме породи и вака и така. Сестрите се тие што се проблематични, само мислам дека за нив треба жалби кај директор, а не мито. Ама па, тоа така било и ќе остане.
     
    На Maja92@ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Нив и тој еден сок им значи, милион пати за што и да било во болница да сум одела прво те гледаат во рацете дали носиш нешто да им подадеш, ако немаш ништо воопшто не те фермаат.


    - Е сега ме интересира дали има некоја што се пораѓала сега брзо во Велес, јас бидејќи одам на приватно на прегледи, и докторка надвор од болницата ми ја води бременоста, како ќе биде за пораѓање, кои гинеколози се во болницава, кој е најдобар, дали би имало тоа проблем што не одам во болница и таму да ми ја води бременоста некој доктор?
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    2.016
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира за болницата во Охрид. Дали некоја мамичка се породила сега брзо?
     
  6. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.939
    Допаѓања:
    25.375
    Пол:
    Женски
    Кога пораѓајот е природно и без компликации, бабицата е таа што го врши пораѓајот, секако докторот е тука и надгледува.
    Во мојот случај, бабицата ме пораѓаше, докторот ме стискаше на стомакот, бабицата ме засече во консултација со него, а докторот ме шиеше.
     
    На babyboy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Верувај, до толку им е дојдено.. Едната сестра ме прекори како кесите со мандарините ми биле на под, да сум ги приберела. И викам со царски рез да кревам 3 кг мандарини? Поќуте жената.. И викам многу гужва ми прават кесите земи си една бонбоњера и едно кафе. Ги зема... Во истата секунда почна да ми раскрева, да ми го мести креветот, да ме покрива и сл.. И се заблагодарив. За да ми рече: Остај чупе, то ми е работа хехе... А пред две минути не ти беше то работа?... На маж ми надвор дури безобразно му барале пари благо торти... Од акушерки до чистачки... Е до таму е работата...
     
    На Maja92@, babyboy1, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    За греота стварно. Многу пати сум сакала да си ја почастам докторката што ми ја води цела бременост, а и 10 години уназад одам и кај неа, ми помогнала во безброј ситуации ама пусти срам како да и однесам нешто, немој да ја навредам, да не сфати погрешно. Многу ми е срам од 'подмитување' :D
     
    На PeachGirl, Bebac и babyboy1 им се допаѓа ова.
  9. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    И на крај уште пари ќе побара а си стои и си гледа од страна ццц значи стварно се безобразни
     
  10. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Мизерија ама тоа е зависиш од нив и ќе си почутиш...иначе јас досега не одам без нешто или носам некој пијалак или нешто благо и кафе сок тоа од свеки ми е останато таа кутрата изнашетана е по сите одделенија и секаде по нешто само носи за да заврши работа
     
    На Bebac и Jana06 им се допаѓа ова.
  11. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Те разбирам скроз.. Јас прв пат кога требаше да дадам такво нешто се вцрвив од срам... Ама видов разлика во третманот кон мене откако ќе си фрлиш... Плус работам работа со луѓе на кои вршам контрола.. Верувај таков ни е менталниот склоп... И да е се во ред со контролата, тие подаваат ко да е морално... Од старите така останало и тоа е...
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Е па дека давате, ќе очекуваат.
    Некој нема да има да даде и ќе пати. Сите да не давате, нема што да очекуваат. Вие на работа кога ќе завршите работа за која сте платени, ви носат блашко, пари, мезе.
     
    На midnight.flower, K.Mari4ka, Среќичка и 3 други им се допаѓа ова.
  13. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Во право си ама давале пред нас и сега ако ние не даваме третманот е друг па ќе си речиш ексик ќе почестам барем да се однесуваат како треба а и јас сум за тоа да не се дава нив тоа им е работа и за тоа се платени нема што дополнително да бараат...али така правеле така и ќе правиме неможи да се погодиме во ист момент сите и да речиме не даваме пак ќе има некој што дава и ако не си ти ќе си го кркаш за сите :envy:
     
  14. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Искуства за пораѓај во Штип?
     
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Е па давајте и не се жалете.. јас на државно не давам, нит планирам да давам. Си земаат плата исто ко и јас.
     
    На YellowLedbetter, Среќичка, babyboy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    За тоа со давањето работи... Секаде се дава. И многу ме нервира тоа. Паметам брат ми беше многу болен, го носевме во Козле и во државна постојано. Додека лежеше во болница моите се изнакупуваа бомбоњери и пијалоци. Докторите сами си бараа и коментираа демек ефтина била бомбоњерата, каде со ваков пијалок.. Еден доктор знам сам си побара некое специјално виски кое го имало во Грција. Мислам Metaxa си побара. Моите како споулавени трчаа да најдат и да му однесат. Прво во рацете те гледаат. Ај ова ќе кажеме не е толку трошок, ама конкретно кога бараат пари јас најмногу се нервирам. Моја блиска роднина кога се пораѓаше докторите веднаш побараа 200 евра за хирургот и 150 за анестезиологот. Потоа сите на смена што беа од најскапиот ресторан си порачаа за јадење. Многу се безобразни. Истата жена со втората бременост се породи на ГАК, ама буквално ништо од ова немало. Ја фатија болки во никое време и од овде со амбулантно возило ја однесоа на ГАК во Скопје. Таму супер поминала, а ништо не им однела. Кога ја прашав не знаеше ниту кој доктор ја породил, буквално бе ништо не знаеше и вели дека подобро е така. Тие што си сакаат со врски, или си бараат одреден доктор е тие најмногу плаќале. Она вели непородени не може да останеме, секако ќе има некој таму и ќе мора да те породат. Частење потоа од радост до некаде е во ред, иако нема потреба ни од тоа, ама давање пари на рака не само што не е етичко, не е ни легално.

    А тоа што така се научени и доктори и сестри да им се носат полни кеси. тоа е друга работа, и мислам тоа не може да се искорени, сите така прават. Страшно ме нервира тоа бидејќи не секој може да си дозволи да им прави софри и да ги части со се живо, а реално секој заслужува ист третман таму. Сите тие си земаат плата за тоа.
     
    На midnight.flower, babyboy1 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  17. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Така е тие полагаат заклетва и нив тоа им е работа за тоа се платени ако не се задоволни нека бараат од државата а не од нас кои одиме таму од некаква мака а не од што сакаме...
     
  18. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    Ова испаѓа во приватна болница поевтино ќе помине човек.
     
    На midnight.flower, Bebac и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  19. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    И јас така заклучив. Буквално, во санте плус 550 евра е пораѓај. Нема потреба ни од чоколади ни од виски, си плаќаш, си влегуваш и си излегуваш како госпоѓа.
     
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.381
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто сите се со тој став дека мораш да дадеш нешто за да се породиш на државно. Јас 3 дена окапав во државна додека се породам, една сретнав апла што си имаше договорено царски со докторката што и мене ме породи, верувам платила нешто, но ништо поразлична не беше од нас што си отидовме регуларно. Третман на принцеза нема, храната е ужас, после пораѓај немаш помош за доење или околу бебето, епидурал нема па болките си ги кркаш на гладно. Друго, се беше коректно. Додека јас се пораѓав, не пратеа на цтг цело време, неколку итни царски се изведоа додека јас бев со болки. Никој не беше оставен да цркава како што претставуваат. И имајте во предвид дека од толкав број на пораѓаи и бебиња, нормално дека највеќе лоши случки ќе има во државна, логично е. Сите други се оградуваат ако не дај боже дојде до нешто лошо. Јас не знам дали некоја останала непородена, не сум слушнала за таква. За частење, почастив една сестра само затоа што навистина ми се најде. Тие кај бебињата, не заслужија. Само демотивација добив од нив. А искуството толку негативно, па и не беше. Болничарките се исто душички, најмногу се наоѓаат. Хигиена, онака. Не е драматично прљаво, ама не е како дома. Ако не сте мазни многу, сосема пристојно ќе поминете и на државно, Чаир исто го фалат..
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.