Јас колку што сфатив се збори за помалите градови. И јас истото сум го слушала. За пари дека треба да си го платиш докторот да ти дојде од дома, да. Или за да закажеш царски. Ама ова во помалите места со секојдневно частење на сестри и доктори сите го кажуваат. Едноставно не ти доаѓа да те види ако не и дадеш нешто. После царски рез нема кој да ти помогне да станеш. Нормално, исклучоци има секаде. Како ќе ти се погоди. Другарка моја што раѓаше во Штип, ден денеска ја благословува чистачката што била на смена,на пример. Вика да не беше жената ни до вц ќе можев да отидам, ни детето да си го земам.
Да, во право си тоа е темата, ама бидејќи беа спомнувани Козле, Санте што се во Скопје, го искоментирав ова, плус во склоп на муабетот дека приватно поевтино испаѓало, а повеќето приватни болници се во Ск. Инаку можеби и со царски е потешко, не знам. Ваљда другарка ти од Штип била со царски, бидејќи природно породена уште одма си стануваш и немаш потреба од помош. Мене барем никој не ми ни понуди помош..
Ај што е неморално него и кривично дело е давање и земање мито. Престанете да давате. Научете си ги правата, да знаете дека имате право (по закон) на хуман третман, кога ќе види некој дека си ги знаете правата нема да си игра со вас и да бара пари.
Јас пред 2 години или сакаш некоја информација од попресно породените не знам дали се имаат сменето работите
Па да.Викаат дека одат доктори од државна од Скопје и дека било реновирано порано било за никаде така имам слушнато па прашав онака дека имам намера да се пораѓам таму здравје
Точно е сето тоа за давање и земање мито, и не дека не си ги знаеме правата, ама кога ќе се најдеш во ситуација никој да не ти помогне, а имаш потреба од помош, ќе се натегаш со сестрата и ќе се повикуваш на закон по член тој и тој?! И на крај уште помизерен ќе ти го направат престојот тие денови,да бидеме реални, в раце им сме...
Јас лично да, ќе се повикам на закон, член ќе и кажам, да знае дека постојат такви луѓе во светов што може да им текне и тужба да им удрат. И тоа не на болницата, нејзе лично.
Научени се да им ќутат. Свикај малку, закани се одма други се. Не може да се поставуваме секогаш како потчинети. Затоа си земаат моќ.
Мене ме ппроди др од Скопје, болницата беше чиста, баш утре дента и мито градоначалникот беше да ја види болницата. А за третманот таа бабицљ што ме пораѓаше Жане мислам дека се викаше беше прекрасна и една млада имаше со неа Марија се вика и беа мн фини. За разлика од нив другата смена беа покрути не збореа или презборат нешто што не треба. Неонтолог од штип имаше мислам дека уште идат секое сабајле го земаат детето на преглед. Добро беше помина се добро Господ не чува. Ти која недела си
Мамички вие кои веќе сте породени во прилеп...бебето е со вас после пораѓај или го носат само за цице
Јас сум 31 недела.Другарка ми кажуваше ама пред 4 години се пораѓаше таму дека скинала конците од што креветите биле превисоки дека сестри и бабица пораѓа освен за хитен случај доктор доаѓал... Сакав во Скопје ама со ситуацијава нема шанси