моите се родени 31гн едното 1640 а другото 1580гр, од аптамил прематур преминавме на аптамил 1кога стигнаа 3кг и одма прифатија без никаков проблем, на 3+ беа 4610гр и 4350гр, сега ни следува наредно мерење
Моиве бебиња ги родив во 37ма недела, од старт беа на аптамил прематуре, па после 2 месеца се префрливме на аптамил комфорт, после 4ти месец почнавме со аптамил 1 а сега сме на 2ка. Качуваа по кило месечно сигурно. Родени 2050 гр и 1950 гр. Дека малечки беа им давав медела со калмита цуцла таа е баш за најмалечки, после почнаа со калма па обичната S
Мајки, со каква шише, поточно големина на цуцла пијат вашите бебиња на 4-5 месеци ? Моево од почеток пие молзено и АД со најмали цуцли за 0+ месеци, сега реков да му земам за 2+ и 4+ ама нема шанси, му истекува од сите страни. Хелп
Моите бебиња се родени 2400 со 2500 во 37 недела. Пробував со доење ама не ми гледаше дека цицаат доволно. Се измолзувам сега и пијат по 20 мл. Уште сме на болница и фатија малку жолтица. Цело време спијат и ги будам за јадење. Инаку сме 4 ден на болница. Дали им е доволно ова? Ако на 2 часа им давам по 20 мл? Ама и измолзувањето е тешко. Со рачна пумпа. Ќе видиме. Се надевам да добијат сила и да ги дојам.
@Kaetana може да ти помогне за измолзување. Инаку доволни се 20 мл, мене додека ми надојде млеко во болница ми кажаа да давам по 20 мл ад, а син ми е терминско бебе и над 4 кг се роди. Обавезно давај на 2 часа заради жолтицата, плус ова млеко е особено битно за бебуши. Нека се живи и здрави и со лесно.
Фала ти многу на одговорот. Еве сега уште се на сончање. Два часа веќе. Сега ќе пробам да се измолзам за да е спремно кога ќе ги донесат.
Мајки, ако може искуство да споделите тие што се на доење и ад кога преминавте од прематуре ад на друго млеко и кое? Ние сме на доење и аптамил прематуре, скоро 3 месеци е бебето (1.5 корегирана возраст), последнава недела не сака да пие од шише или па формулата веќе не ја сака Па се прашувам дали да пробувам со друга формула или други цуцли...