Која беше причината за предвремено породување? Дали беше скратен цервикс? Дали втората бременост ти е нормална? И јас се породив 34+4 па здравје за втора бременост ми е страв да не се повтори истото.
Најдобро да се консултираш со педијатар. Колку време трае ова? Можно е ради топлово помалку да јаде. Јас по препорака од педијатар на 5м почнав со вкусови, па на 6 веќе еден оброк.
Скоро еден месец трае и од почеток не пиеше ама сега бетер а добро напредува за 13 дена 500 гр не знам со кое млеко едвај пиеме 600 мл во 24 ч. Бев на педијатар ама кога виде дека добро напредува кажа такво е бебето доста и е млеко, во последно и запек ја мачи 5 ти ден нема какано не знам што да правам.
Мој совет е да не брзаш со цврста храна штом добро си качува на килажа. А за запекот за жал не би можела да ти помогнам, не сме имале проблем, ама од туѓи искуства можно е од Ад млекото да е
моите се родени во 31гн и препораката од педијатар беше да почнам со вкусови после 4 месец, бебињата добро пијат млеко и качуваат килажа, почнав со вкусови на 4++
Skraten cerviks, no premnogu pregledi so raka, maltretiranje i stresovi. Eve vo Sreda vleguvam vo 9ti,ginekoloski pregled uste ne sum dozvolila.
Со лесно нека ти е, најважно е што сте стигнале на безбедно веќе, дај Боже да си го истуркате и цел 9ти.
Ајде женчиња хелп..... мојата пргава мала решила да ја имитира мама и дојде на свет порано 34+. Ја задржаа на гак во инкубаторче е. Имаше инфекција и плус фати жолтица. Какви се вашите искуства, ќе се чека да наполни недели или си зависи од напредокот? И пример одма ќе ми ја дадат без да бидам пример ден два таму на прилагодување? Ова со прилагодувањето е малку напредно де, кај нас не верувам дека е така?
Ај пак јас да ти одговорам Да е здрава и жива ,побрзо да помине овој период Мојата беше 37 недела ,инфекција на плуќа плус жолтица на 3-4 ден не се сеќавам точно. Јас се породив Чаир ,ја префрлија во детска клиника во инкубаторот 6 дена на интензивна плус 8 дена на оддел... Фактички на терминот ја пуштија ама знам и дека се чекаше не знам точно колку грама дневно да качува ,без никакво прилагодување ,без објаснување кога ,како и за што би оделе на прегледи (а и на ништо не сме биле). Само матичен педијатар да си одбереме и ако има потреба тој да не насочи.... Па фала богу нема ,супер си е детето
Да е жива и здрава цел живот да ве радува. Колку е родена? Побарај ја Тања главната сестра на интезивна што е она се убаво ќе ти објасни.
35+ исто со инфекција и жолтица, изолација сончање и добар антибиотик. Така се избори ќере со 1800г по 14 дена исто толку имаше и ја пуштија. Со среќа и побрзо да се гушкате.
@Осе ниеднаш досега не ви закажале контрола на детска клиника? Нас пак редовно не викаат, досега сме бидени 2 пати на нео нато, еднаш на невролог и за друг проблем неколку пати на кардиолог…и секој пат кога одиме на нео нато ни закажуваат нова контрола без разлика што немаме никаков проблем
Трахеален аспират ешерихија коли Фактички ешерихија коли на плуќата фатила.. а Чаир ми ја водеа предвремено 37 + 7 фактички тој ден во 38 влегував... Ниту еднаш ,Чак прашував кај матичната бидејќи пишува во отпусното писмо дека се слуша систолен шум на срцето 2/6 ми одговори дека со тек на време се повлекува ,веќе е повлечено и ако не било би се слушнало на слушалки... Со тоа што невролошки пишува дека уредно се предизвикуваат примитивните рефлекси, Очен преглед ок,ушен преглед ок,нас правилно прооден без секрет,глава и врат правилна конфигурација итн. И најдоле контрола кај матичен педијатар по една недела и по потреба матичниот да закаже електронска консултација со наонаталошката амбуланта... Прашував и за контролен брис ,и за шумот . Ми рекоа нема потреба ако има проблем ќе се примети .. Е сега сето ова беше лани во екот на корона ,август. Можеби и затоа ....
знам јас и ти истата дијагноза ја имавме, ти пишав за шумот во соодветната тема, а иначе кај мене во отпусна листа пишуваше после една недела на педијатар, после две недели да се јави во неонатолошка амбуланта и затоа од тогаш го носам редовно на контроли и на секоја контрола тие во извештајот ми пишуваат кога да се јавам пак иначе при испис се беше во ред, трахеалниот аспират последно беше позитивен за кандида, за брис никој не ми спомнал од тогаш
Жива здрава и брзо да си дојде дома! И јас се породив 34+1, но бебето немаше инфекција, а имаше жолтица и тоа со високи параметри. Ја задржаа 12 дена, додека не падна билирубинот. Ја посетив трите дена додека лежев таму, мене ме пуштија бебето остана на интензивна. Мислам дека додека не ја излечат инфекцијата не ги пуштаат или ако килажата е под 1800гр. Јас сум задоволна од сите на интензивна на гак, прашај си се таму ќе ти објаснат сигурно. Поздрав и со лесно.
Моето од интензивна го земавме дома, во март беше тоа и тогаш заради ковид не бев да го дојам. Сега можеби пуштаат, договори се со докторите од интензивна. Ти секако ако сакаш да го доиш измолзувај се дома и тоа баш редовно на 3 часа. Јас малку згрешив на почеток не се измолзував толку редовно па идеше потешко доењето.. Имам пишано во друга тема, со суплементи со упорност ама и важно е бебето да добие сила за 2,5 месеци полека преминавме само на доење.