Во отпусното писмо треба да ви пишува препораки кога да се јавите на лекар…Кај нас конкретно беше по 1 недела на педијатар на мерење, по две недели на Детска клиника ама таму ние лежевме затоа…а за редоследот ние бевме на молзено 40 дена после на комбинирано, советот од педијатар беше прво молзено па 30мл адаптирано ама некогаш доста му беше молзеното па не пиеше адаптирано
Na pedijatar odevme na sekoi 8-10 dena, chekaa da kachi kilazha za BSG. Na ortoped zakasniv, na skoro 3 meseci go odnesov, a trebalo na dva. Sekogash dvash prvo molzeno, potoa AD
А редоследот има врска нешто со варењето или не? Ноќе само ад и давам . Прашав за широк повој на пуштање од болница ама ми рекоа мала била, па нели суштината на повојот е дур е мала . Кој треба да ми каже за широк повој дали да ставам?!
Здраво на сите. Да ви влеам надеж на сите мајки кои се на овој пат да го наречам. Мојата приказна започна пред 3 години. Се роди моето девојче со 900 гр, 36 см. Цели 47 дена во инкубатор. Намалуваше нагло килажа дојде до 680 гр, шанси за преживување минимални. Се избори,сега е девојка од 3 год, нормално девојче. Малку е ситна но не отстапува во развој. Поминат страбизам, нагло ширење на главата, инфекции еден тон. Редовни контроли и работа со психолог. Не губете надеж, тогаш кога најмалку очекувате ќе го видите светлото во темнината. Тие деца се чудо. Толку мали а толку јаки.
На педијатар бев после 3 дена откако излезе од болница. Ме советуваше и за доење и за дохрана, витамини и вакцини. Идевме на 1 недела, па на месец. Прво давав молзено ило цицаше, па ад ако бара уште. Ако плаче за храна, не можеш да чекаш да дадеш дохрана, ќе се откорне од плачење. Давав јас одма ад ако бара уште, ништо не и беше. За широк повој треба ортопед да ја види, ја однесов на преглед кога направи 1 месец. Се беше ред и не ни дадоа широк повој.
Да ти е жива и здрава.Херојче мало.Навистина ми дава зрак светлина твојата приказна ,бидејќи една недела сум на истиот пат
Ние утре одиме, тука на темава се изначитав застрашувачки работи, траел околу саат и пол, може и повеќе и бил еден од најјезивите прегледи кои ги минуваат овие дечиња. Дури се мислев да не ја носам, ама сите педијатри ми рекоа обавезно, а исто и офталмолог ми рече.
@brm_brm @Marie.m Прегледот трае 2 минути, но пред тоа 2-3 пати му ставаат капки за ширење на зеницата, затоа доаѓа околу саат, саат ипол. Појдете обавезно, многу е важен прегледот да се исклучи можна прематурна ретинопатија. Ставањето капки не е страшно, ќе си седите во соба со другите мајки, тука повеќе е чекање и кога ќе ве викнат за преглед го земаат само бебето 2 минути, сите плачат таму ама кратко е многу, моето бебе само што ми го вратија одма си се смири.
Нормално е тоа, и мене ми беше страв. Кога бевме прв пат ни рекоа уште еднаш да појдиме на контрола и на контролата ни рекоа дека се е во ред.
Мисли позитивно, првин ги подготвуваат со капки за ширење на зениците. Трае прегледот 2 мин и толку. Кај Беким сте?
Баш поради овој страв немаш никаква причина да го избегнуваш или да помислиш да не го носиш на овој преглед. Што и да има во оваа рана фаза ќе се среди. Така да немај страв. После прегледот ќе ви кажат дали е се океј. Често се дешава да не се доразвиени некои рожници мислам што е и нормално за прематурчиња пошто се родени пред да заврши целиот развој. Ќе ви кажат дали има потреба пд капки или терапија и дали ќе има пак контрола. Се надевам ќе немате потреба ид ништо. На моето му дадоа капки. После 2 недело мислам имавме контрола и се беше во ред. Прегледот е језив за гледање затпа и мајки не влегуваат. Бебе ќе го заборави за кратко. Брзо ќе си го земеш ќе се смири Едит: се извинувам @brm_brm што лично ти се обратив во постот. Сега видов дека @Marie.m пишала дека има страв од прегледот. Нема да го избришам постот, нека стои како општо инфо
Како што веќе ти пишаа после прегледот ти кажуваат дијагноза и терапија. Немај мака , што и дае се средува.
Не се секирај ако се недоразвиени ласерски ги корегираат колку што знам ништо страшно, мора сите да поминат низ тие прегледи сепак се предвреме родени. Ние имавме 5 прегледи и со капки Nevanac поминавме. Ви посакувам и вие што полесно да помините.
Нас ни рекоа ехо на очињата за 1 месец, а неванакот да го дотрошиме шишенцето.имаме крварење на окцето. а никој не кажува од што е, што може да предизвика понатака. Има некоја искуство за ова?
Кажете каде да го носам бебе на прв преглед на ортопед? Секаде термини август и септември зафатени се? Мора до 2 месеци да го носам?