Зависи колку е родено пред време ние сме родени 33 недела, ама двапати лежевме на детска во првите 4 месеци. Сега ние сме пример 7 месеци гугаме од 3, мрдаме од 3 месеци и тоа многу, како да сака да надохнади за времето што лежеше, пред 1 месец почна да се врти настрана и сама да го држи главчето ама правиме и физикални вежби оти бевме многу залежани. Сега дури почна да пика поинтензивно рачиња вуста од пред една недела почна да сака во релаксатор да седи и да зема игрчки значи дефектолог ни кажа дека сме 3 месеци поназад правиме повеќе работи како за 4 ако имаме 7. Колкчињата не ни се развиени уште и уште не седиме. Дури сега можиме да почниме со дохрана досега бевме на АД само. Неможи да ја споредуваш со другите деца секое си е приказна за себе. Правете само редовни контроли и прати ја што точно прави како реагира и да едно што ми стана јасно дека им трепа повеќе стимулација спрема децата кои се родени навреме.
На оинт на гак не бевте веднаш после раѓање? Или имавте интервенции на детска? Најдобро на клиника прашајте си или педијатар.
Секое дете е приказна за себе.Нема правила.Најдобро е да го следат психолог и дефектолог.Нив ги имате во развојното советувалиште.Според развојот на детенцето ќе ви дадат вежби.Треба да се работи со дечињата.Поздрав
Дали после испис правевте проверка на слух? Имаме документ дека е направена проверка на слух при испис и наодот е уреден. Но не ни е наведено да провериме повторно.
Од колку полни месеци почнавте со каши или вкусови? Се почнува од родилни месеци или корегирани месеци по термин за раѓање?
Мене ми препорачаа по корегирана возраст. На 6 месеци по раѓање, односно 4 месеци по корегирана возраст. Многу време им требаше да се навикнат, цели 4-5 месеци па може и повеќе јадеа буквално само по 3-4 лажички и толку. Не ги форсирав и притискав воопшто, иако не ми беше сеедно што никако не се навикнуваа барем еден единствен оброк да имаат. Сега нема нешто што не би пробале, криеме многу работи по дома од нив Близначки се инаку, родени 30+3.
Јас по препорака на педијатар од 5 месеци полни од раѓање. Од почеток некако го води како навреме родено, некогаш се мислам да не избрзав со некои работи ама па вака супер ми е детето
ние почнавме од неполни 5месеци по препорака на педијатар, децата се супер прифатија, сега сме 9 и пол месеци и до сега не ми одбиле никаква храна, ние само вакцините ги касниме за се друго исто како терминските деца
Мене ми дадоа препорака да се почне со вкусови по 4мес. корегирана возраст. Јас почнав со вкусови од неполни 6 мес. од раѓање или 4 по корегирана возраст. Сепак се порано родени, и битно е колку се цревата развиени, а не само дали ќе јаде или не.
Како е постапката за ехо на мозоче на детска? Бебе треба да спие, да е будно? Прво треба преглед или како? И на колку полни месеци правевте?
Nie bevme so upat ni dade maticnata na zakazan termin kaj dr lejla, maloto si bese budno, od prilika na 7-8meseci go imavme toj pregled. Isto kako eho na stomak taka i na glavice, nisto strasno