Во државна зградата за очно заборавив кој спрат беше, првиот преглед од како не отпуштија бевме кај него, го прегледа и рече нема потреба од контрола се е ок фала богу, предобар е
И ние бевме на тие прегледи во ред рекоја дека е ова скрос друго е. Ете ќе одиме на контроли па ќе видиме ќе кажат.
Ви кажале веќе кај се наоѓа без грижи мајка, штом ви рекле дека е се во ред. После годината ќе му се средат очите.
Не се секирај и на моето беше така, после годинката се среди тие се нашите мали борци, ќе се изборат со се
Каква козметика за бањање и негување користите? До сега јас бекутан и јекодерм. Ама гледам суви делчиња по кожата. Читав за биодерма дека не се препорачува за предвремено родени деца. Не знам шо да земам!
Мустела за капење, јекодерм за мачкање. Цели суви делчиња почнаа како лушпи да и паѓаат поткако почнав да ја капам со Мустела, претходно со Хип беше. Јекодермот не го менувам бидејќи секаде до сега кај што сум била ми кажуваат дека е најприродно и најнежно за нејзината кожа и стварно и одговара.
И јас верувам на дерматолози и педијатри/субспецијалисти неонатолози, доктори на медицински науки, со искуства од илјадници деца. Личен избор.
Секој може да има различно искуство кај доктор од Х причини. За дерматолог конкретно и со бебе сум одела само каде што јас сум била задоволна од терапија и преглед. Стварно е личен избор ова за кремиве, кај едни одговара нешто што го користеле и бабите наши, кај други козметика кај нас што ја има во поново време. Ништо ни бранам ни напаѓам, само сакам да потенцирам дека секој сам си одлучува што ќе користи. Тука сме за секој да си помогне.
Ама кога има толку нови производи зошто од нашите баби да користиме козметика? Ако знаеш дека има подобро зошто јекодерм? Имаш природна козметика пред се, па медицинска ако има потреба.
Затоа што одговара на кожата на бебето. Затоа што на секој преглед до сега ме прашуваат што користам и ми велат да продолжам. Рибиното масло ете со некоја додадена состојка што ете не била штетна и одговара повеќе од белиот слез на Веледа. Имам купено крема за лице, само 3 пати ја употребив кога беше 2 месеци бебето и решив повеќе да не ја користам. Се извинувам што оваа тема непотребно се наполни со офф топици. Последно реплицирам. А некогаш и треба да се запрашате дали секој родител има пари за да купува колекција од 3 работи за скоро 3000 денари и ќе ја користи месец и пол.
Дали некоја мајка знае колку е преглед кај др Беким Татеши во систина( прочитав дека секој четврток е таму)