Ако има пример сега 4 ипол месеци јас да се водам како 3 ипол. Ако треба да сњди на 6 месеци јас да се водам дека треба на 7. Не се водеше ни големото па имаме проблеми со говорот. Затоа да не згрешам и сега.
Точно дека и треба реалност, ама ако и кажеш дека бебе од (карикирам) 29та недела не преживува а нејзиното е тогаш родено, а бебе од 33та преживува ќе падне психички. Не дека инаку нема ама вака повеќе. Затоа викам секое е индивидуално и зависи со какви инфекции и аномалии е родено. Кај мене прими едно зреење немаше време за две, се роди со инфекција и дадоа минимални оценки и шанси за живот . Се избори, башка уште некои инфекции доби таму додека беше. 900 грама килажа ли е за бебе што треба да победи се? Не е, ама успеа. Ко си ја земавме со 1800 гр, не заврши борбата. Ама сега да видиш каква мома е од скоро 4 години. Во моментов поддршка од сите нас и треба. Инаку познавам и јас мајки што го изгубиле детето далеку поздраво родено од моето, ама борци се сепак. Верувам во нив.
Колку време ја ставаш на стомак дневно ? Моето е 34та родено, почна да се врти од грб на стомак 17-18 недела по корегирана возраст, ама претходно со нон стоп ставање на под на стомак и грб. Плачеше многу кога ја оставав на стомак, ама со по малку зголемување на време оставена на стомак секој ден (5мин, 7мин, 10мин..) се навикна и зајакна мускули. Ова и за термински бебиња важи. Сега е 8 по корегирана возраст, седна пред еден месец, сега лази и почнува да се фаќа за да се исправа, ама на под е цело време.
На почеток не ја ставав дека никој ми немаше речено. После 2от месец почнав. Ама ич нејќеше на почеток. Сега некако ќе издржи ама 5 мин. Тоа е малку. Па затоа почесто ја ставам
@LjLj леле страв ме фаќа како ќе биде. Ќе ја оставам и јас. Па ќе затнам уши да не слушам. Мајки кај вас како беше, правевте вежби? Од кога почнаа да се вртат?
Ќе се навикнете , само упорност и трпрние за подобар развој ортопедите советуваат на под на стомак од прв ден. Откако ќе научи после нама да можеш на грб да ја оставиш одма ќе се врти на стомак. Моево од тогаш на стомак само спие, а сега и у сон вежба лазење
Онака симболично го кажав . Инаку почнав од вчера малку ма грб малку на стомак неколку пати. Па ќе продолжам. А од колку полни месеци треба да почнат да се вртат настрана или да се поткреваат? Мојата кога е во релаксатор се крева со глава за да стане а кога е на под е испружена на грб па јас ја влечам за раце и ја кревам. Лош период ни е, скроз се смени, не ми спие ноќе, штрајкува за млеко и сега плус ова. Ама на сето врескање и плачење и нејадење во 4 скок ќе протуркаме и на меше.
Мајки само сакав да ви кажам дека и две навреме родени деца не се развиваат исто. Колку пати самите мајки ќе кажат за своите деца дека се различни, а од иста мајка родени. Некои се пожилави, некои помрзеливи. Но, секако ако приметите поголемо отстапување тогаш добро е да имате професионално лице за помош. Моето е родено 34+4, главата стабилно ја држеше дури на 5 месеци, од меше на грб на 6-7 месеци, од грб на меше 7-8 месеци. На 8 месеци почна да седи по малку потпрен. На 9 месеци прв пат рече убаво отсечно мама, повеќе велеше мам и почна да седи постабилно без потпирање. Не лазеше, имаше некој негов начин на лазење со едната нога . Почна да се пушта на 14 месеви први чекори, на 16 веќе одеше убаво. Пред годината велеше мам, тато, баба, деде, ајде... и кога почна да проодува прекина со зборување. Околу 17 месеци продолжи пак со мама, мамо... сите му беа мамооо. Па ајде, тато, тао (чао), не, баба, имитира прасе, куче, волк, возење кола... Сега (19м) почна и да трча . Секој ден учи нешто ново, разбира се, слуша наредби. Зборењето се уште не ни е јака страна ама учиме, ќе си биде како и се друго .
Не и се плаши кога плаче,нормално е не е навикната на таа позиција. Кога ја ставам јас на земја легнувам и јас до неа ако почне да плаче ке ја гушнам и ке и зборувам ама не ја кревам,мора да се научи ако ги креваме одма ништо не сме направиле. Ке поплаче па ке се смири,полека полека ке се навикне.
Нема остри граници , и други работи се важни , но на 5 ти месец јас веќе би почнала со стимулација. Колку по рано се фати , толку помалку грижи.
Секое дете различно. Моето некаде на 8-9 месеци почна да се врти само од грб на стомак, еден месец покасно и од стомак на грб. Сега е 12 месеци и веќе ја совладува техниката да седне сам, а за лазење сеуште не се пуштил, мислам дека сеуште не е спремен
Отприлика вака се границите за развојот , многу е битно да се вежба најрано што може , не треба да чекате да се касни.