Maјка баш во недела организацијата "лулка " има бесплатно предавање на зум со доктор Денис Алкахили точно за предвремено родени деца до една година . Можете и да го прашате лично пто ве интересира , одговара на сите прашања.
Нема искуство мамичке биди силна се надевам се ќе се среди. Ме погоди твојата приказна затоа што и јас имав ризична бременост и одвај бебе стигна до 37+2. Фала му на господ се беше во ред бебе само дишеше, имав во 31/32 недела примено две дози за зреење на плуќата на бебето. Ти ја пуштам целата среќа на овај свет да оздрави бебенцето и само да диши. А како се случи мила така да снема кислород на пораѓај? Како сте сега?
Здраво мамички, кога почнаа вашите бебчиња да си го држат главчето цврсто и да седат? Родена е во 34та недела сега сме 6+ сеуште не го држи стабилно главчето кога е во раце се нишка, кога е на меше ја држи поцрврсто, за седење ја потпирам на перничиња но е во фаза на вртење тоа го научи и одма се слизга се спушта.
Штом на под ја држи стабилно немај гајле. А во раце е така пошто рамењата/грбчето не се ојачани На под само и ќе биде добро.
Jas imam dve cerki predvreme rodeni,i nejaden okolu 1 ipol pocna da jadat bez da blendiram,nekoagas blendirav ama poretko.
И ние сме на под колку што можеме повеќе со играчки.Веќе два месеци така и тоа навистина ни помага до сега,за што и да е.Еве сега вежбаме превртување и има резултати.Бавно ама сигурно
Да. Дај мама предлог за ојачување на рамења. Има обиди за лазење т.е. војничко влечење ама нема потпора на дланки.
Па поголем дел од денот сме на под или спална, сама почна да се врти пред 1 недела од грб на меше, некогаш и треба помош раката што е под нејзе не може да ја извади, и само еднаш сама се заврти од грб на меше. Но главчето не е уште стабилно. Даа пред 2 месеци отприлика и кај мене почна да дава знаци дека сака да се врти, па имаше период заборави и еве сега сама се врти како што објаснив погоре. Кога е на мршр главата е стабилна не и се ниша да речам само знае наеднаш да и клапне, а кога е во раце и се исправа или се посегнува на напред и се нишка.
Dobro vecer I moeto e rodeno predvremeno vo 33 ta nedela, seuste e vo bolnica najverovatno naredna nedela kje ja pustat. Veke 3nedeli e tamu pie so sonda po 50ml mleko 8pati na den. Ve molam moze li sovet kako gi ranevte pravite denovi doma, bidejki sum uplasna deka nema da ima dovolno sila da ispie mlekce? Vi blagodaram mnogu. Pozdrav
Моето во болница пиеше 60мл на оброк и со таа препорака ја испуштија дома. Но дома немаше шанси да испие толку. Ќе испиеше 10-30мл па ќе паузираше. По 20мин пак ќе испиеше 10-20мл. Цел ден ни поминуваше во пиење млеко или цицање. Најчесто пиеше од шише со цуцла за прематурче или од шприц. Се нервирав дека правам нешто погрешно бидејќи никогаш не го пиеше количеството млеко што и го давале во болница. Дури по 3-4 недели дома почна да пие повеќе и побрзо. На мерење не напредуваше како во болница по 40-50гр на ден, туку околу 20гр. Сето тоа е нормално бидејќи во болница најчесто хранењето е со сонда и не се мачи бебето да цица. Ми беше даден совет измеѓу јадења да и давам цуцла лажливка за да го вежба цицањето. Најбитно е да се вооружаш со трпение за јадењето. Биди спремна наскоро ќе го пуштат дома и ќе се гушкате.
И син ми се роди 33та недела, него го пуштија за 2 недели. Јас за среќа успеав да си го задржам млекото, па првиот месец пиеше комбинирано. Прво секогаш го нудев цице, па после кога се изморуваше го ранев со шишенце на авент, одма си го прифати, со шприц и со лажичка. Како што и ти рекоа треба да си многу упорна и многу трпение околу хранењето. Побрзо да се гушкате дома
Vi blagodaram mnogu. Kakvo sishe koristevte I kakva cucla za sishe, jas prasav vo dve apteki mi rekoa nemame pa naracav sishe od Dr browns so filter za grcevi znaci da kupam I Dr sishinja treba bidejki kupiv 3 vakvi, plus shpric kapka po kakva davte od shpricot? Vi blagodaram ushte ednas. Ubav den
Користам од Dr. Brown's шише со тесно грло плус цуцли за прематурче. Штом имаш такви шишиња, само докупи си цуцли за нив, но внимавај дали се за тесно или широко грло според шишето што го имаш. Овие се за тесно грло. https://drbrowns.mk/p/14/silikonska-cucla-nedonovche-tesno-grlo Кога давав со шприц полека истиснував во устата мал млаз млеко, но знаеше некогаш да се закашла.
Mojata odma fati cice ama za zal nemav mnogu mleko pa pravev kombinacii so ad.Na pocetok mi zaspivase ama jas ja budev so skokotkanje i I zboruvav i za kratko vreme se usovrsivme.Sepak glad ne se se trpi.Jas go kupiv siseto na medela ama ic ne sum zadovolna ,tecese od site strani .Ne I se sekiraj mami koga ke dojde doma i ke ja pocuvstvuva tvojata toplina se ke se sredi
I jas go primetiv toa,den dva ako ja drzime vo race ,zaborava.Ama posle pointenzivno i se vrakame pak na toa sto go znae I moze