Моите близнаци се родени 2000 и 2100 и секогаш ги облекував како нас и клима на 22 степени . Полошо ќе направиш ако ги прегрееш отколку ако им е ладно ( Палчевска ова ми кажа) нозете некогаш им беа мраз и ми велеше клима да не исклучувам затоа што така крвта им оди во главата и повеќе им се развива мозочето . Моите се родени 34+4 Околу млекото, децата поприлично исто качиле. Не зголемувај млеко затоа што ќе ги згоиш и ќе им биде тешко да напредуваат физички . Можеби се грчи затоа пто има грчеви , давај пробиотик , масажа на меше и вежби за какање .
Знам дека секое бебе си е индивидуално, но сепак сакам да прочитам искуства на други мами во врска во цврстата исхрана. Претходно мислам дека прочитав дека горе-долу сите имате почнато да нудите вкусови околу 4.5ѓ месеци корегирана возраст. Моето моментално е 8 месеци/ корегирани 5 и пол. Пред 3 недели почнав да давам вкусови но тешко ни оди. Сеуште постои рефлексот за буткање храна со јазикот и едвај 2-3 лажичиња да проба. Направив пауза од 2-3 дена, но пак истата приказна, бутка со јазичето. Дали некоја се соочила со ваков проблем? Со првото детенце многу лесно ми идеше воведувањето вкусови и сега сум збунета бидејќи неможам ништо да направам, освен да чекам да помине рефлексот и да се надевам дека ќе се разјаде.
Моето така правеше, исто почнав со вкусови на 8м корегирани 6м.Лично за мене беше успех и едно лажичка да проба, бидејќи требаше да оди во градинка и некако касно почнав со цврста храна. Почнав со една лаж, другото буткање но не застанав. После пак нудев и така нон стоп. Редовно правев и нудев и од ден на ден имаше успех. Не знам дали доиш но можеш да пробаш млекце со лажичка да и дадеш ( ваков совет не сум применувала на моето) ама пробај. Не знам што да ти кажам друго освен упорност без да прекинуваш, ако бутка.
Мислам дека ништо не можеш да знаеш од сега. Брат ми не е близнак ама е роден 36+1 и бил во инкубатор. Другарка имам близначка родена 36та, не биле во инкубатор ни она ни брат и
Сестра ми се породи 35+ па внук ми не беше во инкубатор. Не можеш да знаеш да, се зависи колку ќе можат самостално да дишат
Ако се мала родилна тежина или за адаптација тогаш да... Претежно лежат повеќето, особено во приватни болници. Син ми е 34 гн. близнак, лежеше 6 дена заради адаптација, малку кислород внатре, уште 7 надвор додека се регулира со исхраната, надзор и некој денар плус нели...
Здраво на сите, месецов се породив предвремено во 32 недела. Леѓеше на интензивна 2 недели. На испуштање од болница ми кажаа дека е стигнат до 35-40мл по оброк од шише. Дома е два дена ама никако дс стигнеме до 30-40мл. Цело време спие, тешко го будиме, успан го храниме и малку/ретко влечи од пишето. Еве скоро саат време отприлика 20-25мл прима. Дали некоја имала слично искуство, и некој совет да ми сподели? Ви благодарам.
И јас го имав истиот проблем со хранењето. На испис ми кажаа дека пиела 60-65мл на оброк. Кога ја донесовме дома едвај 20-30мл. Кога ќе испиеше 35мл пресреќни бевме. И тоа по саат време ги пиеше. Пробував секако со шприц лажичка, шише. Како растеше добиваше на сила и пиеше повеќе. Во болница таа количина на млеко и ја давале преку сонда, немаше шанси да ја внесувала преку шише. Еве ја сега 8месеци, се уште пие по малку. Најмногу 135мл на оброк и тоа ретко се случува. Обично 80-90 и го трга шишето со рака.
Од Медела S цуцла. Испушта капки таа, и од болница ми кажаа дека е ок. Он некогаш ја полни устата и го чува млекото. Или ке испие нешто или ќе го исплука.
На почеток мислам дека скоро сите го имаат истиот проблем. Трпение само и полека полека ќе почне повеќе да пие. Првите денови мислам дека постојано беше на шише и цице.