Ok, трпение имаме не е проблем. Само искуство дека немаме и ако е нешто нормално сите што го минат ќе се стрпиме Фалс ви за одговорите
Epa od nea spie mnogu I mojata bese taka zatoa znam prasaj go dr samo dali smees po malku da go vades da se sonca
Од неа ти спие мајка, син ми беше жолт до 4 месец по некои делови на телото. Мене ми дадоа совет дома да го соблечам на пелена и да го сончам преку прозорец. А сега е топло може да го вадиш и на тераса/двор од сабајле кога не е многу јако сонцето.
Кога и како проодеа вашите борци? Ќе ја тагнам @kostarika. полни 12 месеци, родена 34та г.н. не сака да стапне на цело стапало туку на прсти. Лази од 10 месеци, се исправа, оди по мебел ама на прсти. Ехо на цнс уредно. Од шо би можело да е така?
Скоро сите деца го имаат тој момент кога проодуваат освен ако нема позгрчена мускулатура па тоа да влече . Иначе коригирано сте 11 месеци и таман си е за возраста . Евентуално може да му ги масирате ноџињата (не стапалата) , но не гледам проблем искрено.
Здраво супер мајки, прв пат пишувам иако ве читам уште пред да се породам (може и не требаше тогаш . Мојот јунак се роди во 29та недела и скоро е 7 месеци здраво и среќно бебе. Тој се бореше 63 дена со респиратор, со кризи и успеа, а само вие знаете со што јас се борев. Сакам да споделам со вас дека сите можни шишиња ги купивме и се мачевме со пиење се додека не купивме Dr. Browns шишенце и посебни прематур цуцли од истите ги имаат на сајтот. Од тогаш се препороди и детето и јас . Пробајте не се скапи и имаат достава до дома.
Секое дете е различно, ќерка ми е родена 35та недела прооде на 15 месеци. Штом лази активна е ќе се пушти нареден период.
Zdravo majki, borci, lavici. Za zal denes se porodiv vo 24+6 Za bebceto mi iznakazaa trista gluposti, prvo nemashe nikakvi shansi, te anomalii, infekcija, pa momentalno e stabilno ama kriticno ima 700 grama samo mnogu zalno. Ve molam, ve molam ako ima nekoj so slicno iskustvo, ili cul za nekoja druga vakva uspeshna prukazna da dade nekoja nadez ve molam
Mama, bebeto e zivo, veruvaj mu na svoeto bebe i na gospod i ke se izborite i ke bidete dobri. Da prerano e i malo e ama ne e ni prvo ni posledno koe ke uspee. I da e duplo pogolemo pak ke ti kazat deka e kriticno. Na site taka kazuvaat sepak e toa intenzivna nega i bebeto e na respirator. Davaj mu sila da gi izdrzi prvite 2 nedeli posle se e polesno. Bidi silna za tvoeto najmilo i daj boze da uspee, samo trpenie i nadez.
Мами, немам искуство ама јас силно верувам дека најмалите се НАЈГОЛЕМИ борци Се надевам дека се ќе биде во ред
Мајка мисли позитивно. Знам дека е тешко. Треба период да се соземеш но ќе помине и тоа. Моли се за себе и за тој мал борец што ќе се избори кога ќе дојде денот. Треба време да пркне и тоа мало човече. Не знам сега како е на гак. Лани не дозволуваа посети. Ептен ако се одмолзуваш таму. Претпоставувам дека тебе за некој ден ќе те пуштат дома, потруди се да си го зачуваш твоето здравје зашто ќе му требаш на бебуш. Која е причината за предвремено породување, царски или природно се породи?
Prirodno se porodiv. 2 meseci se zalev na bolki, nikoj ne mi obrna vnimanie. Bev kaj korunoski, vo ganesh, i vo sistina i site vikaa nema nishto. Vtor skrinig praveshe dimcev, rece se super. Minatata nedela vo oetokot vidoa cervix 11 i vodenjak spushten na usni od grlo. Bev i vo remedika. Site rekoa deka se gledal problemot ushte na vtoriot skrining, deka grloto bilo meko. Da mi kazele togas nemashe ova da se sluci
Не се обвинувај, нема назад, гледај да останеш добра со мислите и доколку успееш да се измолзуваш и да го задржиш млекото. Кога ја виделе состојбата требале одма да те хоспитализираат, ма да ако требало така да биде и во болница ке се случело. Јас пола бременост ја поминав во болница, дома не мрднав од кревет па во сон ми пукна водењакот. Ке ги поминеш сите фази, колку побргу се соочиш толку подобро, разговарај со блиски кои ти се поддршка и моли се и надевај се.
Zdravo majki Ve molam za konsultacija..Vo kratki crti.Se porodiv 33ta nedela i bebeto bese dobro..Napraveno rtg na srce i ureden naod..napravivme pregled sistina kaj pedijatar i slusna sum i ne preprati na eho na srce kaj Dr Svetlana.Tamu izvestaj imame FORAMEN OVALE APERTUM I DEFECTUS SEPTI VENTRICULORUM..Bevme i kaj Dr Drasko no toj ovoj defekt ne go vide, rece deka samo foramen ovale apertum gleda i so tek na vreme se zatvora, no sepak da napravime kontrola pak..
Мајки информација за прегледи кај предвреме родено бебе 33 недела.Какви и кога правевте? И кога ги вакциниравте? Фала ♥️
Моето е родено 30та, но сепак ќе одговорам. Во картонот кога ја пуштија од болница имаше препораки за очен преглед и редовни контроли во Центарот за раст и развој на Битпазар. Јас освен ова ја носев и на ехо на мозок во Систина и уште еден очен, бидејќи од контролата што ни беше закажана на клиника си заминав со прашалници. За вакцините имаше препорака да се почнат најмалку 2 месеци по последната трансфузија на крв, така да првата вакцина на прими на 5 месеци. Вас ве пуштија? Што ви пишува во картонот? Едит: сега видов погоре дека сте поминале неколку контроли. Не правев проверки на срце, наодот од болница беше уреден. Го следев тоа што пишуваше во картон и со консултација со матичниот педијатар.