Моето е родено 33та недела, во картончето ти пишува се што треба да направиш. На син ми го прегледаа во болницата за очите и срцето, се беше во ред, па немаше потреба од тие прегледи. Пишуваше само преглед за ехо на мозоче и ушен преглед, ги направивме само тие и редовната контрола што е во раст и развој. Вакцините ги почнавме доста покасно, сега е 2 години, а има примено само 4 вакцини со бсж, бидејќи подолг временски период имавме проблем со хемоглобинот.
Ај прашај си во групите на фб за предвремено родени дечиња, таму секако ќе добиеш одговор. Мене премногу ми помогнаа во тие групи, ако не беа мајките од таму, јас немаше да знам ништо.
И кај нас наодот беше уреден ама само ртг, а ехо немаа направено таму и ја однесов Систина и таму слушнаа шум и не пратија на ехо на срце и таму дијагноза имаме foramen ovale и defecti septum ventriculorum и кажуваат има ткиво кое треба уште да се прицврсти..Доколку забележите промени тогаш интервенирале.. Дали има некоја со вакво искуство?
Мајки да Ве прашам дали некоја има слично искуство БЕБЕВО МИ Е ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНО 33 НЕД.НАПРЕДУВА НА ТЕЖИНА..НА РТГ НА СРЦЕ УРЕДНО, НО ПЕДИЈАТАР СЛУШНА ШУМ И НЕ ПРЕПРАТИ НА ЕХО НА СРЦЕ КАДЕШТО ДИЈАГНОСТИЦИРААТ foramen ovale И defecti septum ventriculorum. Ни кажуваат дека има ткиво на овој дефектот но требало да се прицврсти
И ние имаме црвени флеки на темето и вратот "stork bite" со нив се роди и не му се изгубија си стојат, ништо страшно и маж ми ги има скроз истите. Вас сега ви се појавува нешто или родено е бебето со нив?
Сега и се појави, не се хемангиоми туку само како црвени дамки и Др рече да се капи главчето и со weleda крем да се намачка.
И до имунизација мајки кога почнавте и која Нед ви се роди бебето? Мене ми велат над 2500 тежина може
Родено 30та недела, На отпусното писмо пишуваше 2 месеци од последна трансфузија на крв. Прва вакцина прими на 5 месеци. Немате ли даден совет во картон?
Ние сме 29та недела, со 6 трансфузии и реанимација, во картонот пишува по 3 месеци, а ме советуваше Фидановски ако не го мешам со луѓе и до 6 мес да чекам. Уште не сме вакцинирани здравје на есен. Вакцинацијата е индивидуална и немаат исто мислење и искуство ниту родителите ниту докторите за истата. Јас лично бебе со 2,5 кг не би вакцинирала, а мислам дека и од поликлиниките ги враќаат се дур не направат 5кг (ова на форумот го имам прочитано).
Првите вакцини се примаат уште во родилиште. За БСЖ и Хепатит Б мислам дека минимална тежина е 2.5кг, но не сум сигурна.
И јас сум против вакцинација сега, а упорно ми велат да го вакцинирам бебево..Фала за инфо и јас ќе чекам неколку месеци..♥️
Јас почнав на 6 месеци се до 6 години после неубаво искуство престанав со вакцинирање Мој,значи МОЈ совет не ставајте вакцини на овие деца Одлуката на крајот си е ваша
кое предвреме родено бебе има 2,5 кг па да прима во родилиште вакцина Престаните да си рачунате исто доносените и бебињата родени пред време оти не се исти
Пишав поради коментарот за тежината од 5кг, за термински бебиња се однесуваше тоа за во родилиште. И знам дека не се исти.
За термински бебиња и вакцини има посебна тема оваа е за предвремени Не ги буни мајките Најубаво да се префрли таму ова мислење пишто ме е за тука
Може јас лошо пишав предвреме родени бебиња ги враќале дур не направат барем 5 кг. Секако не е исто повеќето од нашите бебиња се со прематурна анемија и други проптатни потешкотии и нема потреба од брзање...