Женски да не знаете ,дали се прави некаде низ ск, проверка на слух на приватно? Во тетово кај што се породив првиот пат не можеа да и измерат,многу мрдала,плачела..не знам. Вториот пат само на едното уво и измерија, на другото не можеше.. ми рекоа малечка е, да ја носам пак за две недели.. Ама сакам да ја носам некаде на приватно, да се осигурам дека се е во ред.
Истиот проблем го имавме, на клиника ни рекоа да ставаме 10 дена по една капка парафинско масло во секое увце. Пробајте додека не закажете
Мајки ехо на мозок на бебето кога направивте ? 33 Нед родено- на ГАК направено после раѓање уреден наод, ама сакам контрола... Каде правевте вие Систина или Плодност и Доктор препорака?
Правевме ехо кај др. Наталија во Систина. Прв пат мислам дека ја однесов на 2 или 3 месеци корегирана возраст.
Ние прво правевме кај д-р Нонкуловски така ни закажа матичниот и никогаш веќе нема да стапнам таму, влегов со детето во 9:30 излегов во 1:00. За да му направи ехо стажантка и да ми направат таков страв да не знам како да излезам од таму. Потоа си закажав кај д-р Наталија во Систина имаат најнов апарат сега не гледаше цел саат и се е супер со детето. Докторката е врв, и пристапот и прегледот и објаснувањето...да скапо е ехо и преглед 6900ден. ама барем е човечки и хумано. Тоа што го преживеав на клиника беше хорор и мислам дека такви дополнителни стресови не ни требаат ни на нас ни на нашите деца.
Ако имате некаков проблем па и најмал да е јас би ви советувала да не експериментирате и да си појдете кај Ангелкова но доколку немате проблеми чисто да поминете можете било каде.
Нема проблем никаков супер и беше наодот на ехо на мозок но мислев контролно.. И да ми кажете бојата на очите кога и се менува
Ехото може да е чисто но сепак да има проблем со развојот , затоа велам ако детето нема никаков проблем општо
Здраво храбри мајки, Се породив пред 12 дена, во 34+2 со близнаци. Се е во ред со бебињата, немаше потреба од инкубатор затоа што имав примено две дози зреење во 30 и 32 недела. За 4 дена не пуштија дома. Е сега ве замолувам за некои прашања кои ми се наметнуваат: 1. Хранење. Првите денови кога не пуштија фаќаа малце за цицање, препораката беше секое бебе да цица по 10ина мин, па после дохрана Аптамил прематуре. После два три дена молење прво за цицање, па после за дохрана, веќе не ни сакаат да пробаат да цицаат, си сакаат шише, па се одмолзувам. Гледам преку ден да им давам еден оброк мое млеко од шише, па следно аптамил (по 30мл). Ноќе ( отприлика во 24h, па во 3 па во 6) по 3 оброка па аптамил. Молзењето оди напорно и бавно, сигурно веќе знаете. Дали имате некоја препорака околу ова? И колку долго некоја од вас издржала без цицање само со одмолзување. Пијам чај од Хип за лактација, млеко, јогурт, вода поприлично. 2. Апликација за предвреме родени (или општа) Која апликација ја следите? Како се рачуна коригираната возраст. Што да се очекува од бебе од 14 дена... и во следниот период?. Вака засега бебињата се мирни, повеќе спијат, се будат за јадење, кенкаат за да си се олеснат. Ми дадоа Диастоп и Д3+к засега. 3. Контроли. На колку време правите контроли? Ние на една недела бевме на педијатар во Плодност (таму се пораѓав), немаме уште матичен. На 6 недели ми рекоа за ехо на мозочиња. Ми дадоа препорака (по протокол) до 3 месеци да се однесат на ушен лекар и на преглед за очињата. Дали сте биле, дали имате некои приватни др да ми препорачате околу тоа. Кога се оди на ортопед? 4. Се друго што имате препорака би ми била добредојдена. (Инаку ги прочитав последните 15ина страни, ама некако сега се ми е измешано) . Фала ви многу
Мајка, немам вакво искуство, ама само сакав да ти кажам да си храбра и без страв, сѐ ќе си биде во ред
@Gabrielle... Да се здрави и живи бебенцата Ако си од Битола контрола се прави во диспанзер за здраво дете, кај вакцините, на 15 дена и на месец, па ќе ви кажат и за вакцини според возраста како ќе ве закажуваат. Се закажува таму или на телефон, мора со термин. Нас во Плодност за преглед на слух ни кажаа дека ќе имаат за брзо апарат, инаку во државната болница не примаат деца родени таму, мора во Скопје да се оди. За лактација има и таблети, лактил, @Eli23 ги користи и е задоволна. @AngelOfArh мислам има долго измолзувано, без доење, консултирај се за совети.
Најпрво да се живи и здрави бебенцата 1. Јас со двете деца се молзев по 3 месеци, но неколку членки имаат успешни приказни со молзење од година дена. 2. Апликација на која го следам развојот т.е скоковите во развој е Wonder weeks. Исто и Bebbo каде што може да се следи по корегирана возраст, само пресметува според внесените податоци. Истата има опција и на македонски јазик. 3. Прва контрола имавме првата недела кога излезе малата од болница кај матичната и очниот преглед што беше назначен да се направи. Во наредните два месеци го повторивме очниот преглед и направивме ехо на мозок. Исто така почнавме со контроли во центарот за раст и развој на Битпазар. Некои од контролите беа препораки во отпусното писмо, некои го правевме во консултација со матичниот педијатар. Контрола на слух не правевме беше уреден наодот од болница и матичната сметаше дека нема потреба повторно.
Јас сум во Охрид, ми рекоа за некое советувалиште ама мислев проформа е тоа само колку картон да ти отворат за вакцини. А мислев вака за посериозни контроли. Инаку, за слух, да, ни препорачаа за во Скопје во болница, т.е не беше препорака туку имаа обврска да те информираат дека треба одиш на ушно. А која апликација ја следите? Грчевите кога почнуваат?