Јас молзев скоро цела година, 11м, а бебе пиеше млеко ное до 20м. За да оди побрзо и повеќе млеко да извадиш и да не ти е мачно ќе си земеш двојна пумпа и при молзење ќе правиш компресии цело време, не само на града да стои пумпата. Се издржува, не е толку страшно. Колку повеќе молзиш толку повеќе ќе имаш млеко. Јас познавам и мајки кои успешно доеле близнаци и не знам зошто кај нас толку се занемарува тој момент, се почесто бебиња искачаат од родилиште без никаква обука за доење и без совети. Не сме ние мајките криви, особено не со прво породување, ама тоа е. На крајот па и не дека мора да се дои, личен избор е, ама при млеко да инсистираат на ад, не знам некако. Моето е исто родено како твоите, 34+1, исто не беше во инкубатор ама имаше подврзано јазиче и ради тоа не можеше да дои, башка мал, немаше сила. Ако ти е тешко молзењето и не мораш да молзиш, сепак 2 деца не е исто со 1, ама ако сакаш се влага брзо во рутина. За другите прашања немам одговор, моето беше 2ипол килца и не не пуштија на ништо од прегледи.
Живи и здрави мајка. Моето се роди 35+. Немаше баш сила да цица. Молзам веќе скоро 3 месеци. Верувај дури полесно ќе ти е молзењето од доењето. Ќе инвесвестираш во двојна електрична медела или слилна, за 20 мин ќе имаш до 200 мл млеко. Земи танлети Лакѕил, за месец дена 800 ден, чај некој, сок јаболко, чат пат пиво, супа овесни. Сега на почеток ќе ти надојде млекце, молзи со оумпа и нр фрлај, замрзнувај. Има специјално кеси во аптека на Ланисох, Авент итн. Многу ќе ти се најде тоа млекце кога ќе пијат по 90 мл.пример. Ова ми е второ што го ранам на тој налин, комбинација на доењени молзење, кога за што е рљсположено. Напредува одлично. Истражувај низ темивр, има да научиш доста. П.с. има и пумпи wearable pumps ако имаш кој да ти прати од странство. За околу 150 долара две, подвижни ставаш во градник и тераш работа.
Јас имам близнаци 34+4 да продолжиш со доење е моја препорака , кога се гладни ке влечат силно и секако нема да им е доволно па ќе дадеш апрамил.од 4 месец до 9 ти само на одмолзување бев сма тоа е многу напорно. Сега јас работам со бебиња на кои им треба следење во развојот и оние кои имаат ороблеми во развојот . За ортопед и невролог можам да препорачам од искуство. Александра Димова и Наталија Ангелкова. Со близнаци е малку хаотично , барајте помош од секој пто може да ви помогне . Со лесно
Фала ви мајки, многу. Да ни се живи и здрави на сите бепчињата и дечињата, вака или така мораат да јадат. Со две е напорно, секако мора дохрана, и тоа им е позгодно и знаат дека ќе добијат. Некогаш некое ќе кенка, дури да стигне вештачкото да го направи сопругот го ставам на града, ама побрзо палец ќе цуца отколку да фати да си јаде од града. Баш ќе пробам и со таблетите, а пумпа веќе земав една, не е некоја најмоќна, но во Охрид немаше и многу избор по аптеките. Фала ви уште еднаш за поддршката Г
Честито мајка,живи и здрави да ти се бебчињата…ако ти се даваат пари во Мерифарм ја имаше двојната медела електричната, 14 илјади беше
Мајки на прематурчиња, колку мл млеко пиеја бебушките ваши кога имавте 1 полн месец? Ние пиеме 50-60мл на оброк на секои 3 часа, се случува еден оброк да одбива да јаде и тогаш најчесто спие и тешко е да се пробуди.
А кога намаливте оброци? Мене ми изгледа дека ние еден оброк можеме да прескокнеме ама без да се консултирам со педијатар не би го направила тоа. Кога намаливте од 8 оброци на 7 или 6?
Aj da si prasam, moze nekoja ke znae da mi dade sovet, se plasam od predvremeno, iako nema indikacii, taka velat, ama toa go sfakam so rezerva Znaci imav kako bolka vkocanetost na preponi, pri stanuvanje osekam bolka vo preponitr i kako pritisok nisko vo matka...bev na pregled cerviks 32, a jas sum 31+4, sovet bese ako osetam silni bolki ili nedaj boze ouknat vodenik, da se javam vo bolnica. Jas konsultirav doktor od privatnive kliniki, toj veli bolkata verojatno e od kicma, no bi dal inekciii za zreenje...e sega realno, da bidam iskrena ne mozam da si dozvolam nitu pregled tamu, ni inekcii, a kamoli pa poroduvanje... pa vo sekoj slucaj sakam da znam dali dokolku ima potreba od tie inekcii gi davaat na GAK??? Dali imate iskustvo so primanje bas vo vakov slucaj progesteron ili utrogestan i dali ima nekoj efekt? Dali za predvremeno rodeni yslovi ima samo na gak ili i chair? I dali stvrdnuvanja se smetaat za kontrakcii? Vo bunilo sum
Не знам дали постои трудница што не се плаши од предвремено породување, но цервикс 32мм во таа недела што си не е страшно. Но за да ти биде мирна главата иди на ГАК, ќе те прегледаат и ќе видат дали треба инекции да примаш или не, или пак дали треба прогестеронска поддршка.
Bev, mi napravija ctg, i exo. Prasav za utrogestan, mi rekoa ne. I za hospitalizacija prasav, isto rekoa ne, osven ako dobijam porodilni bolki ( se plasam deka nema da gi poznaam), osekam samo stvrdnuvanja Mene me plasi so epten se ukociv vo preponi i pri stanuvanje me sece nisko matkata, kako pritisok osekam.
Бебето натежнува, нормално е да чувствуваш болки и притисок. Штом те прегледале и ти кажале дека е во ред, нема потреба од паники.
Здраво Близнаци родени во 32 недела од бременоста Првиот близнак се роди 1500gr - вториот близнак 1350gr Сега имаме 6 месеци Првиот близнак има 6400gr - вториот близнак има 6000 gr Педијатарот ни вика дека не напредуваме како што треба и да почниме со вкусови. Колку кила имаја вашите малечки на 5 - 6 месеции? На вештачко млеко аптамил сме
Јас не се сеќавам точно колку беа моите но сега на 4,5 години се 14 кг Мене Палчевска од систина кога се родија постојано ми збореше дека децата треба да бидат како шпагети, долги а тенки. Сега низ работата гледам дека полнички бебиња потешко напредуваат физички. Па зависно од тоа кој ви е педијатар и како се другите знаци кај бебињата би послушала или не за дохрана, сепак се 4 месеци коригирана возраст.
Родена 30гн со 1035, на 6м беше 5.5кг. Со вкусови почна на 7-7.5м. Си ја следеше постојано својата крива на раст, дури сега последните 2 месеци се разјаде и скокна малку погоре..
Има апликации да внесеш податоци колку е родено, должина и кг, внесуваш секогаш кога мериш и си имаш дијаграм како напредува. Дали е во рамки дали над под итн.