Zdravo majki, pred nekolku dena se porodiv so bliznacinja carski 30+6dena, 1070gr i 1760gr, jas sum seuste vo bolnica utre me pustaat i premnogu e tesko. Tesko bese ovde dodeka lezev vo soba so zeni so bebenca i gledav kako im go nosat, gi dojat, se galat i guskaat a jas lezam so prazno krevetce i po 30 pati vo denot te prasuvaat sestrite kade ti e bebeto, ama uste poteska e pomislata deka utre ke si odam so prazni race. Malite sega za sega se stabilni, na cpap se i dvajcata i gi soncaat, od vcera pocnaa i so mlekce po malku, maloto ima infekcija i mu gi smenija antibioticite ama se nadevame na najdobroto. Bliskite imaat socustvo, no nikoj ne moze vistinski da sfati kako e , ako ne pominal niz ova, pa sakav da ve prasam za iskustva, kako uspeavte da ostanete pozitivni i da go pominete ova? Se obiduvam da ostanam pozitivna ama mn tesko odi. Fala vi i sekoja edna od vas e za mene heroj.
Ajde mila bebinjata se golemi borci misli pozitivno veruvam ti oti ti e tesko iako nemam iskustvo so predvreme rodeni deca ama trudi se da bides pozitivna
Voedno sakav da prasam administrativno kako odi da ne napravam nekoj propust , denes ke mi dadat otpusno pismo,samo za mene i potpisuvam deka decata ke ostanat na OINT , pretpostavuvam deka postapkata za izvodi i se ostanato se brka otkoga zdravje ke gi ispustat i niv neli? Sega nema potreba od nikakva papirologija.
Прво нека се здрави и живи, ќе биде се во ред. Инаку можеш веднаш да почнеш процедура за извод и да отвориш породилно. Бебињата мора да се пријават најдоцна 30дена од раѓањето, а во болница може да ги задржат подолг период. Моето бебе е исто родено 30гн, 1050гр а еве сега пред недела дена полнеше годинка и е 8.5кг.
Честитки, стана мајка на деца борци. Тие ако се толку мали се неворојатно многу силни. Моето се роди 900 гр. 47 дена беше во инкубатор. Сега е мома 4,5 год. Не се секирај во добри раце се. Позитивна мисла не знам како да си одржиш бидејќи ни самата не знаев, но мн ми помогна комуникација со мајки кои поминале низ ова. Затоа ти стојам на располагање за се, макар и да се исплачеш за да ти олесни. Административно, одма пријави ги во болница. Не е никаков проблем тоа.Изводи по неколку дена ќе ти дадат. Породилно од кога си породена ти тече. Потпишуваш лист кој даваш изјава дека дозволуваш да останат, тоа сите го потпишувавме. Без гајле, сега за сега е битно они да ја добијат најдобрата нега што им е потребна.
Site sme go pominale toa ti sto pisuvas.Tesko e,koga ti se place placi si.Ama imaj verba vo sigurni race se.Ke pomine I ova.Ke se guskate koga ke potporasnat.Mene me odrzuvase komunikacijata so @tanjita ❤️.Slobodno prasuvaj sto te interesira ,tuka sme
@Lucky1312 Мене во најтешките моменти освен сопругот, најголема поддршка ми беше @teddy85 која поминала низ истото како и јас. Најлесно овој тежок период ќе го пребродиш со комуникација со некој што го искусил истото.
Vi blagodaram na site za toplite zborovi, se zacleniv vo dvete grupi na fb i navistina sekoj eden zbor mi ja gree dusata i mi dava sila i nadez deka se ke e vo red.Okolu prijavuvanjeto moze da se odi samo so moeto otpusnoto pismo vo maticno i normalno vencanica i licni karti ili treba i nekoja druga potvrda od bolnica da zemam ?
Мајка, ти праќам најголема поддршка. Јас сум родена 1.100гр и мајка ми го има поминато истиот пат. Еве ме сега здрава, права 28 години со свое бебе. Ти посакувам што побргу да си ги гушкаш дома, биди силна за нив.
Тоа се само документите што ти требаат за упис на новороденче, плус барање се пополнува и се плаќа административна такса. Отпусното писмо мислам дека не ти треба, тоа ти треба за кај матичната да ти отвори породилно и да ти даде потврди за социјално и општина за еднократна помош.
Те гушкам Лично искуство немам, ама сакам да споделам за моите братучеди. Близначиња. Родени 28ма недела. Едниот немаше ни килце. Сега се прави мажи од 12 години, од мене поголеми! Верувам дека е тешко, ама дечињава се борци. БОРЦИ
Здраво мајки,на 27ми еден месец од како сум породена,бебчето ми е на оинт и е во ред и се е како што треба само што од вчера е префрлена на друг оддел во изолиран дел бидејќи има инфекција,премногу сум исплашена од таму не ми кажаа ништо конкретно само дека има инфекција и дека се третира со дупли антибиотик и изолирана е за да не се шири инфекцијата, инаку бебе супер напредува,веќе и постепено ја тргаат од кислород ама пусти мисли ме утепаа.. Дали сте имале слична ситуација и дали се поминало како што треба? Премногу ми е тешко мислам дека тонам..
Познавам мајка која бебчето и се излечи успешно од инфект. На ФБ има групи за предвремено родени деца пиши таму ќе добиеш повеќе искуства.
Честитки мами, живо и здраво да биде. За каков инфект и да се работи бебе е под надзор, немој да се стресираш. Моето од вториот ден ја ставија во инкубатор поради инфекција, па се избори. Не знам каква инфекција имаше. Првата недела не го примаше млекото. Беше само на инфузија. После се среди. Биди смирена и само верба ќе си се гушкате. Јас тогаш бев многу испаничена. Само се молзев дома, одев таму да се молзам и некако не се спремив за денот кога ни се јавија. Сега да ми тој момент би си средувала дома за бебе. Гушки мама, тоа се борци наши и се изборуваат
Здраво мама, нас неколку пати ни менуваа антибиотици додека да ја изолираат бактеријата која ја фати од респиратор. Среќа што ги следат цело време и на време реагираат. Ќе помине брзо ќе видиш за некој ден ќе ти кажат дека не е веќе на антибиотик. Ти посакувам што побрзо да се гушкате како нас
Ви благодарам,дај Боже да е така и се да биде во ред... Дури страв ми е да почнам да спремам дома алиштенца и другите работи да не стварам малер,име и одбрав и име ми беше страв да и дадам пак за да не стварам малер,премногу ми е тешко и затоа прашувам барем малку да си олеснам и да мислам само дека се ќе биде во ред..
Уште го паметам чувството кое ти сега го имаш.Во сигурни раце е.Се изборивме и ние со сите предизвици.Сега се гушкаме.Спремај си дома за бебето со позитивна мисла.Ќе се гушкате пред празниците.Ќе чекаме да не известите дека сте дома
Верувај дека се ќе биде во ред и наскоро ќе се гушкате со бебе. Мене па полесно ми беше откако купив нешто облека за неа и верував дека ќе биде добра. Инаку мојата на почеток беше интубирана, долго време беше на респиратор, примаше неколку антибиотици, трансфузија со крв примаше 2 пати. Ја пуштија дома 2 дена пред нова година. Поубав подарок не можеше да имам. Еве ја сега бељаџика мала од една година, прави неред по дома. Се ќе биде во ред, верувај. Во добри раце е.