Да си спремаш. Јас истата грешка ја направив. Две недели дома побудалев од грижи, не прима млеко, не качува на килажа, инфекција, абе ужас. Едвај се угодивме за име Послушај ги паталците овде
Ви благодарам на сите,вашите зборови и искуства ми даваат и сила ама и да мислам позитивно. Ќе се потрудам да си дојдам при себе и да почнам полека да спремам.
Значи колку се некогаш од болница безобразни и незнаат како да ти објаснат до душа не ни се обидуваат да објаснат нешто по конкретно 2,3 реда муабет како да сме застанале на улица ми е секое јавување секој ден,толку ме потресоа еве уште неможам да се соземам,барем во овие моменти да пробаат колку толку да олеснат ама не! Се јавив да прашам за бебуш,со нејзе се е во ред,стабилна е диши сама со минимална помош од кислород,млеко пие 8 пати по 26-28мл, ги прашувам што е со инфекцијата дали има подобрување? и тој на телефон ми вика имс подобрување да ама не е тоа тоа се води како лоша состојба и го прашувам зашто како лоша? епа ете така бидејќи сеуште е присутна инфекцијата и толку беше фала пријатно. Се откорнав од плачење се јавував кај маж ми пак да се јави да не не сум слушнала добро и него истото му го кажал ама му рекол тоа мора така да биде вашето бебе е стабилно се е во ред,и сега испаѓа дека тоа го кажал од што така морало а јас еве веќе 3 саати неможам да се соземам ми фркна главата... Може не беше ова за тука за пишување ама морав да се олеснам толку да се без осет и малку емпатија барем во овие ситуаци барем спрема родителите,кај неможеш млеко да носиш твое,кај неможеш бебе да си гушнеш да го мириснеш како шуга да имаме ние мајките,кај неможеш кога сакаш да одиш да си го видиш и уште вакво нешто од џеб истресено да ти кажуваат. Бесна сум и разочарана заради целиот систем во здравството што вака функционира. Извинете мајки морав да си олеснам затоа што знам дека вие ќе ме разберете најубаво.
Штом дише сама тоа е супер.Стабилна е одговор што кажува се.Инфекцијата ќе се излечи со терапија .Ќе биде мајка.Другото no comment.Се ќе помине ,ќе се издржи
Така е мајка, моето лежеше на детска клиника и 5 дена дури бевме разделени информации никакви..стабилно е има инфекција јавете се утре..плус ми се погоди викенд ни доктор ни ништо и хаос...секој ден плачев зошто ни знаев ни што му е ни дали го лечат ни ништо..па после 5 дена отидов таму и после истите муабети ги слушав му ги правеа на други родители што не беа таму со бебињата...тоа е, издржи, се ќе биде во ред
Незнам што да кажам повеќе навистина,Господ нека дава сила да се издржи сето ова само тоа можам да кажам..
Ќе биде, само верувај...зафатени се стварно, мислам дека твоето е на гак ама на детска клиника се стварно зафатени а и искрено нема што да ти кажат...јас сама си листав искрено низ картонот иначе и на визита ми велеа океј е детето, си прима терапија, чекаме брис и крвна слика, дишењето е убаво тоа им беа одговорите, нема што да ми кажат друго..на крај кога ќе си се гушкате дома на се ќе заборавиш
Значи немој да се нервираш. СКоро сите предвреме родени бебиња се со инфекција уште од раѓање, која нормално според нив ја добиле од мајката. Штом дише самостојно не е страшно. Со нив на две си со муабетот. Паметам многу убаво кога ми рекоа дека прима плазма и дека не е во ред. По некое време си ја земав дома Олесни се тука, ама не си ставај нервоза. Знам колку е тешко чекањето. Биди силна како што е и бебчето.
Мене ми кажаа дека е болничка инфекција и дека е во крвта. Веќе се повлекува се надеваме на подобро. А за нервирање најмногу ме нервираат што не знаат одговор да дадат кога ќе прашаш нешто па јас сама се распрашував по роднини кои работат медицина зашто е тоа така..
Уште малку стрпи се. Тој процес е таков. Се намалува инфекција, прима плазма и околу 1800 гр. домче ♥️ . Кога сакаш пиши ми за да ти олесни. Ако ти е подобро и ќе ти кажам на месинџер да ме најдеш ♥️♥️♥️♥️♥️ . Сите сме имале поддршка од некој кој го поминал ова.
Фала ти многу,овој период ми е најстресно јавувањето секој ден и што ќе ми кажат многу тешко некако го доживувам тоа ама си викам се ќе издржам само она да е добро..
Клиничка бактерија е Клексибела се вика со двојна аб терапија ја лечат скоро сите ја имаат ѕаа бактерија им праве наод на плуќата
Здраво мајки,моето бебе е стабилно се е во ред,килажа 1.480г,си пие млекце по 34,35мл,денес ми рекоа дека ќе и давале крв т.е трансфузија на крв,тоа е поради недостаток на крв или е нешто недај боже не во ред? Не сум запознаена ич со ништо може звучам глупо со прашањево ама што да правам.
Моето два пати примаше, поради анемија. Еднаш после антибиотиците, еднаш пред да ја пуштат од болница. Ништо страшно, многу често прематурчињата примаат крв. Штом е стабилна и качува килажа за брзо ќе се гушкате дома.
Zdravo na site, me interesiraat iskustvata so borba so infekcija, pomaloto bliznace e veke 3 nedeli vo izolacija so mnogu visoko crp, nekolku dena bese podobar go simna na 60,no denes mi kazaa 230 deka mu e, smenija milion antibiotici no nisto ne pomaga, trombociti sekojdnevno mu davaat i krv, koga se rodi bese mn stabilen so plukata, pocnavme so cpap pa go premestija samo so kislorod maska, a sega go intubiraa povtorno , zosto nema sila veke. Ocajni sme, se molime sekoj den deka ke e podobro. Dali nekoj izlegol od vakva bitka ili kako i poveketo decinja vo izolacija nekolku dena i vedbas uspevaat da se izborat. Se rodi 1070gr , 30ta nedela.