Мајки ,вашите дечиња што се потпораснати...дали некоја успеала после породилно да земе уште некоја недела боледување ...во некоја група прочитав дека не следувале 30 дена за нега на предвремено родени деца...ве молам доколку има некоја да сподели
Можеш да отвориш боледување за нега за дете со соодветна дијагноза. Консултирај се со матичниот педијатар ќе ти објасни.
Ima dijagnoza 62,9 mislam bese i glasi dete sto e porano rodeno i ne go dostignuva ocekuvaniot razvoj . So nea obicno prodolzuvaat no dokolku e navistina taka
Нас не ни бараа, само секој месец одевме кај Наталија во Систина за контрола и конзилијарно. Со истата дијагноза дека не го достигнува очекуваниот раст и развој.
Епа добро Баш Наталија често бара да им дадам потврда , кај мене кога одат на физикална но најверојатно зависи и од состојбата на бебето , кај вас не требало изгледа
Jas go prodolzuvav moeto so mislenje od specijalist-nevrolog,Natalija vo koe Sto glasese deka odime na fizikalna.Taka I bese.No pak odreduvaat spored sostojbata na deteto.Vaka nesto plus nema deka se predvremeno rodeni
Здраво мајки јас повторно пишувам овој пат пак испаничена,бебето ми е стабилно,веќе е без кислородна поддршка скроз сама си дише,инфекцијата е повлечена но не целосно сеуште прима антибиотик,прима сируп за железото Легофер и Д3 капки,килажата е 1.580г,прашањето ми е што да очекувам следно како се одвиваат работите понатака,? знам дека се зависи и од сосројбата на самото бебе ама мене ме преокупираа мислите. дали да се надевам дека во брзо време ќе ја пуштат да си ја земеме? Испаничена сум освен алишта од дада и друго ништо не ми е спремно.
Мами биди спремна , во текот на наредната недела би требало да ти се јават да си ја земете...инаку да си знаеш дека се јавуваат сабајлето и ти викаат дојдете да си ја земете, не најавуваат претходно ,барем кај нас беше така...купи си шишенце и понеси го со себе ,може ќе ти стават млекце за по пат ,ако сте подалеку...јас кога ми заѕвонија во 8.00 сабајлето уште спиев ,па замисли и нараквицата од паника не можев да си ја најдам 2 саати...ама кога ќе се гушнете ќе биде полесно
Кога ќе ја нема целосно инфекцијата и ќе има килажа од 1800-2000,тогаш ќе ја пуштат.Стискаме палци побрзо да биде
Нивниот одговор за инфекцијата е дека е во фаза на скроз повлекување ама терапијата мора да ја доприми. Дај Боже,фала ти.
Спремај се мама. Веќе знаеш како треба, штом ти е второ. Јас каква бев, леле сега се потсеќам, абе гревче...умрев од секирации. Ништо не знаев како треба. А кога ми се јавија дабајле во 7.20 не знаев шо попрво да направам. Некако глупо им е јавувањето и целиот пристап. Се осетив како да ми стигнала нарачка па да си ја подигнам.
Мене ми се јавија попладне околу 18ч за да ја земеме утредента. Ми кажаа мајка и ставаме трансфузија за да биде со појака крв, имаме навала од бебиња денеска се родија 2 пара близнаци утре ја земате. Таа ноќ во исчекување дека ќе си го земам детето никогаш нема да ја заборавам.
Не сеуште,утре ќе одам да ја видам бебушка па ќе прашам,веќе е 1.800г,ама изгледа дека сеуште е на антибиотик затоа не ми ја пуштаат..
Дури е на антибиотик сигурно ќе ја чуваат ама кога ќе го исклучат сигурно ќе ве пуштат..голема женска е веќе, има и убава килажа...Ќе биде
Најверојатно денес и е исклучен,сега бев па директно од автобус ви пишувам Исклучен антибиотик нема присуство на никаква инфекција,прима само сируп за железото,килажа 1.860г,прашав за пуштање ми рекоа уште малку ќе ви се јавиме ние кога,инаку е префрлена во скроз нова соба,од местото кај што се мијат раце пред да влезеш десно е па лево по мало ходниче.