Здраво мајки. Близначињата ми се родија во 30та недела, сега веќе сме дома. Едното близначе го пуштија прво, пред две недели, а другото сега во средата. Го пуштија штом направи 1 800, и сега дома многу слабо пие млеко, едвај 30мл. Многу се нервирам, денес знае и на крај да поврати малку. Се плашам дека нема да качува на килажа, а премал е. Пробано со мајчино млеко и со аптамил прематуре, ама исто е. Какво е вашето искуство?
Исти сме мајка,мене ми рекоа по 50мл да и давам она тие 50 ги пие на два пати,инаку ми кажаа дека е нормално сето ова на почеток додека се дома и додека се навикнат.
Нормално е да пијат по малку и многу споро. Мојата ја испуштија од болница со препорака дека пиела 60мл млеко, а дома едвај се молевме за 20-30мл. Пресреќни бевме ако испиеше 30мл. Пробував на разни начини да давам, со шише, со шприц или да цица. Нудев многу често да пие, но по малку. Таму долго време ја хранеа со сонда и тешко и беше цицањето.
Бебето треба да го носиш во центат за раст и развој на Битпазар таму го гледаат дефехтолог и психолог и таму ти даваат насоки и вежби за бебето што ќе треба да ги оравиш во иднина и ќе ти кажат на колку месеци треба да го донесеш повторно, за да може детето да се зацврсти и да ги стигне своите врсници....Ова ти го кажувам од искуство бидејќи 2 деца мои се предвремено родени.... закажи си термин во центарот обавезно!
Извини што упаѓам овде, како се со цените? и дали е тој центар за сите деца или ? Може контакт или интернет страна да ми дадеш ?
Сега малку се загрижив што ве читам. 34+4 е родена, на картончето од болница немавме никакви забелешки да се носи во некаков центар. Матичната знаеше дека е прематурче но никаде не немаше испратено до сега.. 1г и скоро4м сме.. не сме биле никаде, дали грешам?
Моето не е прематурче. Терминско бебе е но со родова асфиксија. Го носам само кај Наталија. Ми покажа вежби за дома. Прашав дали да го носам во центарот за раст и развој Немало потреба. Се загрижив овде што ве читам. Некоја ако има слично искуство може да сподели.
Здраво,после Нова Година треба да ја носиме бебушка на педијатар. Препорака ваша каде да ја носам од каде сте задоволни стриктно за вакви бебиња предвремено родени? И уште нешто ако може некоја да ми објасни што се прави на прегледот за ушињата и очите бидејќи и таму имаме преглед после Нова Година сестрата ми објаснуваше кога си ја земавме дома ама јас уште не бев при себе дојдена од сите емоции кои ги имав и ништо не разбрав.
Прима ли некоја терапија за очињата? Инаку прегледот за очи е краток, но подготовката трае 30-45мин. Ставаат капки за проширување на зениците и за тоа време чекате во чекалната. Потоа го земаат бебето и вас нема да ви дозволат да влезете на преглед. Резултатите ќе ви ги соопшти сестрата. Јас од тој преглед излегов со прашалници бидејќи добив одговор само: добра е, без никакво дополнително објаснување. Затоа закажав повторно преглед во Систина кај истиот доктор. И таму не не пуштија на прегледот, но барем имав разговор со докторот за да ми објасни. За ушите прегледот и беше направен додека беше во болница, се беше во ред и немавме препорака за дополнителна контрола. Ехо на мозоче правевме кај Наталија во Систина. Супер е докторката. Закажи си преглед во центарот за раст и развој на Битпазар. Таму има психолог и дефектолог кои го следат развојот на бебето, даваат совети и покажуваат вежби. Исто треба да закажеш и преглед кај ортопед.
Не прима никаква терапија за очињата,прегледот за ушињата исто и е направен во болница. За мозочето ми кажаа на 4 месеци да ја однесам,за раст и развој на колку месеци се оди?
Кога се јавив да закажам преглед, ме прашуваа во која недела е родена и моментално колку месеци има. Па според тие податоци ми одредија термин. Мислам дека на 3месеци ја однесов прв пат.
Ако не сте одбрале матичен , го препорачувам Паскалов таму и ќе ви го следат развојот за прематурче. Нагласете дека е прематурно , немаат место но за прематурчиња нема да вратат.
И моето бебе е 37+ родено но со асфиксија и јас го носам кај Наталија и ми нема спомнато за вакво нешто а ни јас немам прашано