@ALISA0000 што беше кај вас причина за хидроцефалус? Мојата е со крварење во мозочето. Останува само да се следи.
Секој ден прима 2 пати по 1,5мл. Урсофалк, мене ми беше збунувачки од амбулантата докторката ми вели ќе лежите, кога се качивме на гастро спец. го прегледа, спореди претходни и сегашни резултати и рече да продолжиме исто. И да сме во болница истото ќе го прима - само сируп.
Мајкички кога почнаа да одат вашите малечки и дали сите лазеа пред проодување...ние сме 9 месеци , од почеток не сака на стомаче...мака мачиме , се лажеме ,играме , а за лазење мислам абер нема...инаку веќе седи сама стабилно, знае да се потпира на рачиња кога сака да земе играчка , на ножиња стои по малку ,но мислам дека нема во скоро да почне да лази
Касно ,многу касно Некаде пред втор роденден До 6 месеци неможепе да си ја држи главата Ене го у дискотека е сега чекам да се прибере Ке преоде немај гајле некој порано некој покасно
Тоа е индивидуално моето е терминско бебе па на 1 год почна да лазе а прооди на 17 месеци ама јас да ти кажам право и не се замарав многу оти знаев оти тоа е индивидуално и кога тогаш ќе биде
И мојата прва ќерка е терминско бебе и прооде на 15 месеци , тогаш не се замарав ,ова бебе ми е родено 33 недела и се нешто читам ,па споредувам и се нанервирам...ги поминавме основните контроли вид ,слух, кардиолог,невролог ,се беше во ред ,но ниту еднаш не ја однесов во центарот за развој ( матичниот ме убеди дека е супер ) и затоа малку се прекорувам...иако освен што не сака на стомак другото е супер
Мајки на близначињата и се појави кила, на едното папочна, на другото препонска. На помалото што уште нема 3кг, му е на препоните. Ве молам за искуство, колку време може да се издржи пред да се оперира? На преглед бевме во Ремедика, кај Ацо Димов, ни рече дека и двајцата се за операција, ама се додека може да се чека да пораснат.
Моето бебе се роди природно 32+3 сакам да ве прашам кога ви надошло млеко, за колку време од прилика? Утре мене ме пуштаат од болница па ако може некој совет додека да дојде бебето што би требала да припремам, имам земено од предходно некои основни работи но ќе треба нова облека се ќе му биде големо. Што би ми требало плус за прематурче? Фала
Моите се термински бебиња, но на едното исто му се појави папочна кила, матичната ме советуваше да ставам метална паричка во газа залепена на папок (само за бањање тргнав) купив и појас од Медикус хелп но не е практичен. Од два месеци го лепев, до шест му се повлече скроз и благодарение на матичната се спасивме од операција. Колкави сте вие? Пробај стави на тоа што е со папочна само упорност и се надевам дека и вие ќе се спасите.
Да е живо и здраво бебенцето и за брзо да си се гушкате. Спреми си многу љубов, трпение и гушки . Ние за почеток 50ки облека носевме и супер ни беа. За месец дена ќе си биде како терминско бебе брзо ќе си порасне. Мене млекото уште во болница ми почна како стоев до инкубаторот така ми капеше по нозете, потоа дома со пумпа се одмолзував цели 63 дена за да може бебушот да цица ама цицањето ни траеше само 1 месец. На некои од мајките дури после 2 недели им почна, мачно е ама не се откажувај масирај се, пиј течности и ќе почне. Дури и да немаш ќе си пораснете со адаптирано, најважно е да сте добри и за брзо да се гушкате. Доколку имате дохрана кога ќе ве пуштат набави си Dr Browns шишенце со прематур цуцла за да ви биде пиењето без мака. Со позитивна мисла и верба во борецот што сакал порано да ја запознае мама
Јас прво земав електрична пумпа за да одржам лактација. Млеко почна да доаѓа на 3-4 ден. Дома измолзивање дење ноќе на два часа и така успеав да ја одржам додека бебе дојде дома. Во билната аптека има чај за лактација тој го купував и пиев постојано и сок од јаболко. За прематрурчиња облека во картерс само успеав да најдам и во еден мал бутик кај соборен има такви малечки бројчиња. Не паметам како се вика ниту знам дали уште постои. Кај хотел Дувет во зградата долу накај собирен коа идеш има дуќанчиња и има еден за бебешка облека. Пелени 0 за прематурчиња имаш на памперес од зегин ги земав. Влажни не користев, во дм имаш како памучни марамчиња за една употреба. Земи си од тие и само со вода ќе бришеш. Друго незнам специфично за прематурче. За папоче и такви работи лекарства ќе ти кажат коа ќе излезете. Голем дел од прематурчиња имаат проблем со рефлукс (како резултст нели што се порано родени и не е развиено) и во тој случај има перница подигната за таа намена баш ама не купувај одма. Само побарај каде има за ако имаш потреба да купиш одма да бидеш спремна со инфо ☺️
Моето е 35+ недела родено, со 2,5 кг засега само 50ките се точни, се останато виси на неа, со тоа што јас решив да не купувам екстра алишта бидејќи имавме купено многу и да ги носи така поголемки недела, две. Со оглед на тоа што јас на болница, па и сега дома млеко имам во многу мали количини ние купуваме адаптирано плус. Исто капки и пробиотик со листата од болница што ни ја дадоа.