Јас никако не се обратив,само кажав тоа што мислам дека требаше,се јавив кај што требаше ми кажаа да помине операцијата па конците да се извадат па потоа,секако дека сме сите тука за помош ама и секој родител е во различна ситуација.
Сега ме замисливте...и моето не е предвремено родено ама во една од дијагнозите после раѓање беше породилна асфиксија....поради отежнато дишење кое испадна да е инфекција, беше пренесено на Детска клиника Скопје...таму лежеше две недели, се опорави и не испуштија од болница со препораки само за контроли на неонатологија и на кардиологија...кога бевме на првата контрола на еден месец докторката од неонатологија не прати и кај д-р Данило на неврологија, ни направи ехо на мозоче рече се е океј, контрола за 6 месеци...ама следниот пат кога бевме на неонатологија ни рекоа немате потреба да одите повторно на ехо, детето нормално си се развиваше, сега веќе има 2 години, немаме никакви проблеми ама ме замисливте зошто повеќе те отидовме на контрола за мозочето
Штом нормално се развива значи се е ок, немај грижи. Ние правевме ехо на 4м и на 10м. потоа немавме препорака да идеме.
Мајки денес бевме на контролно ехо на мозок на бебињата. Кај едното бебе е уредно, а кај другото имало крварење, пишува HIC1, 2 во санација. Докторот ни рече дека било мало крварењето и дека веќе се повлекувало, контрола и за двете за 3 месеци. Ме интересира искуства, дали е можно да има некакви последици од крварењето и дали успешно се повлекло до крај? Прашав дали треба некаде да се носат дополнително, на физикална или преглед некој, ми рече сега за сега не, да му правиме дома стимулации само.
Немој да се грижиш 1 и 2 степен кај сите се повлекува без никакви последици. Многу се мали и затоа ти кажале стимулации дома исто беше и со нас. На втората контрола ќе ти кажат дали има потреба од физикална. Доколку си во можност бебето кое е со крварење на следна контрола однеси го кај Наталија во Систина за да го види убаво и апаратот е понов и докторката многу детално ги гледа и објаснува. Гушки
Иста ситуација со тоа што на нас ниту еднаш не ни рекоа дека треба ехо ни на мозоче ни на срце или некој преглед на плуќа (имаше ешерихија коли на плуќа)
Здраво мајки, бебенцето ми е родено во 31 недела, месец дена беше во инкубатор. По излегувањето од инкубатор направено е ортопедски, кардиолошки и офталмолошки преглед каде се е во ред, на на месец и пол од раѓањето на бебе направено е ехо на мозоче кај д-р Наталија и ни кажа дека имало еден дел од мозокот што уште не е развиен. Ни даде вежби за дома и на контрола треба да одиме крај на март. Дали некоја мајка има вакво искуство, дали се развива мозочето? Инаку на самиот преглед докторката беше задоволна од движењето на телото и како реагира на звук и светлина. Иако знам дека кај секој е индивидуално но сепак некоја мајка ако имала искуство да сподели. Благодарам однапред.
Мајка одете редовно на контроли кај Наталија,слушајте ја и ќе биде се добро .Со правењето на вежби се стимулира и развива мозочето.Дали имате препорака да одите и на бит пазар?мојата е родена 31н.Сега е 18месеци многу е умна
Почетокот на јануари бевме прв пат на преглед бебе тогаш беше месец и пол, ни рече да одиме на преглед крајот на март па ќе видиме што ќе каже тогаш. На прв преглед ни покажа само какви вежби да му правам за терапија сега за сега вика нема потреба. Само јас се плашам викам да не има проблем некој пошо за една недела ќе прави 3 месеци бебе а не гуга, се смее без глас само усте отвора и кога му зборува некој што не го слуша секој ден само ги шири зениците на очите а не се врти накај тој што го вика, освен мене и татко му на нас се врти најверојатно дека најчесто ги слуша нашите гласови. А Вие одевте на бит пазар?
Не е лошо да го носите бебето на Битпазар за да го следат развојот. Колку што сфатив бебето сега е 3 месеци, а корегирано 1м. Развојот на предвремено родените бебиња се следи по корегирана возраст. Ретко кое бебе гуга на 1м, колку што се сеќавам подоцна доаѓа гугањето. Сега треба да реагира на јак звук и да почне да пушта звуци. На таа возраст сеуште се смеат без звук.
Следната недела сме на педијатар баш ќе прашам за кога да почнеме да одиме на раст и развој А на јаки звуци реагира да, и некои бебешки звуци испушта
Инаку за закажување, сама си закажуваш по телефон. Според тоа кога е родено бебето одредуваат термин кога да отидете. Ако ти е потребно контакт пиши ми.
Доколку не Ви е проблем може да ми пишете бр, сакате овде сакате во приватна порака чисто да се слушнам со нив и што ќе ми кажат а јас со прегледи ќе продолжам кај д-р Наталија и ќе следам нејзини насоки
@Tiny Love ti kazala se sto treba.Ke napreduva ne grizi se,mnogu e rano da reagira na ime.Zboruvajte mu mnogu na bebeto,toa pomaga
Се надевам на следен преглед ќе биде добро, а за зборување да да му зборуваме сите по дома, јас нон стоп кога е буден