Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуство со предвремено родени деца

Дискусија во 'Бебе' започната од eva11, 29 февруари 2012.

  1. teddy85

    teddy85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2019
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Nie posle Tri meseci ja vakciniravme.Taka pisuvase vo otpusnoto.Ama ako se sekavam dobro,prvo napravivme krvna slika.pak se konsulturaj so maticen pedijatar
     
    На Hope22 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  2. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.725
    Пол:
    Женски
    Во отпусното писмо пишуваше после 2м, но ја вакцинирав после 3.5м. Во меѓувреме следевме крвна слика и според тоа матичната одреди кога може.
     
    На Hope22 и teddy85 им се допаѓа ова.
  3. Hope22

    Hope22 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2022
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Не знам на нас зошто ни рече докторот после 6 месеци, гледам и други после 3 месеци им ставаат. А за крвна слика да знам и со ќерка ми пред секоја вакцина правевме крвна слика
     
  4. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Ние ги примивме после 3 месеци после трансфузија на плазма, во отпусното писмо од неонатологија и во консултација со ненатолог ни рекоа 2 месеци, во меѓувреме фативме корона и заради тоа ни рекоа 3 месеци
     
    На Hope22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Да прашам како оди закажувањето кај др.Беким Татеши?
     
  6. Hope22

    Hope22 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2022
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто на нас ни кажаа по 6 месеци, д-р Антони Христовски од Систина го води малото. Во четврток сме на преглед баш ќе го прашам пак да не случајно лошо сум разбрала
     
  7. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Можеби заради албумините или транфузијата крвта...ние имавме само трансфузија на плазма, а одевме на Детска клиника на оддел за неонатологија...таму ни пишаа два месеци и така после не водеа во вакциналниот картон...сепак консултирајте се со доктор, како ќе ви кажат така ќе правите...ние почнавме на вакцини со 3.5 месеци, на 10 месеци веќе ги стигнавме дечината кои редовно почнаа со примање...само ротата ја промашивме
     
    На Hope22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Кој има искуство со недоволно и нередовно јадење кај прематурчиња?

    Не можам да фатам ред, цело време ми спие башка ми намали со килажа..

    Не знам како да постапам, не се чувствувам баш нај нај .. нити сме одморени, ниту ред имаме фатено, а нашиот веќе го изгубивме.
     
  9. mb2408

    mb2408 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2018
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    835
    Пол:
    Женски
    Се јавуваш кај сестрата и она ти закажува кога,ако ти треба бројче пиши ми,ние бевме минатава недела
     
  10. Balerina90

    Balerina90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Нас ни рекоа исто после 3м, ама секако се одложи повеќе поради анемија. Тие што се примаат до 3м (рота и нз која друга беше) не ги прими.
     
    На Hope22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Која бебешка козметика се препорачува за предвремено родени бебиња или нема врска.
    Мислев да им земам корине де фарм али уште неможам да се одлучам.
     
  12. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.645
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има посебни. Ние од старт зедовме само купка/шампон на Chicco, а по некој ден дома и лосион. Не планиравме многу бебе да е предвремено ама така испадна. Баш пред некој ден пишував дека се лупи кожата и дали да менуваме козметика. Меѓутоа веќе се средува тоа, така да засега за моево бебе одговара таа. Друго немам пробано за споредба.
     
    На Suze18992 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. @Tina

    @Tina Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите го поминавме проблемот со јадењето и отежнатото голтање на почеток. Нас не пуштија после 63 дена од болница со препорака да јаде по 70мл. Тоа беше невозможно. Среќна бев кога ќе испие 30мл и јадењето траеше по 30-40мин. Потоа д-р Фидановски ме советуваше наредната недела да давам 45мл. и така 2 недели па по 15мл зголемував на 2 недели и фативме ред. Не знам дали цицате или од шише пие бебушот ама ние се препородивме со Dr Browns шишето со тесно грло со прематур цуцла (не е реклама :) сите што постојат од мака претходно ги имав пробано ама само со ова успеавме. Тешки ни беа првите 2 месеци со пиењето ама после бебушот се збумбари не се држи. :*
     
    На AniSk, Cence и Tiny Love им се допаѓа ова.
  14. @Tina

    @Tina Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Ние по препорака од педијатар почнавме со мустела благото шампонче, а потоа продуживме со мустелата 2во1 и сум задоволна.
     
    На Suze18992 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.645
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Бидејќи немав млеко на болница, а скоро воопшто ни дома на адаптирано е моево бебе. Е сега родено е 35+ недела ако нешто има врска.

    На болница ни рекоа да го храниме 30-40мл на секои 3 часа. За среќа јади без проблем, меѓутоа со толку храна скоро без напредок за 10 дена. На сите аларми, сето станување, оброк да не се прескокни. После тоа зголемивме на 60мл, на почеток неколку дена со потешкотии, ретко кога ги јадеше. Потоа без проблем. Напредок одличен. Сега на месец и тие се малку. Така да веќе почнуваме да се учи на количина од 90мл, па за 10тина денови сите оброци да ги замениме.
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    @Tina

    Моево го испуштија со препорака за 8х40мл. Беше невозможно, бидејќи едвај 20мл јадеше. Сега сме на 7х30мл. Малку напреднавме со оброци, но процедурата трае долго од 30мин до 1час зависно колку соработува.

    Пие мое измолзено млеко од залихата, така да засега со шишето на baby nova ни тргна работава.

    Тежок е процесов уствари се додека не најдеме некој ред.

    Инаку сме со аларм на 2 часа, за да го фатиме редот колку можеме. Ама сме утепани и двајцата..

    Се надевам дека е период (fingers)

    @Miss_S

    Супер сте значи, напредувате :)

    Па јас се надевам дека ќе покачиме малку килажа до Четврток, тогаш сме на втора контрола.

    А кое ад млеко и даваш? Моето е рането со Aptamil Premature. Он и таму си имаше проблем со храната и ми кажаа дека ќе си имам мака, ама не верував дека за ваква мака ми зборуваат..

    Се надевам дека ќе помине ова за брзо, млеково мое мора да се искористи инаку градиве ќе ми пукнат |-)
     
  17. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.645
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    И на болница и дома со Бебелан. Моево пак од раѓање со голем апетит е :D

    За напредок ќе видиме тек за неколку недели. По дома како ги мерите бебињата? Имам дигитална вага ама постар модел и некако многу разлики ни покажува спрема мерките на педијатар. Мериме еден од нас сам. Плус истиот со бебе в раце ама веројатно не е веќе точна вагата.
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  18. @Tina

    @Tina Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Почнавме со aptamil premature, а цицањето му беше само како десерт, не успеав после 2 мес да го задржам млекото количински, а и завршив пак на операција и терапии и не смееше да цица 10 дена и после тоа воопшто не сакаше. Си пораснавме супер здрави со аптамил. И нас ни кажаа будење и јадење со аларм кој што никогаш не го уклучив бебето ми беше аларм :). Јас решив дека треба да го слушам бебето и кога плачеше некогаш му давав и на 2 саати, а некогаш ако спие и на 4. Не се водев строго на 3 саати. Тешки се првите 2 месеци ама брзо поминуваат и после супер напредуваат бебињата.
     
    На Hope22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kostarika

    kostarika Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    2.127
    Веледа и биодерма , предвремените имаат атопична кожа често
     
    На Suze18992 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hope22

    Hope22 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2022
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Мајка не знам во која недела си породена и со која килажа ислочивте. Јас се породив во 31 гестациска недела, бебе родено со инфекција, задебелување на ѕидовите на срце и проблем со мокрење, еден месец во инкубатор беше го хранеа со сонда, но скоро недела дена бев и јас во болница на адаптација и тогаш почнавме со шиша да пие, едвај 15 мл ги пиеше но со упорност со скокоткање по ноџињата, под гуша со закачање по 30 мл му давав. Од болница искочи со 1680 гр., Од таму ми кажаа да станувам на секои 3 саати да му давам, не смее да поминат повеќе од 3 саати. Почнавме со 30 мл постепено секоја недела додавав по 5 мл, сега фала богу без проблем си пие по 100-110 мл. На почетокот ќе го будите вие после тоа само си станува. Моето има 3 месеци а корегирани 1 месец. Утре сме на контрола баш ќе видиме колку е поправено од последниот преглед кога имаше 2560 гр.