Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуство со предвремено родени деца

Дискусија во 'Бебе' започната од eva11, 29 февруари 2012.

  1. Hope22

    Hope22 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2022
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Јас користам на Еуцерин и маслена купка и лосионот, сега за сега супер му одговара, ептен мека му е кожата.
     
    На Suze18992 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Јас се породив во 33+6, а бебе со родилна тежина 1900гр.
    Излеговме со 1860гр., па дома си дојдовме и падна со килажа -60гр.

    Овие неколку дена имаме строг редовен режим на исхрана. Успешно го менаџираме тоа засега и се надеваме на добар резултат.

    Утре сме на втор преглед да видиме дали сме накачиле килажа.(fingers)
     
  3. Hope22

    Hope22 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2022
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Не се секирајте ќе почне да качува, на почетокот додека да почне да влече е тешко верувајте ама после постепено ќе зголемува и со милилитража. Кога излеговме од болница делот што не можеше да го испие или цуцлата му ја стегав да му тече млеко во уста или со шприц му го додавав, малку ќе му ја поднаведнев главата и така го голташе. Сега на почетокот е битно да се запази временски да не биде оброкот на подолго од 3 саати и обидувајќи се на секаков начин да ја испие милилитражата. Пред месец дена кога бевме на преглед тогаш како што напоменав имаше 2560 гр и докторот ми рече не мора веќе да го будиме на 3 саати ама сам си фати ред што сам се будеше на 3 саати. Сега последната недела знае и на 4 саати да се разбуди навечер.
    Баш пишете што сте направиле на преглед. Сигурно покачило килажа.
     
    На Cence и Starchild им се допаѓа ова.
  4. Hope22

    Hope22 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2022
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    И со цуцла лажливка пробајте, како што му ставив на моето побрзо почна да го пие млекото
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Денес бевме на контрола и ги вративме тие 60гр.за овие 3 дена. На добар пат сме верувам (fingers)
     
    На Pipismel, DaisyD, @Tina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Hope22

    Hope22 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2022
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Одлично, супер, пополека се ќе биде добро, ќе почне да качува, како што повеќе расте повеќе ќе бара и за јадење. Мачно е многу првиот месец ама се ќе направиме за нашите мали борци :inlove:
    Ако ти треба нешто слободно пиши ми во приватна порака :)
     
    На sani99 и Cence им се допаѓа ова.
  7. Simovska92

    Simovska92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, јас се породив во 33+2 дена со итен царски рез поради заматена вода (претходно имав контракции 2 недели) и бебето беше стабилно но денес ми соопштија дека е на механичка вентилација во инкубатор и дека има некаква инфекција, ве молам дали има некој вакво искуство на гак сум моментално дали може да се подобри ситуацијата навистина не знам веќе што дќќ
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.725
    Пол:
    Женски
    Моето беше на механичка вентилација во инкубатор и примаше терапии против инфекција. Често бебињата родени во помала гестациска недела минуваат низ тој пат и успешно се изборуваат. Ако се мали, сепак се големи борци.
    Ќе биде добро :hug:
     
    На Simovska92 и teddy85 им се допаѓа ова.
  9. Hope22

    Hope22 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2022
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Мајка знам како ти е, но пак ќе кажам само позитивна мисла и се ќе биде добро. Јас се породив во 31 гестациска недела во Систина, бебе се роди со инфекција, зголемување на ѕидовите на срцето и од втор ден на раѓање престана да мокри во инкубатор беше месец дена, беше на механичка вентилација па на тубус но со соодветна терапија пополека се се среди. Прематурчињата се склони кон инфекции. Не се секирај ќе си биде добро. Тежок е тој пат да, ама пополека ќе си биде добро
    Ви треба само позитивни мисли и молитви кон Бога.
     
    На teddy85, Starchild и Simovska92 им се допаѓа ова.
  10. Simovska92

    Simovska92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу ме исшокира педијатарот коа ми кажа не очекував и стварно не можам да замислам што се случува а уште не станувам дека со царски :(
     
  11. Simovska92

    Simovska92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу се надевам искрено не можев да се соберам ептен ми дојде неочекувано и ништо не разбрав што ми зборат
     
  12. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Мила биди силна, моли се и верувај во Бога дека се ќе биде добро. Пред не цели 4 месеци го одев истиот пат и тоа за две бебиња, што значи дупла грижа, но и дупла среќа. Ќе се избори и твоето бебе сигурна сум.
     
  13. Hope22

    Hope22 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2022
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Нормална е твојата реакција. Тежок е
    Нормална е твојата реакција. Не се секирај големи борци се они. Пополека и ти ќе почнеш да стануваш, се ќе се среди. Истиот пат го одев во ноември, бебе родено со Апгар 5/6 и проблеми што пишав погоре но со позитивна мисла и молитва фала му на Господ веќе 2 месеца се гушкаме со бебуш. Ќе биде се добро, ќе издржиш мајка, Господ дава сила :l:
     
  14. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Мајки може да споделите искуство со роп прегледот, ние имаме утре закажано па да знам што не чека?
     
  15. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.725
    Пол:
    Женски
    Каде ќе правите?
    Инаку прво ќе му стават капки на бебето за проширување на зениците и ќе почекате околку половина час. Потоа ќе го земат и ќе го прегледаат. Мене не ме пуштија на преглед кај докторот ниту на клиника, ниту во Систина.
    Кога ќе заврши прегледот, сестрата ви го враќа бебето.
     
  16. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Не ти го дадоа со навика? Нас кога не пуштија од болница точно си се будеше + - 3 саати бевме на 30 мл сега сме стигнати на 60мл плус на града ако изгребе нешто :)
     
  17. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Во систина кај Татеши сме. Ми ја објаснија процедурата но ми рекоа дека може да има нус појави после тоа повраќање температура и флеки околу очињата? Дали твоето имаше нешто такво?
     
  18. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.725
    Пол:
    Женски
    Не не, ништо такво. Двапати правевме, немаше никаков нус ефект.
     
    На Pipismel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Фала ми олесна малку, изгледа дека го кажуваат тоа превентивно ама страшно звучи
     
  20. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    И на моето немаше ништо вакво, освен малку црвени очиња од капките и самиот преглед.
     
    На Pipismel му/ѝ се допаѓа ова.