Не се грижи,и моето бебе беше и на механичка и со инфекција и се избори со се,веќе сме дома и се гушкаме,многу се мали ама поголеми борци од нив нема. Биди силна и верувај му на Господ и на своето бебе,на секој го кажувам ова што поминува по овој пат затоа што навистина ако имаш негативни мисли бебето се осеќа иако сте разделени..
Мојата цимерка од соба се породи во 36 недела затоа што имаше некоја уринарна инфекција со напад на бубрег па тоа се префрли кај бебето на бели дробови. Веднаш го ставија на мех. вентилација и таму беше некои две недели. Сега бебето е супер, убаво си напредува, така што имај верба во персоналот и трпение, бебо ќе биде во ред, наскоро ќе се гушкате.❤️
Фала ви многу на сите се стабилизирав некако знам дека мора да сум силна за него многу неубаво ги примив сите вести ми дојде и мојата докторка да ми објасни поубаво зашто многу лошо ми објасни педијатарот односно не ми објасни ништо се молам секој миг за опоравување
Мајки од кога почнавте да им давате сокчиња/кашички на вашите малечки? Дали според месеци од раѓање или корегирани?
Мајки,тие што сте породени 30 недела според корегирана возраст како рачунате? ние сме сега 4 месеци и јас рачуна според корегирани 2,а невролог вчера ја рачунаше како 1 месец и малку сум збунета.
Ќе биде добро бебето мама, го следат и ќе направат се што треба. Сите го поминавме и шокот и помирувањето со состојбата и само верба во детето свое и во господ на сите ни помогна. Точно пред 1 година го поминувавме најтешкиот период и моето бебе беше 13 дена на механичка вентилација и на секој втор ден му менуваа антибиотици и се избори со се. Еве го само пее сега не застанува . Мисли си на денот кога ќе се гушнетете
Мамички мора да бидете храбри и да имате верба,можда звучи клише ама да не беше Бог и сите молитви кон него мислам дека ќе полудев.И јас сум мајка на прематурче,со мноооогу падови и подеми.Роден 32 недела,фетал дистрес,реанимиран на раѓање,фала му на бога се врати од мртвите.Никој не ме слушаше дека не го осеќам детето 2 дена на патолошка и дека нешто не е во ред,спие мајка,од лековите ти е мајка...Беше 40 дена интубиран,уште 20 дена со маскички и незз што за дишење,вкупно 93 дена на интензивна и уште 15 дена на неонатологија.Бронхопневмонија,сепса, еден куп болнички инфекции/бактерии закачи.Крварење во мозочето,проширени комори,9 трансфузии,почетен хидроцефалус,го ранев на сонда, триста глупости незнам како живеев тие месеци.Откривме дека има редок генетски синдром затоа што имаше необјаснета хипотонија па подлегна на генетски испитувања и се избори со се и си дојде дома конечно,3 ипол месеци ми изгледаа како 3 ипол години.Водата во мозочето се повлече ,го научив да јаде од шише за 15 дена,одевме на интензивна физикална терапија и плус многу работа вежби масажи дома застана на нозе,оди трча беснее.Сега има 4 години да го видите никогаш не би рекле дека е прематурче и дека има проблеми или некакви генетски разлики,остана проблем со говорот да се реши ама ќе прозбори кога тогаш,работиме на тоа.Секогаш кога ќе го погледнам горда сум на него до бесконечност.И на себе и на мм.Нема личност на светов на која сум погорда и која ми е поголема мотивација.Бидете силни се ќе помине и се ќе биде во ред.Овие мали ѕверчиња се страаашни борци.Тешко е и останува лузна и страв цел живот ама кога ќе ги видиш сите успеси и кога ќе го гушнеш сфаќаш дека не би сменил ништо на светот пак би го одбрал тоа мало ѕверче 100 пати одново.Ви праќам сила и на сите што си ги чекате бебушките и што се борите со предизвици.Се ќе биде добро
Ви благодарам на сите премногу тешко ги поминувам деновите но се надевам и се молам да се подобри ситуацијата млеко ми капе не знам што да правам се надевам ќе можам да го дојам да се подобри среќа ме пуштаат да го гледам да го допрам пребрзо се случи се уште си мислам зашто ама тоа е морам да бидам силна, ви благодарам на сите за подршката едвај чекам да ми го дадат во раце
Mozes da si iznajmis elektricna pumpa za izmolzuvanje ili da si kupis.Jas taka go odrzuvav mlekoto.Znaeme kolku ti e tesko ,no majkata izdrzuva se.Otkako ke si otides doma raduvaj se sekogas koga ke ti kazat bebeto e stabilno.Taman malku ke si zazdravees,ke si spremas alista I soba za bebeto i ke ti se javat da si go zemes.Toj den ke zaboravis se loso Sto se slucilo.Do togas mnogu verba i molitva.Pisuvaj ni dobri vesti
A jas samo ke dodadam oti site deca se golemi borci a za govorot ne se sekiraj mnogu moeto e terminsko rodeno i e 4 god pa uste nekoi bukvi ne gi kazuva kako sto treba maticnata ne prakase na logoped ama ne otidovme dosega oti mi se smaci od bolnici veke za 4 god jas pominav 3 operacii na stomakot i sepsa i MRSA a pred toa se borevme so neplodnost 13 god i cela bremenost mi bese rizicna so malku odlepena postelka i kazav na maticnata dr na kerka mi oti ne odeme na logoped sega zasega ama zasto ne odime ke cekame da napolne 5 god pa posle logoped oti mi prekipa veke od bolnici
Здраво на сите, премногу ви благодарам на подршката, бебето ни напредува и се надеваме дека ќе продолжи така , имам едно прашање досега беше со седативи и спиеше, кога го видовме и му зборувавме сакаше да не ѕирне кога го отвори малце очето само белка имаше искрено не знам кога и како треба да отворат очиња, дали знаете кога треба да има прегледи и како треба да му изгледаат нормално не знаеме ништо ќе си прашаме и педијатар но дали некој има искуство со тоа
Супер што напредува, дај Боже што поскоро да ве спојат. А за очен преглед ќе ве известат таму кога треба да се направи. Уште не му се убаво отворени очињата исто како во стомак да е. На нас неврологот ни кажа дека терминските родени бебиња чисто прогледуваат во третиот месец а прематурчињата плус времето до пораѓај. Инаку сите новороденчиња кога сонуваат нешто прават гримаси се смеат/ лутат и само белките од очињата им се гледаат Некогаш се слатки ама некогаш се "крипи"
Фала ти многу маж ми малце се успаничи нормално ме исплаши и мене па викам да пишам чисто за мислење зашто со гугл уште толку се паничиме, секој пат кога одам ми иде да си го земам ама тоа е ќе се издржи се ќе почнат со cpap и се надеваме на подобрување
Го знам тоа чувство, исто и јас секој ден како што одев на посета викам сега да ми кажат земи го одма би го земала иако толку беше мало (1400 гр) ама само трпение мајка и позитивна мисла и тој ден ќе дојде, ќе си се гушкате дома. А гугл колку што можеш избегнувај го затоа на крајот секој случај си е приказна за себе, а таму (на гугл) претежно пишуваат лоши работи или пак во тој момент мозокот тоа само го селектира. Не се секирај мајка, се ќе си биде добро, дај Боже наскоро да ве спојат