Ќе ги отвори очињата рано е, моето после 3 недели во инкубатор ги отвори убаво очињата, претходно исто ѕиркаше по малку само со едното окце. Ќе му направат преглед таму додека е во болница и ќе ти кажат кога да направите контрола кога ќе го пуштат. Ќе биде добро спремај се за гушкање
Се ќе биде во ред не се секирај. Јас кога дојдов дома неможев да спијам последно кога го видов го сончаа баше гол со наочари и со инфузии, нормална процедура но страшна за една мајка. И мојот мижеше ама сестрата го покриваше инкубаторот и ги отвараше очињата може да му смета светлото уште не се навикнати на светло.
Zdravo majki moeto bebe e 5kg 4 meseci. Maka macime so mleko pienje. So pesni vo race sto da vi kazum mesec vreme sme taka. Kolko davate da pie bebe od 5kg i kako da rasporedam 750ml mleko vo celiot den na pomali obroci?
Не е малку 5кг на 4 месеци, супер е. Едното кај мене е 4кг, скоро се 4 месеци, ама мало се роди и според тоа е супер напреднато. Пие по 90мл млеко на 3 часа, сега почна и по 120мл неколку пати во денот. Другото ми е поголемо, 1.5кг д потешко и пие по 120мл на 3 часа исто. Зошто имам две бебиња можам да кажам дека секое бебе си е приказна за себе, еден период и на двајцата давав по 90мл, ама помалиот си напредува по малку и тоа е. Најважно е да напредува.
Здраво мајки дали имате информација дали работи уште развојното советувалиште во бит пазар, по што не креваат на телефон
Zdravo majki moeto bebe e 5kg 4 meseci. Pie 7 pati mleko. 1 obrok 130 i drugite se po 100ml na 3h vkupno izleguva 730ml. Dali e dovolno? Tie se gotovi obroci od 90ml i 120ml.
Сакав да прашам дали сте ставале Рота вакцина, нас ни рекоа дека треба да има 12 недели од бсж то зошто и двете биле живи а ние нема да имаме. Исто ротата не смее да се прими по 12 недела. Совет?
Хмм, на децава размак од бсж до рота беше еден месец. Немавме проблем никаков. Нит па рекле дека морало да има размак. Аман со различниве препораки.
На флаерот што ми го даде патронажната а и сега во групата од 0-6 пишува дека не треба детето да биде постаро од 12 недели. Бсж ние ставивме сега кога имаше 6 недели.
Да, Рота се става до 12та недела, но мислам дека нема поврзаност со БСЖ. Ако треба да има растојание од 12недели од БСЖ, тогаш никој нема да може да ја прими Рота.
Никој од предвремено родените, на терминските точно им паѓа. Целата поента било дека не е препорачливо две живи вакцини во краток рок. Но ако сте ставале сите значи нема никаков проблем
Со предвреме роденото не ја ставивме рота, со терминското ја ставивме 11+3, а БСЖ ја прими на недела дена, што значи разликата е помалку од 12 недели.
Нас ни рекоа дека 6 недели треба да поминат. Бсж ставивме на 4 недели и некој ден, за рота ни закажаа на 11 недели