@brm_brm @kostarika И мене ми ја препорачаа линијата на Биодерма. Ги користам од старт маслената купка и балсамот. Во скоро ќе прави 2 месеци, досега не сме имале некоја реакција? Поради која причина не се препорачува за предвреме родените?
Во моментов и го пренесувам разговорот на преставничката и очигледно е недоразбирање. Откако ќе се роди детето може да се користи иако е предвремено но не во оној период од 30 та недела до 40та . Кога практично рачунаме дека бебето не е ни родено и внимаваме што правиме. Ми се случило да речат педијатри зошто се носи бебето рано на ортопед кога практично не еродено и не очекуваме на ехо да се види оформен колк пример. И затоа биодерма е претпазлива во тој период
Биодерма атодерм маслена купка и млекото за тело ги користам цело време. Дерматитот со тек на време се подсмири кај син ми и само со ова ги мачкам.
Majki porodena 33 +6 vo Plodnost Bitola so 1200 denesaloto imase teska kriza ja odnesija sistina velat stabilna e. Nekoj iskustva mnogu bi mi znacele
Мамички ве молам за ваше искуство околу грчеви кај прематурчињата дали се сметаат од денот на раѓање или корегирани. Малиот има 4 месеци (2 корегирани), пред 2-3 недели има многу јаки грчеви, пробавме со неколку видови на капки и чаеви ама навечер после 16 часот ептен е кенкав. Се надевам наскоро ќе поминат
Probajte so infakol ili so infakalm no prvo sovet so pedijatar za niv nas samo infakalm ni pomagase za grcevite
Пробано е со еспумисан, инфакалм пол, Co lactase, сега и колиеф ама некако немаат многу ефект. Давам чајче на хип коморача, чај од ким, некогаш знае од сабајле да е мирен ама попладне обавезно поминува во кенкање или добро плачење. Претпоставувам и грчевите се рачунаат по корегирана возраст инаку ми нема логика во 4 месец да почне со толку јаки грчеви
Дали имате искуство кај период кој цело време во текот на денот е со плачење, кенкање иако бебе е најадено, пресоблечено и полузаспано? Во мојот случај, после сите овие активности штом го оставам да продолжи да спие во креветче за кратко време почнува да плаче до зарипнување.. Се смирува само во раце (некогаш ни ова не помага) и на града (засега помага). Ме интересира како сте постапиле во ваква ситуација и на што се должи ова?
Обично вака прават кога се во скок.Нека смени малку енергија,нека го чува некој друг бебето малку,саат два.Тоа помага,колку толку.Ако ја немаш апликацијата да видиме дали сте во скок
Моето е 2 месеци, корегирано скоро 3 недели. Измешано е и со грчеви плус, така да ептен хаотичен период. За која апликација станува збор? Да ја симнам, да се водам според неа.
Моето е 33 +2 сега сме дома веќе една недела после 30 дена, поминавме доста бурен период додека да дојде дома сега ми е малце постресно но кога ќе си го гушнеш се ќе помине се надевам дека сте добри
Здраво на сите ние сме тазе дома веќе 1 недела, имаме грчеви што не мачат но овие 3 дена бебето ми е будно некогаш по 3 саати и не може да заспие никако се пробувам и сум навистина загрижена дали има некој што се соочил со овој проблем педијатарот ништо не ми предложи...
Му давам babytol neonate педијатар ни кажа и кокиеф, преку ден цел ден спие станува само по 5 мин, а навечер е буден знае да мрда но и само да седи така и да гледа и да мрда со раце нозе но не како да се грчи туку си седи така и не можам никако да го успијам ќе заспие 5 мин ќе стане и ќе седи така. Преку ден кога спие има грчеви но ги спие сега не знам зашто навечер не можам да го успијам
Заменети му се ден и ноќ мислам штом дење ти спие а ноќе не. Они не знаат уште ден-ноќ, до 3 месеци мислам е така Пробај преку ден нека му е гласно и светло, работи по дома, садови, правосмукалка, тв нека е пуштен во позадина ко и нормално итн, а ноќе темно, без светла палење, само некое пригушено светло колку да го гледаш, мењаш памперс или даваш млеко, и можеш бели звуци да му пушташ. Мислам дека е до ова, пробај мајка
И јас така мислам башка на гак како што знам само навечер му правеле тестирања и контроли и све и си мислам дека може и нешто од таму навика да му е толку го чекав дома и се си мислам дека нешто не правиме добро. Еве ќе почнам да го занимавам малце повеќе преку ден ќе видиме како ќе биде
Грчевите може да му се и ако сменило млекце. Бебињата обично навечер имаат повеќе грчеви. На моево бебе му требаше цела недела да се прилагоди од аптамил прематур на аптамил 1. Ги користевме Еспумисан доста ефикасни се покажаа.
Сменивме од формула почнав да му давам мое измолзено во шише ама многу брзо го пие па има грчеви сега пробувам на цице и со поспоро шише па не пие и веројатно е гладен така ми кажа педијатар и повеќе да седи на града исто и дека му се сменети најверојатно ден и ноќ ептен ми е мачно со молзење па да јаде па стерилизирање ама тоа е ваљда ќе помине и ова само да биде добар