Каков витамин ц, давате на бебе? И моево е со низок хемоглобин т.е беше. Сега немаме испитано ама освен капки сидерал или малтофер не ни рекоа нешто друго да даваме.
Моето е пред 4 ипол год.родено во 32 недела со 9 трансфузии беше,дома пак беше анемичен кога дојдовме.Сидерал пиеше и овој Ц витамин тогаш ни го дадоаhttps://www.evit.mk/kupi/vitamini-minerali-kupi-online/vitamin-c/vitamin-c-kapki/
Не е битно си има полно примени Ц.Јас сеуште него си го купувам и го користиме Ц и Д тоа давам од витамини само.Али не е проблем да се користи од бебе да,само мислам не се сеќавам точно по 2-3 капки мислам идеа на доза одамна беше кога беше бебувче.
И моето бебе беше со анемија, додека беше во болница примаше легофер и трансфузии, дома продолживме некое време со сидерал ама му правеше проблем со какањето и на крај најмногу ни помогнаа малтофер капките. Се се среди со малтофер, редовно правиме крвни слики и супер е. Ми ги носеа од Бугарија, може имам и нови неотворени ако не најдете пиши ќе ви дадам.
Здраво, искуство со предвремено родено бебе и 3 годишно дете дома. Како постапувате во однос на контакти поради вируси и инфекции со оглед на тоа што бебето е недоносено?
Фала ти многу, ќе пробам и со ц витамин да ми препише матичниот и да видам и негово мислење секако ќе прашам за да сменам зашто еве при крај е сидералов нема некој ефект но може зашто не примаше витамин ц
Јас кажав никој да не ми иди.и бабите.Моето поголемо е 4 години и не ја праќам во градинка ни игротеки,општо затворен простпр со деца само двор или отворено место.После се една настинка од некој нас скапо да не кошта никако
До 2 месеци премногу пазев на контактите, ама не можев ни да забранам на големиот да се дружи и социјализира, или да го гушне братчето. Среќа малото е родено во мај па фативме летен период дури да "пркне". На 2 месеци ние и на одмор отидовме. Зимава имавме вирус донесен од големото од училиште, ама не беше толку страшно. Инаку малиот ми е роден 35 недела
Точно така, и мене ми е од тса причина. Кај нас настинка и кај предвремено родено настинка не би било исто.
И малиот мој е роден 35та ама малку и стагнираше со раст, па одговара на 33та/34та одприлика. Тоа ме интересира до колку месеци одприлика треба да се припазува.
Мајки ако има некоја број од докторката Наталија од Систина? Сакам да ги носам бебињата на второ мислење, многу тешко се доаѓа до термин кај неа, или предложете ми некој друг доктор. Инаку кај Данило се носени, ама тешка гужва е и не сум задоволна.
Јас успеав да закажам за 4 мај. Се јавив на 15ти април сабајле во 8 и ми кажаа да се јавам на 20ти. Си ставив потсетник во тел и се јавив на 20ти април во 8 сабајле и ми закажаа. Ако не успееш преку луѓе тогаш звони во мај барем за јуни да ти закаже. Доволно е и само еднаш да ги види и да ти каже дека се е во ред и не знаеш како ќе се смириш
Здраво, прематурче родено во 35та недела, беше на оинт 12 дена, пред неполна недела го земавме дома прашањето ми е, некоја со искуство ако има за доење. Фаќа убаво да цица ама давам и допуна 50 до 60мл мајчино млеко одмолзено после цицање. Па да спиделите мислење дали е тоа многу или малце. Не ми го повраќа си бара и повеќе. А килажа нема многу 2.010 беше испуштено од оинт
Немам многу искуство со доење ама со бебе исто 35та недела, прво дававме Ад 30-40мл, потоа испадна дека е малку таа количина и за брзо зголемивме на 60мл - 8 пати на ден. Не би знаела да кажам дали е многу или малку за вашето дете.
Јас на килажа од 2100 давав 30мл дохрана,по совет на педијатар. Мало желудниче имаат, па штом цица плус да не се преоптеретува со повеќе. Штом не повраќа значи му е таман, ама јас повеќе не би давала.