Мајкичка, оди да те гушнам. И моето е родено 35 недела, 2500 родилна, ама не пуштија со 2000г дома и жолтица. Слабо цицаше од жолтицата и молзев и дохранував. Му давав колку сака да испие. Додека не почне да плука. Ако се успиеше на 2 саати му давав да цица или молзено. Додека не се збуцка и не качи на килажа. За месец два, веќе беше буцко и ми падна товарот од гради. 50-60мк мислам не е многу за него, доволно сега за сега. Поготово што не знаеш колку исцицало оти како ќе измериш, нели? Следи и пелените, колку полни со мочки и каки. Најадено бебе е мирно, задоволно, спие. Апетитот ќе му се зголемува брзо, така да нуди му и слушај му ги потребите на бебе. Него, дојдов да прашам, тие со пшрематурчиња, дали ви доцнат во развојот? Во смисла, родено е месец порано, 35 недела, денес полни 10 месеци, ама не стои сам на нозе, не се испрва ко што гледам помали бебиња на социјалниве мрежи. А се врти на стомаче, почнува да лази наназад, трча во дубак..
Големото е родено 35 недела се нормално се развиваше освен што покасно почна да збори. Чим си се врти лази немаш потреба од паника. Има деца што не патка не оди по кревет туку директно проодуваат.
Да, си седи, нема гајле. Фаќа пушта, прави чао, браво, да пукне, здраво. Ама почна една мајка да се споредува моето вака на 10, моето така на 10м, па ме стави во дилема.
До една година можете да го чекате да застане сам ( да се влече за кревет , за вас и да се исправи) Нема потреба од форсирање
36та родени, едното седна од меше само на 9, другото на почетокот 10ти. Сега се скоро 11, едниот се исправа сам на што стигне веќе, другиот има обиди ама сам се исправа само на мене ако се држи, на кревет уште не може. И тоа споредбите не се добри по здравје. Не прашувај како знам.
Jas ke ti kazam oti sekoe dete si e razlicno moeto iako e terminsko bebe pa proodi duri na 17 meseci ama pocna da zbori mnogu porano
Здраво мајки Близнаци машки родени во 32г.н сега имаме 13 месеци Би ве замолила да ми кажете што треба да прави дете во овие месеци во однос на моторика. Моите само се вртат на двете страни седаат стабилно само јас ако ги седнам на газе а сами не ... не се исправаат на мебеел Уште од 11 месеции сме на 8 кила и никако да мрднимее дали треба да зголемам оброции што да праваам незнам Ве молам за совет
Кој им го следи растот и развојот? Дали ги носиш во центарот на Битпазар, матичниот што вика? Сите бебиња се развиваат со различно темпо, но ако се забележи доцнење треба да се вежба и стимулира.
Има ли некаде на интернет каде што можам да ги видам вежбите што ги прават во центарот за развој на бит пазар? Ми ги покажаа таму али неќам да пропуштам нешто или погрешно да направам да ги видам да ги научам убаво.
Јас би те советувала да се направи проценка на раст и развој.На 13 м веќе би требало да се наседнуваат самите од под
Вака некако иде развојот кај бебињата: - 4 месеци да држи глава исправено цврсто - 4 месеци да држи предмети - 7 да седи без помоши да се превртува во лежечка позиција од меше на грб у обратно - 9 месеци да стои со помош - 10 месеци да преминува од лежечка ви седечка положба - 10 месеци да се исправа на нозе - 7-10 месеци лазење - 11 месеци само да стане и седне - 12 месеци да се движи држејќи се за објекти - 15 месеци проодување со тоа што да не се повторуваме нели, секое бебе е различно и плус минус 2 месеци отстапување од ова е скроз нормално. На ова плус треба да се земе во предвид корегираната возраст на нашите прематурчиња и според таа да се следи развојот. Доколку има отстапување со корегираната возраст и 2 месеци плус тогаш најубаво. да се види стручно лице. Кај нашиве секао е пожелно убаво да се следи развојот и на време да се превзема што и да треба
Мајки, ќе ве замолам да опишете како ви поминува еден ден, од станување, до легнување.. Моето е скоро 4 месеци, скоро 2 корегирани. Ќе опишам јас како ми поминува еден ден, па чисто ме интересира дали правам нешто погрешно или не.. во поглед на јадење, вежбање, спиење и тн. Бидејќи е на комбинирана исхрана имаме некој ред фатено со оброците и тоа изгледа вака. Има 6-7 оброци, сега по 90-100мл. Денот ни почнува околу 9ч., а следните оброци ни се распределени на 3 часа во 12ч., 15ч. 18ч., 21ч. и во 00ч. завршуваме со последниот оброк и си легнуваме сите (временскиот период е +/- разлика од еден час, зависно обврските какви ни се). После првиот и претпоследниот оброк си преспива пак, а во следните останати "термини" го користам тој буден период да вежбаме, играме, шетаме, бањаме, гушкаме и сл. Моето на пример кога го будам/или сам ако стане за јадење многу плаче се додека не јаде. Незнам дали е тоа кај сите така или моево си е такво.. педијатар ми рече дека сеуште нема фатено ритам (гладно/јадено-будење/спиење) и овој дел ми е најтрауматичен сега Не можам да искористам да играме откако ќе го разбудам, да јаде, па да си легне. Мора прво да јаде, па чекам некое време да му спадне да вежбаме, па да заспие. Сега е и доста активен, гуга, се смее, кенка без причина, сака па не сака во раце, секој ден менува.. Вежбите ни се состојат со многу зборење и гледање на црно-бели слики (лево-десно/горе-доле), гимнастика (baby gym), на стомаче, плус тие што ни ги препорача ортопед и невролог. Е сега, за последниве две некогаш имаме опструкции, не е расположен за да соработува па користам колку можам. Друго, кога го јаде последниот оброк сврзува сон скоро 6ч. Што значи некогаш го јаде тој 7ми оброк во 24ч., но некогаш го прескокнува. Се случува понекогаш сабајле кога ќе станеме пелената да не му е многу полна, иако поголем период поминало од последниот оброк (не знам дали е во ред вака, чудно ми е). Можеби нешто испуштив, но генерално вака ни е секој ден. Со оглед на возраста, прашањето ми е.. - Колку и по колку мл. оброци имате и дали ги будите да јадат? - Како и колку пати вежбате? - Како го регулирате тој буден прозор и како го исполнувате? Секако ќе исконсултирам и педијатар за насоки, но ме интересира искуство во пракса
Здраво мајки дали некоја од вас има искуство со бљуцнување и траги од крв во повратенкото ама многу мала количина, 2 точки едно потемно едно црвенко(ќе прикачам и слика). Само еднаш се случи така, а инаку бљуцнува после секое цицање. Немам разранети брадавици. Во петок сме на педијатар, но ме интересираше дали некоја се соочила со истото. Инаку месец дена е малото, родено во 35та недела.
Јаде 6 оброци по 120мл со тоа што од последниот ноќе и првиот наутро веќе и 7 часа издржува. 4+ месеци. Ни дење, веќе ни ноќе не будам за јадење. Консултирано со педијатар ова. Конкретни вежби некои немаме, будното време по околу 2 часа прозорец го поминува во хранење, baby gym, подлога со играчки, релаксатор, кога е топло шетаме надвор, некогаш слушаме музика, па држење во раце итн. Баш сега брзо ова видео ми излезе
Претходно пишав во група за страбизам, па ајде и тука. Дали некој има правено преглед за очи за страбизам во Белград да сподели мислење, навистина би била благодарна. Детето ми е предвреме родено имаме правено преглед во систина ама не сум баш задоволна.
Здраво на сите, бебчето ни имаше намалено хгб 91 и почнавме со малтофер и вит ц по препорака на педијатар пред 1 недела од тогаш до сега каката му станува жолто зелена (потемна) претходно беше златно жолта, Секако ќе консултирам и педијатар бидејќи сум настината иако со маска го дојам денес бевме на преглед бебе беше супер по прегледот се покака, дали е нешто загрижувачко нормално ѕвонам и на педијатар па да видам дали има и некој друг такво искуство
Кај моево бебе од капките беше темно зелена, така да мислам дека е од тоа ама сепак консултирајте се.