Моето е родено 30гн, но развојот и беше како за 27-28гн. Се роди 1035гр и падна на 900гр. Беше интубирана, па со маска. Долго време се хранеше со сонда додека беше на ОИНТ. Сега е 20м и со развојот ги има достигнато нејзините врсници.
Mene nekni mi rekoa dr oti moze i so prioriteten da odime kaj dr bekim ama jas ne sakav i oti odma bea popolneti terminite zakazavme kaj drug dr
Ќе биде се во ред. Мали борци се тие. Моето си дојде дома после 54 дена. Обично ги пуштаат кога ќе достигнат одредена тежина или гестациска недела.
Слична ситуација како твоето беше и моете едно бебе, другото малку повеќе имаше кг. Сега се 8 месеци и се здрави и среќни бебиња. Малку споро ќе оди качувањето на тежина зошто е мало родено, плус намалило, но додека да ја достигнете 34та недела ќе биде спремна бебушка за дома. Ќе биде се во ред мајка, искористи го овој период и спремај си за кога ќе си дојде бебушка дома.
Zdravo, dali moze da spodelite kakva kozmetika vi preporacaa deka e najdobro za prematurce ne znam sto da kupime zosto citav deka nekoi kolekcii ne se za prematurcinja
Јас користев од Weleda козметика. Мислам дека на Bioderma за првите месеци има ограничување да не се користи. Моето на дел од грбчето имаше посува кожа и ја прашав матичната да сменам со Bioderma или некоја друга козметика, ама ми рече да си останам на Weleda само почесто на тоа место да мачкам лосион.
Нам ништо не ни препорачаа. Бидејќи немаше осетлива кожа Најпрво земав бекутан, па откако почна на 4 месеци да се лупи на главчето т.е. теменица земав Мустела. Па се појави некој вид дерматит на едно место на нога и сменив Биодерма атодерм, се погоди. Биодерма атодерм е за над 9 месеци. Така ми одговорија од официјалниот маил.
Здраво мајки. Малиот ( 3 месеци, 2 корегирани) е на комбинирано доење и ад еднаш во денот од пред недела ипол скоро. Почнавме со Холе а1 кравјото но имаше запек 5 дена и со клизма се испразни. Сменивме на хип комбиотик и еве 4 дена уште не е какан. Прашањето ми е некој ако имал слична ситуација дали веднаш по менување млеко има разлика или треба да се навикне на новото? Ви благодарам
Дали предвреме родените бебиња спијат цело време?моето е родено 34 недела и е старо 17 дена. Моево спие цело време го будам за јадење на 3 саати.кога почнуваат да се будат сами за јадење? овие два дена е будна по 1-2 саати во денот.