1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуство со предвремено родени деца

Дискусија во 'Бебе' започната од eva11, 29 февруари 2012.

  1. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Моите од како ги земавме дома цело време сами се будеа за млеко. Од болница ни рекоа дека може ќе треба да ги будам за млеко, на почеток аларм навивав за ноќно време, ама немаше потреба. Може такво си е твоето бебе спанко :)
     
  2. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.331
    Допаѓања:
    5.236
    Пол:
    Женски
    Нормално е. И моето беше така.
    Ех да можам да си го вратам времето :D
     
    На sandra.s.t. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    5.423
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. На почеток со аларми, со се бевме опремени. Па почна само да станува во одредено време.
     
    На brm_brm и sandra.s.t. им се допаѓа ова.
  4. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Moeto iako e terminsko bebe na pocetokot spiese mnogu oti imase zoltica
     
  5. teddy85

    teddy85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2019
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,дали имате искуство со правење еег на дете на државна?Каде е подобро да се прави таму или Систина?секое ваше искуство би ми значело многу:l:
     
  6. katule

    katule Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2009
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Дали имате некоја искуство со инекции во очињата на бебето?
     
  7. teddy85

    teddy85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2019
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,дали некоја од вас има искуство со ревит центарот за биоинформатика?
     
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Јас се породив пред 4 дена, во 34та недела. Два пати имав примано флостерон за среќа, па бебар нема потреба од инкубатор.
    Откако се роди го ставија во топло креветче, на кислородна поддршка со маска. Првите 24ч беше стабилен, одржуваше добра сатурација и кога ќе беше тргнат од кислород на кратко (барем кога одев да го подржам). Со постепено намалување на протокот на кислород, по 24ч го тргнаа од маска и следните 7-8ч беше добар, за потоа да почне да му паѓа сатурацијата и пак да го вратат на кислород.
    Свесна сум дека сѐ е неизвесно и прерано за било какви заклучоци, ама некако се понадевав и кога го вратија пак на маска, мислам дека нервен слом ќе доживеев, буквално се распаднав.
    Првиот ден му даваа само гликоза, од вториот мене веќе ми дојде млеко и му даваат измолзено мајчино. Го пробувам на града секој пат кога одам да го видам и секој нареден пат е со повеќе напредок. Прво не знаеше воопшто ни устето да го отвори, па само мљацкаше кога ќе му капнев млекце, вчера фати града, дури и тргаше и голташе некои 10тина пати. Знам дека нема сила, ама некако ме загрижува и тоа што и од шише кога му даваат, пие по неколку мл (од 3-4 сношти ми спомнаа дека до кај 10мл стигнал наеднаш да испие), па го хранат поначесто по малку.
    Кај сите прематурчиња е така? По колку млекце пиеја вашите бебенца?
    Ми се врти низ глава да не има подврзано јазиче, педијатарот ми рече не (иако сум убедена дека не го проверила).
    Дали почнаа да цицаат вашите бебчиња и ако да, кога?
    Дали да инвестирам во двојна електрична пумпа или да не брзам? Мачно ми е измолзувањето на 3ч, верувам кога ќе не пуштат со уште едно детенце и други обврски плус, уште помачно ќе ми е. Не можам сон да врзам повеќе од 40мин.
    Очекувано има жолтица. Уште вчера го ставија на сончање, бидејќи има и блага анемија (всушност анемијата е најверојатно причината за полихидрамнионот и предвременото породување), не сакаа да чекаат билирубинот да расте многу.
    Исклучено е постоење на аномалии шо одат во прилог на полихидрамнионот и тоа е најдоброто нешто во целава ситуација. Направено му е и ехо на желудник, срце, бубрези, мочен меур и колкчиња, наодот е уреден на сѐ.
    Треба уште ехо на мозоче да му направат, педијатарот што го прави ехото ми рече дека не очекува да има друг наод, освен крварење шо е "нормален наод" кај >95% од прематурчиња, па дури и кај доносени бебиња. Ама колку и да е нормално, мене срце ме стегна и ме јади црвот. Кога сте правеле вие прво ехо на мозоче и каков бил наодот?

    Многу сум збунета, исплашена и во неизвесност. Не знам шо да очекувам. Јасно ми е дека однапред ништо не може да се предвиди и дека секое бебче си е приказна само за себе.
    Ама ќе ми значат вашите искуства и вашата поддршка, оти најдобро може да ме разбере само тој што го поминал ова.
     
    На sani99, Tiny Love, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. katule

    katule Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2009
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Ич да
    Без секирации мајка. Ќе биде добро. Моето се роди во 27ма недела, беше на кослородна поддршка, ама со тек на време ќе се среди.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  10. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.331
    Допаѓања:
    5.236
    Пол:
    Женски
    Честитки мама, жив и здрав да биде бебуш.
    И јас се породив 34+5.
    Моја цуца беше во инкубатор 14 дена, ради инфекција. Имав тешко породување. Првоте 24 часа беше во топло креветче за да кога требаше да ми ја до донесат вториот ден ми рекоа има инфекција и ќе биде во инкубатор.

    Во однос на количината на млеко секое е различно, мојата малку пиеше, цел прв месец едвај по 25 мл. Се молзев, па ад комбинирав, ужас бев.
    Во однос на ехо на мозоче прв пат на гак и направија и имаше крварење на очен нерв ради вакумот.
    Следно ехо ни беше на полни 4 месеци и се беше ок.
    Контроли правевме се до 1 годинка.
    Немој да се грижиш штом си со него :hug:ќе биде се во ред.
    Мене прва средба ни беше кога ја земавме од болница, после 14 дена. И не знаев кај се наоѓам.

    Знам дека имаше скратен цервикс. Какво породување имаше?
    Јас прокрварев и бев отворена 4 прста и одма ме породија. Најверојатно сум имала инфекција, незнам.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Фала ти мама на споделеното искуство. Ќе те гњавам со прашања сигурно.

    Јас бев со скратен цервикс и нели на строго мирување бев. Пазејќи го цервиксот, почна да ми се зголемува плодовата вода. Во две недели направи акутен полихидрамнион, со џеб поголем од 16цм. Веќе не беше важен цервиксот, иако не се кратеше, на последен преглед дури и некој мм беше поголем. Проблемот почна да го прави амнионската течност, не на бебето, туку мене. Имав притисок врз дијафрагмата, не можев да дишам, имав тахикардии и варијации во притисокот. Бидејќи влегов во 34та недела, а претходно примав зреење докторот ми рече да почнам да станувам и да движам за да ми олесни мене. Планот беше да одам на ден-два на контроли, ако јас сум добро да одложуваме породување додека не почни процесот сам, ако не сум добро, да индицира пораѓај. Кога почнав да станувам ми олесна многу. Не дека ич немав тегоби, ама каде каде подобра бев. Пред да одам на прва контрола дома ми падна поголемо парче мукезен чеп со сукрвица и знаев дека кај и да е се гледа крајот.
    На преглед ме виде на ехо, водата непроменета, ми рече оставам на тебе како се чувствуваш ти, дали можиш да издржиш уште малку. Јас можев, можев уште многу, ама штом му кажав за чепот ми направи вагинален преглед со рака, 4 прста отворена.
    Рече не смеам да те пуштам дома, пошто ако ти пукни дома водењак од преголемиот притисок на водата можи прво папчаник да излези и дури стигниш на болница, да го изгубиме бебето. Ми стави провокација, по 1ч ми го пукна водењакот, со контролиран притисок да истекува. 6л амнионска течност ми извадија, сите се чудеа. После тоа ми почнаа силни контракции и за 1ч бев породена.
    Заради водата целиот процес беше со многу ризици (и по мене и по бебето), па цело време бевме на готовс за царски рез. Фала му на Бога и на докторот, сѐ супер помина, многу лесно се породив, останавме живи и двајцата.

    Сега само да ми се накрени бебето и да си одиме дома кај тато и бато.
     
    На danichap, sani99, CooperD и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.439
    Мами ти имам пишано моето се роди 34+4, исто имав примено 2 дози флостерон и не беше во инкубатор, но исто така имаше периоди кога е на кислородна поддршка и кога не е. Примаше и инфузии за инфекција, жолтица не фати.
    Јас се породив на ГАК Скопје во екот на короната, за чудо ме оставија да лежам таму да го почекам. Но, ретко го гледав. Знам како ти е, замисли мене на државно со рестрикции заради короната како ми беше. Колку солзи имам преплакано тогаш...;(
    Прв пат го видов 3тиот ден од породувањето, се сожали докторката педијатар и ме пушти да го видам на кратко. Тогаш кога појдов немаше хауба со кислород на него, си лежеше најнормално. Но, наредните денови понекогаш беше на кислородна поддршка, во картончето му пишува 7 дена на кислородна поддршка, иако не беше по цел ден.
    После 7миот ден почнаа по малку да ми го носат, друга педијатарка го пофали дека има рефлекс за цицање, само како што пиша и ти мн се слаби, одма заспиваат, а јас си имав мака и со рамни дојки па за жал не успеавме со доењето. Се измолзував 6 месеци пиеше мајчино, потоа ми се намали и се префрливме на ад без проблем. Јас сметам дека ќе цицаше да бев поупорна бидејќи пробував со силиконски на медела и се гледаше дека има млекце во силиконската надојдено, но исто така пиеше многу мала количина и на тој начин воопшто не знаев колку цица и затоа му давав со шише за да знам колку испил, па така се навикна на шишето. Во меѓувреме понекогаш го пробував на града, но не сакаше, само еднаш фати града на 4-5 месеци и поцица и толку не сакаше веќе. А толку ме израдува тој момент, но поважно ми беше да напредува на килажа бидејќи во болница само паѓаше. Дома кога дојдовме почна да си крева. Пиеше секој саат по 20тина мл и многу споро ги зголемувавме тие мл, но пиеше почесто и си напредуваше.
    Првите денови дома одвај го будев, не се будеше никако освен со промена на памперс :).
    Искрено од прегледи не знам точно таму што му направиле, но на отпусното имав препораки за контрола на очињата и ушињата. За очињата бевме 2 пати, во ред си беше се, а за ушињата ѕвонев повеќе пати, но клиниката тогаш и не работеше мислам беше преправена во ковид центар и не бевме. Искрено многу ми беше и страв да се мотам по болници баш тогаш, а бебушко цел се вртеше кон телевизорот кога ќе пуштевме музика, се вртеше и на зборење, тропкање па се гледаше дека слуша.
    И да, во другата соба имаше мајка исто како мене породена 34+ некој ден и неа сакаа да ја пуштат дома уште 3тиот ден после породувањето бидејќи бебчето и беше појако, немаше потреба од кислород ни инфекции, но и фати жолтица па останаа уште 2-3 дена. Сепак побрзо си заминаа од нас за 6 дена, а ние си заминавме на 10тиот ден. А 9тиот ден бебуш беше цел ден со мене, најубав ден ми беше во болницата. Пробував уште таму за цицање пред да дојде сестрата да му даде АД. Го пресоблекував памперсот, првиот пат гледав како му го имаат наместено, колку прсти кај мешето за да не го стегнам и супер го средив. Ама второто менување му пропушти памперсот па чорба се направи, бев да им барам алишта :lol:. Ах... вака кога ќе се навратам се врви мајка, само нека се здрави и живи :inlove:.
     
    На sani99, Mumoftwo30, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    @IRBBB Најпрво да е живо и здраво бебето :hug:
    Моето се роди во 30гн, првите час-два беше само на кислородна маска, за потоа да се влоши и да ја интубираат. Така беше неколку дена и потоа ја префрлија на маска. Додека беше во болница примаше антибиотик за инфекција и 2 пати трансфузија на крв. Во вашата ситуација е позитивно тоа што можеш да го подржиш и што пие твое млеко. Мене не ми дозволуваа да ја видам 54 дена, ниту пак млеко да молзам таму. Јас купив двојна пумпа бидејќи ми беше мачно со единечна, плус имав и бебе од 11 месеци што му требаше моето внимание. Додека беше малата во болница успевав да се молзам почесто, но кога ја пуштија дома тешко менаџирав 2 бебиња плус пумпање. Пробувајте да фати да цица, многу ќе ти биде полесно, моето имаше денови кога цицаше, денови кога не сакаше да отвори уста. Нека не те загрижува малата количина што ја пие, моето го хранеа со сонда и дури на испис почнале да и даваат 60-65мл. Кога дојде дома тешко одеше хранењето, пробувавме со шприц, да цица, со шише... Славевме кога ќе испиеше 20мл.
    Крварење имаше минимално, по некој месец се повлече. Првото ехо и го правеа на ГАК, а кога ја пуштија ја носев кај Наталија во Систина.
    По се ова што помина, еве ја за неполни 2 месеци ќе прави 2 години, џамбазка права е.
    Се ќе биде во ред, плус прематурчињата што имаат допир со мајката побрзо закрепнуваат.
    Да достигне одредена килажа и/или гестациска недела ќе го пушатат дома па ќе се гушкате сите четворица.:inlove:
     
    Последна измена: 16 септември 2023
    На sani99, IRBBB, teddy85 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.331
    Допаѓања:
    5.236
    Пол:
    Женски
    @IRBBB господ е голем мама, ве чувал и двајцата и се завршило добро.
    И ехото на мозоче ќе биде уредно верувај и наскоро ќе се гушкате дома сите.

    Ние до годинка одевме на 3 месеци на преглед на очна клиника за очите ради инкубаторот и очниот нерв.

    Да можам да го вратам времето не би се скирала толку, туку би уживала во секоја секунда со бебушка.
    Додуше мене ме пуштија на 3ти ден од породување, а бебе после 14 дена.
    На врата од болница мм со цвеќе, другите татковци со транспортери чекаат, а јас сама без бебе, ми се идеше да му го треснам цвеќето од глава.
    Одмарај и ќе биде се добро.
    Тука сум за секое прашање.
     
    На IRBBB, Tiny Love, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.439
    Ова е 100% точно. 7миот ден кога повторно му го исклучија кислородот на моето, ја измолив докторката да го видам, ми рече дека ќе ми го донесат, но цел ден помина, веќе се откажав од помислата дека ќе ми го донесат, само што ги намалив светлата и си легнав крај 23 часот, ете ја сестрата ми го донесе :(:inlove:. Кога ми го даде и си замина, рече ќе дојде за пола саат да го земе, јас му зборнав, го викнав по име и тој замислете бебе од 7 дена ми се насмевна :inlove:. Од тогаш веќе не беше на кислород воопшто, и почнаа да ми го носат и се подолго да ми го оставаат.
     
    На sani99, IRBBB, fashion-addict и 2 други им се допаѓа ова.
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    @Isabel @Tiny Love @brm_brm фала ви бескрајно, многу ме охрабривте. :hug:

    Јас сум добро, после 48ч после породување ми кажаа дека можам да си одам, ама јас не сакам да го оставам. Не дека тука сум постојано со него, ама два пати по саат-саат и пол ми дозволуваат да седам со него, а во меѓувреме барем имам информации како е. Плус молзам на 3ч, ако сум дома и да ми дозволат да им носам мое млеко, сигурно нема да може на 3ч да е тоа.
    Во однос на гушкање и доење, тука и педијатрите инсистираат кожа на кожа и да нудам града. И кога е на кислород, му ја тргаат маската за да го држам в раце, толку колку што во моментот дозволува сатурацијата.

    Денес е малку подобар, сакам да верувам дека следните промени ќе бидат на подобро.
     
    На danichap, sani99, medena147 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Јас се породив 32 недела со џеп 9см и плодова вода како за 35 недела, така мене ништо не ми беше но ме породија бидејќи бев отворна 5 см. Да не се секираш се ќе биде во ред мојот на почеток пиеше 6 мл тешка депресија ме фаќаше со молзење 5 капки ама толку пиел, мене ми рекоа да не се мочзам навечер да одмарам. Се ќе се среди ќе си дојде дома и ќе цица(ако сака).
     
    На LiquidLuna и IRBBB им се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Се утврди причината за полихидрамнионот?
     
  19. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Од инекциите за зреење, кортикото знае да направи таков проблем
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    Точно и мене ми беше малку зголемена пак да се каже во умерени количини од инекциите, истото ми го кажа Петрова од ремедика, а никој друг не ми го спомна тоа, случајно на дежурен кај неа се погодив. Само кај мене заврши ок се породив во 9 ти.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.