Добар е мама, го тргнаа од кислород пред 48ч. Првите 24ч беше на мониторинг, имаше многу варијации во сатурацијата, ама без нагли падови и долго задржување на ниско ниво, па беа задоволни. Вчера ми го донесоа в соба и цел ден беше со мене. Утрово го донесоа за цицање и го зедоа за визита. Некако жолтичок ми беше, можда ќе треба да го сончаат. Во секој случај, се надевам дека ќе биде добар и деновиве конечно ќе си одиме дома.
Да е жив и здрав. Дека е порано родено нормално е да е пожолто од вообичаено и продолжена жолтица да има. Истото беше и со двајцата мои батковци едниот роден во 35 другиот 36 недела.
Честитки мама,да сте живи и здрави и двајцата! Те читав и во труднички, те читам и тука. Верувај децата коишто се родени пред време се големи борци . За тоа што е жолт воопшто не се секирај,ќе го сончаат почесто и ќе помине. Секоја ти чест и тебе што со скратен цервикс издржа до 34 недела, а и сега во болница . Лека полека ќе се стабилизира бебуш и ќе ве пуштат дома. Биди силна мама, ќе видете добри и двајцата. Тато и бато ве чекаат дома на гушкање .
Како сте мама? За жолтицата не се секирај, и ќерче помина жолтица во инкубатор и тоа.Жална беше за гледање. Но подобро е таму со жолтица отколку дома.
Zdr sakam da prasam zasto postovite mi se site na angliski jazik ne kako prethodno na makedonski jazik
Фала ти на прашање, јас пробувам колку толку да сум добра. Бебето е во болница, сега засега велат дека е стабилно.
Мајки следната недела закажавме преглед на детска очна клиника. Дали може да ми кажете колку време трае прегледот, што проверуваат и дали ќе ми дозволат и мене да бидам внатре со него? Многу несериозна беше на телефон таа што ни закажа термин, прво ни рече на 11ти октомври да одиме, па кога и реков дека е државен празник се изнасмеа и ми даде друг термин. А и напоменав дека сме од Битола. Ќе го малтретирав бебето по пат за џабе..
Ние моментално се враќаме од на преглед за очињата. Ако е истиот преглед... прво редат 2 или 3 пати капки за да се рашират зениците и се чека сат и пол, два. А прегледот е краток и не дозволуваат ти да влезиш со бебето.
Додека седевме во ходник/чекална и ставија капки за проширување на зениците. Мислам дека 2 пати и ставаа додека чекавме половина час. Потоа ја земаа и ми рекоа да излезам пак да чекам во ходник. Не ме оставија да седам внатре со неа. Кога заврши прегледот ми дадоа извештај и толку беше. До сега не сум слушнала некој родител да го пуштат на тој преглед. Кај кој доктор ви закажаа?
Не пуштаат внатре, но прегледот е многу краток. Како што пишаа припремата на зениците е подолга од самиот преглед.
Многу е фина сестрата, најверојатно се насмеала зошто згрешила. Ние кога бевме супер поминавме, немаше гужва и си чекавме во посебна просторија со бебињата.