10 недели е два месеци, моите се родени последна недела од 7ми месец уствари, сега се 11 месеци корегирано се 9 месеци.
Се пресметува разликата од предвидениот термин и терминот на породувањето. Тие недели се минусираат и се добива корегираната возраст. Од вкупно 40 недели, јас се породив во 34та. Значи моето е со корегирана возраст од 6 недели, односно месец ипол. Сега корегирано има 7 месеци. А регуларно има 8ипол. По корегирана возраст рачунаат од почетокот, сè додека го достигнат развојот според предвидениот термин.
Фала ти сега е јасно, со тоа и очекувањата реални. Како се справувате со коментари пример мене искрено ме здоболе коментар од свекрва ми ајде уште не седи на 6 м. бебиња седат.... а моето е очигледно 5 м. корегирани...мислам не се ни објаснувам јас само ми е неубо на душата. И така се секирам за развојот и сум истрауматизирана од пораѓајот уште вакви коментари не ми требаат
Кога ќе го поминат истото што го поминав и јас, тогаш ќе имаат право да коментираат останатите. Порано ме болеше многу, и имав доста проплакани ноќи. Што од друштво, што од блиски.. сите се стручњаци од другата страна. Сега не ме допира ништо. Синчето фала му на Бога одлично ми напредува, не правам споредби со други бебиња. Сите се посебни индивидуи и оставам самото да си покаже кога ќе е спремно за одредена развојна фаза. На мене е јас да бидам психички стабилна и да му помогнам во тој процес. Секако не посакувам на никој да го помине овој процес. Тие што го искусиле ова, знаат што сакам да кажам. Тие со термински бебиња, не ме разбираат и не навлегувам во дебати. Тежината е огромна, а со тоа и различна. Ако ти треба муабет, тука сум
Какво седење на 5 месеци бе, што им е? Моиве сами седнаа на 10 (9 корегирани), мене од страна никој не ми мрчеше сама си правев притисок и се трипав и плашев за нивниот развој. Ортопед ми рече дека се е ок да не ги форсирам и кога ќе бидат спремни сами ќе почнат и така и беше. Дури и да има некаков проблем, постојат вежби, физикална и се се средува. После роденденот почнаа сите да замараат зашто уште не одат, идиот од педијатар ми рече да ги паткам да ојачале побрзо Уживај си со детето и ич да не те допира кој што ќе каже. Совети само од соодветни стручни лица и толку. Баби, стрини све тоа на игнор.
Кај мене сега е главно зошто не зборува? Требало барем мама, тато, даде, баба и не знам што да вика. Ова за на 8-9 месеци.
Да не и обрнуваш внимание оти штом еднаш искоментирала, ќе коментира и за други работи. Првото дете ми е терминско, родено во 41ва недела, зачеток на јадра имаше на 3 месеци, па самостојно почна да седи после 7ми месец, можеби и со 8 полни. Реално околу 6ти месец се очекуваат да бидат оформени јадрата на колкчињата (мислам до 9 се толерира), па после тоа ортопед дава зелено светло за седнување под агол од 45° за да почни да вежба бебето за да може да седи самостојно. Ама добро, нивните седеле од 5 месеци, не носеле пелени од 8, пееле песни уште пред да наполнат година...и така, многу "напредни генерации" биле
Коментари од мајки, свекрви, тетки, стрини косата ми ја креваат. И моето стабилно седеше на 9/10 месеци, се пушти да оди на 14 месеци, а на 16 веќе одеше стабилно и веднаш кога го постигна тоа почна да зборува околу 17 месеци. Пред да почне да проодува околу годинката почна некој збор да пушта, но штом се сконцентрира на одењето прекина со зборење се додека не прооде добро. Имам блиски што навреме родено и предвреме родено исто на 16 месеци прооделе. Значи секое дете си е своја приказна, две навреме родени не можеш да ги споредуваш, а не пак предвреме родено.
Јас сум родена предвремено, 35та недела и сум проодела на 15, 16 месеци и знаејќи го тој факт ми беше убер чудно зашто сите на 12 месеци ме прашуваат за одење. Плус близнаци имам, немам време да им се посветам исто како на едно што би се, па ги џонглирав од количка во хранилка во игрална за да можам јадење да напраам, подспремам по дома. Да сум ги паткала бе Ја на едниот док му мењам пелена другиот се качил на прозор, како да ги паткам, да го врзам едниот да гледа? И сега ми иде нервоза кога ќе ми текне. Како да е лесно мајчинството, па уште притисоци од страна на една година да знаат да читаат и фудбал да играат.
Мене баш ова ме загрижува кај моите, кажуваа по нешто сега во последно време ништо. Дали дека ептен се сконцентрирани на одењето, цело време се исправени, одат насекаде дека има кај да се држат, лазат по цела соба, тоа и е омилено и само гледат на што да се исправат. Кажуваа мам, баба, тата, сега моментално само едното ќе испушти мама. Во фаза на учење се да кажуваат чао, едното цел ден мава рака , дали дека го напнав детето, ама другиот абер нема, се смее, ме гледа кога ќе му мавам, ама нејќе да мава. Преска брат му мава рака, и овој така скржаво подигна малку раче. Дека само мислам во глупости точно, децата ни година немаат, ама посилно е од мене...
Така е...моето е родено 37+6 па почна да седи на 9 месеци ( за мене седење е само од лежечка положба да седне, а седнување е јас да го седнам тоа да стои без да падне тоа од 7-8 некаде го правеше) a прооде на 16 месеци, а лазеше од 7...и сите ме замараа ааа ова брзо ќе заоди ама него комфорна зона му стана лазењето и не сакаше никако да оди, па после им сметаше зошто имал 15 месеци а не одел... @DoubleK ич да не се замараш другите што ќе кажат, луѓето секогаш имаат замерки за се, гледај си го детето, сите коцки ќе се наместат кога ќе треба
Нормално е да бидат потивки кога совладуваат нова вештина. Нека не те загрижува тоа зашто многу пати ќе се случува. И јбг, едното ќе биде понапред од другото за нешто и напнувала ти или не ќе промафта кога тоа ќе сака знам колку е тешко споредувањто, душа ми извади ама ќе се менува тоа натака, после другиот ќе прави нешто прво, па ќе развијат свои интереси и преференци и нормално е, близнаци се, не се клонови
Хахаха, ама ме насмеа со ова џонглирав, иста сум и јас, од едно на друго место само ги носам или доле на под сме и двајцата на глава ми се качуваат. Ако правам нешто со едниот, во секундата се лепи и другиот за мене, какво паткање, ни проодувалка може да користиме, абе ништо.
Ме разбираш како ми е, штом имаш близнаци. Се знам и дека не треба да ги споредуваж, ама кога само тоа децата па децата така ќе биде. Иначе тој што не мавта многу сака да оди, се гледа дека повеќе го интересира тоа и плус поубаво, поцврсто оди и валјда за тоа, ама и да сакам да не мислам, таква сум, мислите сами ми идат..
Знам дека е тешко, сега сум у фаза да се замарам зашто едниот поише зборчиња има од другиот,а најсмешно е што тој со помалце зборчиња е поголем шеф, поише работи кажува со покажување, гестови миминки ама ете, две ти се пред очи и уши не можеш да не споредуваш.
Мојот е 32 недела, а корегираните му ги рачунаат од 40 недела, што за мене е малку глупо зошто само мал процент бебиња се раѓаат во 40 недела. Јас си го сметам од денот кога е роден, да сакал ќе се родел во март ама он сакал во јануари
@doubleinfinity @le.soleil @IRBBB @Cence @Miss.Sweet и сите други... подобро ми дојде од вашите искуства и поддршка. И јас сметам дека кој нема поминато нема идеја. Сега ми текна дека и со првото беше иста а е терминско бебе. Како нс золва ми децата на година пелени извадоја, песни пееле и се како што кажавте а моето доцни. Од тогаш и не дискутирам ништо со неа и општо ама сега преку сопругот ова го буцна а јас изгорев. Инаку настрана од ова и јас сметам дека досега е супер беба има две запчиња и кажува мамамам даддддд така нешто хахаха
Секое дете е различно, јас воопшто не се замарам со тие рамки. Предвремено ми смета само педијатарот, ортопедот не прифаќа таква работа. На 6 месеци ми рече да го седнувам он се подаваше и сакаше, главата ја држеше сам уште кога се вративме од болница, а педијатарот на 6 месеци ми вика сега можеш во кенгур да го носиш нанапред до пола саат за седење е рано.
Еве споредба мојот од почеток на 7 има 4 заба горе и два доле. Од зборење.... брмчи, прди и пљука.!?!? Дали детето ми касни.... не. Кога ќе сака ќе прозбори и ќе прооди. Има нешто што се вика мрза, може сам да се довлече до играчката ама неќе, сака да му ја подадеш.