Негувателката ми се чини сака да си протне некое детенце, па затоа на некој начин ве условува. Посебно ако редовно си плаќате, не треба да е проблем. Моето моментално не оди во градинка, кога ја прашав воспитачката ми кажа дека само ако не плаќаме се губи местото, за што на крај и се одлучивме, ама кај вас не треба да има проблем.
@IRBBB , и во мојов град се со таков муабет. Во градинката на ќерка. Дали само кај што имаат можност го протнуваат муабетот. Битно и ние имавме коментар дека треба бар неколку дена во месец да се појавува, за да го има местото. Демек се прават чести ревизии и сите деца што не се појавени се отпишуваат. Во врска со вируси и кај мене е пола од времето дома, со настинки, па неколку дена во градинка и така во круг. Не можеме салам ред да фатиме.
Во Битола на општински совет е одлучено општината да ги плаќа градинките, ама без разлика на тоа, градинката пари за местото добива, дали од мене или од општината верувам не е важно. Дали муабетот на негователката е за да протне нејзино дете или се прават некакви ревизии ко што вика @Miss_S не би знаела да кажам. Знам само дека и таа и другата негователка се запознаени со ситуацијата.
Мора да си проверите во договорот. Кај нас во договорот беше регулирано тоа дека ако не оди два месеци имаат право да го отпишат. За среќа корекни беа па нас ни го чуваа местото или едноставно најголема група па немаше дечиња на чекање.
Зависи од градинка до градинка. кај нас е, во тек на 2 месеци детето да се појави 5 дена, за да си го зачуваш местото. Затоа така ти рекле. можеби да поразговараш со директорот да му објасниш, бидејќи учителките водат само евиденција и неможат да одлучат за ова.
Немој да го носиш во градинка, време на вируси е. Знам, со малото истото го поминав, само што кај мене поголемиот беше ученик и ја немав таа опција за жал. И најмал вирус носеше дома. Разговарај со воспитувачките и со службата дали ќе ти прифатат извештај од малото за ситуацијата, или друга опција да го носиш поголемиот по 2 дена во месецот со скратен престој. Верувам дека ќе ти излезат во сусрет.
Моето искуство беше мн лошо, не е предвреме родено 2рово, 38ма е, големиот заоди октомври почеток, бебе беше месец и пол, одма настина првата недела (пред тоа одеше в градинка, пауза од јули до октомври имаше), бебево многу лошо помина, со тт која не паѓаше под 38 вториот ден, плус кашлица ларингитична, затнат беше неможеше да диши, се поболив од грижи, антибиотик пиеше па помина, по 1 недела сипаници големиот, по 2 недели бебево, среќа мн лесно ги помина. Неможи вакцини да прими, рота нема ни да ја прими, помина рокот за неа.
Здраво мајки.Ние си дојдовме пред седум дена домче послем 39 дена поминати на државна клиника,родени сме во 31 недела имам четири близначиња.Кога си дојдовме дома неколку дена си имавме проблем со хранењето бидејќи во болница се бранеа преку сонда тој проблем го решивме почнавме да цуцаме но сега не фатија грчеви и дали е нормално повеќе да спијат се хранеме на 3 саати некогаш испиеме 60 мл но мелогаш многу малку бевме на педијатар от како сме дома имаме напредната по 200 грама докторката ми кажа добри се имате рефлекси.Ме плаши тоа што многу спијат и послабо јадат многу се успани и некогаш не ми пијат 60 мл млеко ве молам за совет. Ви благодарам
Neka vi se zdravi I zivi golemi da rastat. Super si naprednale Po 200gr za Edna nedela. Normalno e poveke da spijat site se taka na pocetokot.
Да ви се живи и здрави душо Моето не е предвреме родено ама сакав да ти честитам веќе ко се убацив тука. Мое лично мислење - 200гр за недела дена е сосема солидно напредување За спиењето, им треба време да се доспијат А и нормално е на почеток да се поспани повеќе. Само јадат и спијат додуша
Зависи во која општина сте. Во Аеродром кај син ми во група за не одење 2 месеца ги отпишуваат, плаќал, не плаќал. Околу 10тина деца се отпишани последната година @Samovila23 нормално е да спијат многу на почеток. Буди ги за ранење
Честитки! Нека се живи и здрави, јас моето го хранев на 3 часа но со измолзено млеко па некогаш и на помало растојание, кога беше поспан и послабо цуцаше го расоблекував, го закачкав под устата и најчесто се дојадуваше. Грчеви имавме само од сирупот nurse harvey видов некое намалување и масажи на меше, може да пробаш и со семки од цреша затоплени. Сега на почеток помалце ќе јадат но како ќе растат ќе имаат повеќе сила за влечење и се ќе си биде супер, мој најискрен совет е да си уживаш во периодов секако матичен се прати и ќе реагира ако има нешто. Поздрав
Здраво мајки. Ми треба совет и искуство од некоја,доколку има слично како моето. Се породив во 38+3,детето се роди 2820 гр. и 48цм. Никаков проблем нема,не е на кислород самостојно си дише меѓутоа го чуваат во инкубатор и не го вадат само јас одам да го гледам таму. Кога го прашав педијатарот зошто е во инкубатор ми вика по килажа е 3 недели помало. И ме зачуди зошто не е мала килажа... Дали некоја има да ми даде некој совет зошто ептен се натажив и само плачам....
Можеби има жолтица и затоа е во инкубатор, едино таму ми иде паметот. Моите се родија помали од твоето и не беа во инкубатор.
Voopsto ne e mala rodilna tezina I ne e indikacija za incubator osven Ako nema nekoj drug problem. Kade se porodi?
Da, Po nekolku casa I pak nazad kaj majkata I toa ne e klasicen incubator kaj sto gi stavaat pred vreme rodenite