Моето се роди многу помало од твоето. Имаше жолтица но не беше во инкубатор. Прашај си пак зошто е? Повремено да нема потреба од кислород? Каде се породи? П.С Сега прочитав во Чаир.
Во Чаир. Воопшто немало потреба од кислород,туку го воделе 3 недели помало.. а врз основа на што не ми е јасно.. тежината му е сосема во ред и кажаа дека е стабилно и без никакви други проблеми. А сепак инкубатор...
Чаир е родилиште. Да било нешто сериозно ќе ве прателе на клиника. И сигурна си дека е инкубатор? Сум слушнала дека Чаир немаат инкубатори. За тоа и не пораѓаат предвреме.
Имаат. Бев сега да ја видам. Посебен дел со две соби е. Околу 10тина инкубатори имаше во собата. Супер изгледаше иначе бебе,си преткаше со раце и нозе,гледаше на страна и си го вадеше јазичето надвор како кога цицаат .. сосем нормално ми изгледаше Ми рекоа дека и одговарало да е на топло,ништо страшно и ќе ми кажат утре кога ќе ми ја донесат.
За топло и убаво ниедно дете не ставаат во инкубатор. Родилната тежина е добра. Да немаше проблеми при породување? Со кој апгар е родена? Ма да ако имало нешто сериозно немало таму да бидете. Ќе ве прателе на клиника. Кај мене второто бебе 35г.н се роди. Процесот веќе беше почнат и едниствен избор ми беше клинила.
Здраво мајка,нека ти е живо и здраво. Јас со првото се породив во 38ма г.н. 2710 гр и 47см должина. Не беше во инкубатор и си беше добра тежина и се беше најнормално. Прашај си педијатар подетално да ти објасни зошто е таму сместено бебчето. Можеби е само за регулација на температурата и полека да се адаптира на надворешна средина. Не сум стручна,ама ова прво ми дојде на памет
Они се сомневаат дека сум имала некоја инфекција во бременост што влијаела врз бебето,меѓутоа мене сите брисеви ми беа негативни за ништо не сум примала терапија. Истото ми го кажа педијатарот дека е за регулација на температура и ќе го вадат за доење ,па пак назад..
Крв му земаа на бебчето? Леукоцити,црп? Мора нешто да има па да се сомневаат на инфекција. И тоа не е причина да се стави во инкубатор. Разговарај со педијатар подетално да ти објасни.
Баш ќе прашам за крвна слика,не ми текна во целото бунило. Фала ти многу. Штом ми дадат инфо плус ќе пишам пак.
Ќе биде добро мајка не се секирај. И тоа што е во инкубатор не е страшно. Само многу малку информации ти дале.
Какви се инкубаторите? Спојлер: Инкубатор https://s.cdnmpro.com/861750280/p/l/3/phoneix-neonatlni-inkubator-za-bebe~813.jpg Спојлер: Топло креветче https://arhiva.republika.mk/wp-content/uploads/2018/10/GAK-17.10.2018-3.jpg Не сум медицинско лице, но моето искуство со предвремено породување вели дека е можно бебче да е родено со помали мерки во однос на неделата во која си породена. Доколку сега те водат 35та недела можеби има помало стомаче, кое е застапено со поголем процент кај прематурните бебиња. Не е ништо страшно, но повикај некој да ти објаснат подетално одма. Нема потреба да чекаш до утре. Во секоја смена работат медицински лица кои може да ти ги дадат потребните одговори на твоите прашања.
Да. Топло креветче било. Не е инкубатор. Едно до друго беа и баш приметив разлика поогромни беа инкубаторите. Само што ова е како затворено,не е така скроз отворено. Внатре нема ништо уклучено,само топлината е уствари. Нема никаков проблем по се што ми кажаа,едноставно педијатарот проценил дека шок ќе му биде веднаш надвор според апгар. Други проблеми нема. Одам ја дојам,дури фаќа и цица. Се најнормално. Се породив вчера сабајле.
Супер е мајка. Може навистина како што ти кажале. Му треба период за адаптација. Уживај со бебчето и гушкајте се.
Да, затоа и поставив слики. Кога пиша дека имаат десет, ми падна чудно. Штом е во топло креветче не е страшно. Период на адаптација е, ќе биде се во ред не се грижи. Со лесно мајка, уживајте и побрзо дома да си одите.
Ја погледнав крвната слика и конечно убаво да ми објасни педијатар. Од вчера е цело време со мене. Покачени леукоцити има знак за инфекција,прима антибиотик. Другото е се ок. Е сега ме прашуваат мене дали јас сум имала некаква инфекција или позитивен брис а мене цела бременост се ми беше негативно и стерилно. Се надевам дека ќе не пуштат утре..