Ми требаат мислења од искуство. До сега се фокусирав на “преживување” сп две деца под 2 год ама мислам дека е ред малце подетално да се посветам на малата. Јас се породив 31 недела ама малата ја пишаа дека е 33 недела (според килажа, органи и се, така одговарала). Како да ја сметам 1 или 2 месеца кога ќе корегирам? пример се гледа влез во 9 месец 36 недела, 37 недела (нели до 36 се сметаат предвремено исто) или термин на раѓање? Се породив 08.07. термин ми беше 06.09. Месец е уназад или два? На 2 месеци големата ќерка правеше одредени работи што ова сега не ги прави. Пример од блиску ставен предмет го следеше кога го ѓрдав, ова сега едвај отвара очиња на 5-10 мин. Дали треба да очекувам 4 месеци да ги направи, па ако касни тогаш да се секирам или? Дете до дете знам секое различно расте, некое терминско дете проодува на 11месеци, друго исто терминско на 18. Но мислења барам. Очно направивме. Кога се оди на Бит Пазар во тоа за раст и развој? Кога да направам ехо на мозок? Дали треба сѐ да се прегледа ехо на бубрези, стомак, колкови, ушно, очно итн? Или по потреба понатаму ако се увиди некој проблем? Само на цицање е некогаш бара на саат, некогаш на три, имам силен млаз па после е нормално. Нњкогаш пие некогаш ќе се потргне, гледам да ждригне но не е успешно секогаш, грчеви има, но редовно полни пелени мокри и какани (бар еднаш дневно кака, некогаш и повеќе). Во последно време бара да цица, ќе заспие и кога ќе ја оставам за 5 мин бара пак. А навечер, ме користи како цуцла само цуцка а не голта и кога се тргам станува и плаче, сите цуцли ги пробав и не прифаќа, уште бибс остана утре ќе купам да пробам. Се роди 2040гр, ја испуштија после 9 дена со 1800, за точно месец дена беше 2700гр, значи немаше кило а читам во темава на цицање и по 1800 качувале месечно. Просек е 30гр на ден и педијатар не ми посочи на проблем, туку ок не можеме да мериме со доење колку внесува ок е. Не беше воодушевена нешто. Зарем на толку млеко што имам ќе треба ад да давам? Или битно е дека напредува? На меше да ја ставам да си се подига? На мене кога е ја крева веќе главата сама. Големата ми е точно на ден на термин родена, се беше како “по книга”, грчеви, заби, превртување, лазење, храна, одење и сега малце ме фаќа страв и не знам што да очекувам кога да реагирам а кога не. Секое мислење за предвремено родените или за мојата ситуација ми е добредојдено.
Јас би рачунала два месеци помалце корегирана возраст. За ехо на мозоче немам искуство сакав моите да ги носам кај Наталија ама додека да начекам термин веќе ги достигнуваа сите мајлстонс на време дури и по некорегирана возраст освен груба моторика каде што беа малце поспори. Кога се јавив во завод за развој беа 3 месеци некорегирана (36 та родени ама дека близнаци со помала килажа, едниот одговараше на 33та другиот на 35) ми рекоа дека е тоа идеална возраст за прв преглед. Од тие дополнителни прегледи што ги препорачуваат за предвремено родени ништо не ми беше пишано на кантонот кога не пуштија дома ама на педијатар ни рекоа дека е пожелно да направиме. Напраивме само очен кај беким во систина а другиве не. Ако не ви пишале препорака не гледам зашто би правеле, секако ако увидиш некаков проблем можеш да си закажеш. Би ти препорачала да не се замараш со што прави што не прави засега, дај и време барем до 9 месеци да пркне и следи ја пи корегирана возраст за се. Не споредувај зашто ништо добро нема да направиш. Од свое искуство ти кажувам дека жалам што првите 10 месеци ми поминаа во грч дали се ок, дали добро се развиваат, секакви мисли низ глава ми минуваа. Најди добар педијатар, идете си редовно на прегледи и уживајте во секоја минута.
И јас како @le.soleil би рачунала 2 месеци помалку за корегирана возраст. За Бит Пазар се јавив и тие ми закажаа мислам на 1 месец корегирана возраст. Мојата е родена 30та недела. После пуштање од болница правевме очен преглед, еднаш државно кај др. Беким, но не бев мирна и пак ја носев во Систина кај него. Ехо на мозоче правевме кај др. Наталија, бев упорна за барање термин. Други прегледи не сме правеле, освен ортопедски што е регулар и за терминско бебе. За кога кој преглед да го правеме се консултирав со матичната, која ја следеше како се развива и според тоа што пишуваше дека било направено во болница. Инаку за качувањето на тежина, супер е 30гр на ден, нема потреба од адаптирано.
1 месец порано родена е мојата, во помал град, ни некој не пратил на некаков преглед, ни ништо. Дури и ортопедот на еден преглед беше со став ,демек што ви е тоа корегирана возраст, што сте се научиле, се знае кога е родена и колку месеци/години има. Ова стар доктор, пред пензија. Инаку и јас долго време бев во грч, дали е се во ред. Дали сама да закажувам и носам во Скопје. Сеуште знам и после скоро 20 месеци да се прашувам дали е се таман, да не пропуштаме нешто. Инаку следи дали се развива, дали учи/прави нови работи, а не во кое време. На пример моето прооде на 14тина месеци, на блиски исто предвреме родено, 19+ месеци, сеуште не оди само.
Јас моето дете го следев според корегирана вредност по препорака од бит пазар и Наталија и секогаш сите работи ги достигнуваше точно според корегирана, роден е 33 но со подолг престој на клиника поради инфекција. Ние ги правевме сите тестирања кои ни беа препорачани во картонот и одевме на сите контроли додека доктори не ни кажуваа не мора повеќе. Вежбање на под цело време и вежбички правевме што ни дадоа од развој. Почна со вртење на 8 месеци (доста крупно бебе) на 9-10 лазеше и прооде на 13 месеци самостојно. Ги има мајлстонсите од кога до кога треба да се постигнат на нет, тоа може да ти биде водилка и нас секогаш не советуваа да не споредуваме дека и термински дечиња не се развиваат со исто темпо сите.
Мене ми е родена 36 та недела точно ама ја водеа како предвреме. Беше недела дена во инкубатор не знам колку точно дена на бабл машината па една недела на наонаталогија за жал без мене. Се хранеше со сонда прво потоа ад на крај цицање. За сите овие прегледи шо си ги наброила кај нас во отпусно стоеше ,,доколку смета матичен педијатар дека е потребно " А педијатарот сметаше дека нигне не треба да идеме. Имав добар педијатар за моја жал отиде во пензија бидејќи исто пишуваше ад а јас мака измачив да имам млеко и ко и реков на сестрата дека сакам да си дојам не знаете како ми се изнасмеа амаа по совети и надгледување од педијатарот јас екслузивно доев до 5 м а се на се до 2 г. Качува одлично убаво ти кажале нема да споредуваш ,ќе гледаш качувањето да е во границите на нормала ,да си полни пелени и да си биде весело. Тоа со барање на 5 мин и навечер цуцла си е нормално ,она уствари бара близина Јас би следела се и би давала простор ете на тие 2 месеци (иако никогаш не сватив каква е таа коригирана возраст) па после да се грижам. Исто на меше чим ја ставев вриштеше корнеше,па се откажав е кога околу 5 месеци се научи сама да се врти после се на меше беше... Исто дека секое дете е различно на кумата во термин родена на 6 м не можеше да седи а мојава седеше, на сестра ми во термин околу 14 м прооде а мојава одеше од 11 м... Сакам да кажам дека во се секое дете е различно и од споредби само глава боли за две под 2 ,јас ни на 4 тири не можам да се решам за второ
Да ве прашам за совет, за тие што имаат второ дете после прематурче, од кој матичен сте задоволни и дали правевте дополнителни истражувања и на што внимававте во текот на бременоста? Јас дознав дека се отварам на редовен преглед и се породив предвремено најверојатно поради инфекција ме третираа со антибиотици немав никакви симптоми ми кажаа дека морало заради безбедност да ме породат со царски и дека не може да се знае точна причина за ова иако матичната има голема улога и затоа и морам да ја сменам па ако имате некое искуство ако може да споделите
Втората бременост ми беше мн порано од очекуваното. Дали 4 месеци ми имаше поголемото кога останав трудна со другото. Не правев некои плус прегледи. Си останав кај истата матична др. Јасмина. Само внимавав на притисокот, по што во првата бременост ми се појави во 35та недела и итен царски. Ама се си беше океј со втората бременост. Ме породија баш 40та недела и тоа со 2 прста отворена, дури почна и водењакот да ми протекува кога ми правеа прием дента
Девојки здраво, Не знам дали сум на право место во темава, ама сакав да си споделам, па можеби ќе налетам на некоја утеха. 33+6 сум, од утре здравје почнувам 34 недела. Вчера бев на преглед, и докторот ми вика бебето е на долна граница, не напредува, и да одам утре сабајле на преглед, да видиме како ќе биде. Ако не напредува, да ме пораѓа предвреме. Да напоменам, идам кај Дракулевски во Систина, докторот ме знае веќе со години, цела историја и маки он ми ги решаваше, и безрезервно му верувам. Некаде докај 28ма недела, бебе го мереа и понапредно, дури бутната коска бајаги поголема (и јас и мм сме високи), ама генерално си беше понапредно. Некаде 31-32 недела беше во опсег на нормала, како што треба да биде, со тоа што мешето беше поназад, а бутната коска вадеше просек. Е сега, веќе од 32 недела, почнува да касни, и сите параметри покажуваат дека е помало. Протоци последно мерев 32 недела, и се си беше како што треба да биде. Во прилог ставам и сликички од последните мерења во последните 3 недели. Има ли простор да паничам, и може ли некој да сподели позитивно искуство? Од друга страна, си викам ваљда и не измерил како што треба - беше додуша набрзинка малку, дека беше крај на работно време, и после тоа, ама ми нема некако смисла FL да била подолга минатата недела, а сега да е пократка - па не е сало, коска е, може да стагнира, ама не може да се скрати валјда. Да напоменам и дека јас не само што немам накачено килажа, туку и сум ослабена 4-5кг од почеток на бременост. Со серклаж сум на лежење од 23 недела, така што и сите мускули ми се ослабени, а и мака мачам со повраќање, што не можам да сварам и задржам никаква храна. Веќе примив две дози зреење, 29 и 31 недела, ама се надевам барем 36 недела да стигнам, да не мора бебче во инкубатор да лежи. Може ли некој да сподели искуство, од што зависи дали бебето ќе биде во инкубатор, кислородна поддршка, и колку време? Се надевам дека некој може да ми даде мала утеха, и се надевам дека утре на преглед ќе биде друг муабет дека се е ок, и тераме напред.
Простор за паника никако нема. Што и да биде прифати си смирено, полесно ќе биде и за тебе и за бебето. По мерењава шо ги посочи не сум стручно лице да ти помогнам, можам да ти дадам емиционална поддршка. Во инкубатор зависи дали ќе биде од многу фактор, дали дише самостојно, инфекции и не дај боже посериозни проблеми. Обично первентивно под шаторче ги ставаат обавезно ако не е инкубатор. Пред се смири се и се ќе биде добро. Во добри раце си како што го прочитав докторот. 47 дена помина мојата мома во ункубатор, од 900гр. бебе сега е прваче. Така да биди смирена бидејќи мене немаше кој да ми посочи дека последно нешто е паника. ИЗгубив млеко, нерви и триста болести си донесов со паника. Можеш во секој момент да побараш второ мислење за мерењата и напредокот на бебето. Реално и 34-35 недела и не е толку лошо за предвремено родено бебе.Плус имаш примено зреење. Јас примив само едно зреење па фала богу не беше на машина.
Бев сабајлево на преглед кај Дракулевски, не го мереше, ми вика пред 2 дена меревме, не очекува големи промени. Провери проток на кислород во мозоче, тоа се си е ок, како што треба да биде, плодова вода рече дека има и повеќе од доволно. Ми рече ќе биде порано, само ќе следиме кога, грамажа не ме интересира, битно да се протоци добри и цтг како што треба. Ми вика 34 чим почнуваш, не се секирај, се е како што треба. Од сега сум секој ден на цтг, па ќе видиме. Јас упорна, сега следен milestone да фатам 36, па да се молам и за 38. Ден по ден само
И да ти речам смирено,знам дека не е така.Кај мене беше од нигде никаде 33 недела.Имав двапати примено зреење и сепак беше на кислород 10 дена-секој ден накреваше и на крај самостојна.други компликации фала богу немаше и нема никакви последици.34 недела е одлично и ќе биди одлично во одлични раце си.пуштам поддршка не си сама
Девојки, имам неколку прашања, па се надевам дека некоја ќе може да ми даде колку-толку поедноставен одговор. Вчера кога бев кај Котларова (34+0), го измери бебче, одговара за 33+2, значи не е дека целосно стагнира, си има напредок. Вели нема да биде големо бебе, ама добра си е, и протоците се добри. Плодова вода си има доволно, како што треба. Е сега, ми рече и постелката си е добра, ама еве, зрела, 3 степен веќе. Измери и 3-4 џебови, големина од 2цм до 4.30цм. Е сега, читав наназад на темава во однос на зрелост на постелка, гледам спомнувате наназад и вие, налетав на термини како лагуни, калцификати, итн итн. Барав и онлајн, ама не успеав да најдам и да сфатам што се тие, дали некој може да ми каже? Што значи зрела постелка 3 степен од 34 недела? Дали тоа значи дека веќе постелката ја губи функцијата, и се потешко му овозможува нутриенти и кислород на бебето, па поради тоа напредува поспоро? Дали тоа значи дека индуциран пораѓај се наближува порано? Ви благодарам однапред за секоја споделена информација.
Не успеав да ја прочитам твојата приказна наназад, само ќе ти пишам дека моите близнаци се родени 32 недела без никави инекции за зреење , поминавме со 14 и 17 дена во болница. Ќе биде се во ред, многу е битна килажата на бебето, а на твоето сигурно е поголема од на моите. Пиши и приватна порака ако сакаш.
И мене ми кажуваа за тие калцификати дека постоеле кај мрнр уште од вториот скрининг. Бебето напредувало ама многу малку. Различни доктори различни мерења ми беа. Го родив 31+5 ( 2 зрерња) беше 1 месец во инкубатор заради тежината 1.310 навистина мало за скоро 32 недела. Сега фала му на Господ се е во ред. Така да мое мислење според досегашно знаење е дека кога се појавуваат калцификати на постелка нутритивна способност на истата се намалува, многу веројатно дека кај мене заради тоа имаше мала килажа. Инаку мерењата варираат ама оквирно тоа е тоа што би ти кажале. Инкубатор дали ќе биде или не зависи од подоста фактори како: -килажа -инфекција -дишење -други (не дај Боже )болести -жолтица(но во тој случај ако нема ништо од горе наведено) обично останува во болница но не конкрегно во инкубатор туку во отворено креветче но како и да е нема одма да излезе ако има некои од горе наведени работи. Со лесно и да не му се сикираш на детето му требаш здрава, јака и храбра. Поздрав
фала ти мајка на споделеното искуство. Јас сум веќе 36+2, мало меше, ама и дите мерки ме збунуваат. Пример, во саботата бебче мереше околу 2600, понеделникот 2500, а вчера околу 2100. Знам дека е помалечка, ама некако огромна разлика, си викам ваљда е до позиција како се наместило бебе, и лакако фатил докторот. Како и да е, од понеделник планира докторот да ми го извади серклажот, па ако не добијам болки, веројатно ќе биде индуцирано. Се надевам дека се ќе биде во ред.
Искуства некој да сподели за предвремено родени бебиња на Гак.Да сподели искуство со нега и гриза дали на Оинт или на кислородна подршка што се.
Јас сум презадоволна од грижата кон моето бебе. Се роди во 27ма недела и 63 лежеше таму. Презадоволна. Ако не беа тие немаше да е сега све супер