Кога беше тоа и кој доктор го водеше.Сеа ми кажаа дека им се сменети одговорните доктори и дека им се распаѓа оделението,дека било хаотично.И искрено многу страв ме фсти сега многу,ова е одкако дошла нова директорка и назначени се други две докторки за одговорни некока си Бети и другата незнам како мика кажаа.И дека полека полека смртноста на предвремено родени кесе зголемува пак
И јас знам за порано како беше,и началник им беше Рената и супер беше.Ама ова е сега одкако дојде нова директорка,ова е нешто најново и скоро сега.
Душо, те молам немој вака да размислуваш. Еве пред неколку месеци се породи членка во 31ва, на гак. Не слушај такви работи. Сега пред крај така немој да си правиш стресови. Со близнаци е пречеста појава да се родат пред време, ти веќе 35ра ја полниш, што е одлично. Те молам немој вака да размислуваш. Од државните болници само гак има неонтолошки центар, се ќе биде во ред. Си имаш своја докторка што те води и ти ја знае историјата. 2кг од бебе па тоа и не е малку за близнаци, значи сега деновиве ќе качат уште, може и не ги мерат точно, може повеќе имаат. Ајде само смирено и позитивно. Ќе видиш дека се ќе биде добро. За брзо ќе се гушкате со лепотаните. Може ќе се погодиме заедно, и јас сум во понеделник на преглед.
Значи грешно ви кажале. Не е точно, баш сега прашав една мајка што е породена пред 2 месеци таму. Супер се сите и бебето
И јас се испаничив и ме фати страв,и затоа и пишав да прашам сега одкако има нова директорка и одкако се сменети работите
Дали прими инекции се зреење? Ќерка е 35та недела родена и некој ден, ни во инкубатор беше, ни пак имаше некаков проблем. Во помал град сме ние, ако нешто менува.
Примив 2×2 инекции за зреење во 33+4 и 33+5 недела.Да се надевам дека и моиве ќе истераме дај боже 35+
Значи нема потреба за паника 35та недела е баш супер. Јас се породив во 27ма и пак све е во ред. Не се плаши нема да имате потреба и од инкубатор. Уживај, спијат, после нема да спијаш
Абе какво паничење, бебињата ти се големи и зрели веќе, се ќе биде во ред. Јас кога влегов во 34та после 3 месеци строго лежење,скратен цервикс, голема инфекција докторката ми даде дозвола да одам на шопинг и да се движам. На првото цтг 34та недела покажа контракции и ми најавија дека може да ми прават царски во секој момент. Издржав до 36+0 и ме породија само зашто фатив ковид и со пневмонија и димери скоро 10 000 не сакаа да ризикуваат да ме чекаат. Се породив на гак, бебињата не ги видов 8 дена зашто нели позитивна, апгар имаа 8/9 едното беше во инкубатор 3 дена ради ниска гликемија не беа ни на кислород ни ништо. Немав ни зреење примено. Ајде стисни заби, ќе издржиш и све ќе биде супер. За килажа ич да не се секираш, едниот се роди 2100, другиот 2700. Сега се скоро 2 и пол години, личат дека се 4, големи снажни и одлично се развиваат.
Нека ти се живи и здрави Денес бев на цтг мирно беше,четврток сум пак и мирувам ми кажаа пратење на движења на бебињата и ќе издржиме.Јас на инсулин сум добар мие шеќерот со терапија
Јас се породив во октомври, тогаш др.рената замина на одмор и се очекуваше да дојде новата раководителка, додека беше др.рената даваа да ги кенгурираме бебињата но одкога дојде др.елизабета сестрите почна да кажуват да не с екенгурираат бебињата да не ги измрзнеме, Се осекаше некоја нетрпеливост во воздихот Кога и да беше др.Елизабета на смена беше многи груба со родители барем кога бевме ние присутни За сестрите на пост интензивна и некои на интензивна беа толку фини се објаснуваа,што и да прашаш
Sega ovoj oktomvri se porodi?Zosto nese pozalivte kaj Direktorkata.Mene mi kazaa deka nekoja Beti i uste edna doktorka gi vratile i neznam sea koja od niv e glavna.Porano koga bile oni na toa odelenie smrtnosta bila na visoko nivo.Za Renata imam slusano pofalni zborovi i istorii za bebinja.Koja nedela se porodi i dali imase primeno inekcii za zreenje
Се породив 33 недеела и 5 дена.да примив претходно 2 дози за здреење и детето немаше потреба од кислородна подршка. После 5 ден му излегоа на кожата некои црвенила ја ставија на антибиотик се исчисти за 1 ден но примаше антибиотик уште неколки дена. Ја извадија од инкубатор за многу кратко време си лежеше во топло креветче имапе пуштено греење од згора и одздола за да ја топли и беше облечена во облека. Постепено почнаа да ја учат да се храни преку шише, и наоравија таму преглед на очи за видот, за слух и ехо на мозоче.нас не водеше др.Бадева